Источнофризиски Острови

Координати: 53°44′N 7°25′E / 53.733° СГШ; 7.417° ИГД / 53.733; 7.417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Источнофризиски Острови
Ostfriesische Inseln / Eastfryske eilannen
Географија
МестоВаденско Море
Вкупно острови12
Поголеми островиБоркум, Нордернај
Управување
Германија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкрузиЛер
Аурих
Витмунд
Фризија
Демографија
Етнички групиГерманци, Фризи


Источнофризиски Острови (германски: Ostfriesische Inseln; фризиски: Eastfryske eilannen) — островска верига во Северното Море, недалеку од брегот на Источна Фризија во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Веригата се протега во должина од 90 км од запад кон исток, помеѓу устијата на реките Емс и Јаде / Везер, а на оддалеченост од 3,5 до 10 км од брегот. Подрачјата помеѓу копното и островите се прекриени со пространи плитаци (приливни блата), месно наречени „вати“ (Watten), кои се дел од водната површина наречена Ваденско Море. Пред островите се простираат територијалните води на Германија, кои опфаќаат многу поголема површина од самите острови. Самите острови, околните наносни плитаци и територијалните води (кои се природен резерват) се во потесен еколошки заедем однос. Островската група зафаќа околу 5 % од Националниот парк Долносаксонско Ваденско Море на Саксонија.

Најголем остров во групата е Боркум, сместен на западниот крај на веригата. Истата има уште шест населени острови, од запад кон исток: Јист, Нордернај (со најголемото населено место во групата), Балтрум, Лангеог, Шпикерог и Вангероге. Има уште четири помали ненаселение острови: Литје Херн источно од Боркум, Мемерт и Кахелотплате (југозападно од Јист), Минзенер Ог (прокопан остров југоисточно од Вангероге) и Мелум на источниот крај на веригата, кој според Сојузната служба за заштита на природата денес е вон групата, и му припаѓа на приливното блато наречено Триаголник Елба-Везер (Watten im Elbe-Weser-Dreieck).

Острови и плитаци[уреди | уреди извор]

Низ на Источнофризиските Острови близу брегот на Долна Саксонија

Ова е табела на островите и плитаците (Sandplaten) во состав на Источнофризиските Острови со основни информации за секој од нив. Ненаселените и управно неопфатените (вонопштински) плитаци се истакнати со жолто.

Грб Остров Општина Округ Површина
км2 (2004/05)[1][2]
Оддалеченост
од копното (км)[1]
Население
(2008)
Густина
(на км2)
Грб на Боркум Боркум гратчето Боркум Лер 30,74[2] 10,5 5.186 169
Кахелотплате вонопштински
нема податоци
ненаселен
Литје Херн островот Литје Херн¹ Лер 0,1[1] 12,5 ненаселен
Мемерт островот Мемерт¹ Аурих 4,3[1] 13 ненаселен
Грб на Јист Јист Јист Аурих 16,43[2] 8 1.696 103
Грб на Нордернај Нордернај гратчето Нордернај Аурих 26,29[2] 3 5.810 221
Балтрум Балтрум Балтрум Аурих 6,5[2] 4,5 488 75
Грб на Лангеог Лангеог Лангеог Витмунд 19,67[2] 5 1.953 99
Грб на Шпикерог Шпикерог Шпикерог Витмунд 18,25[2] 6,5 781 43
Грб на Вангероге Вангероге Вангероге Фризија 7,94[2] 6,5 923 116
Минзенер Ог
вештачки прокопан
Бутјадинген² Везермарш 2,2[1] 3,5 ненаселен
Мелум³ Бутјадинген² Везермарш 4,9[1] 6 ненаселен
134,35[2] 16.837 129
¹ вонопштински
² поранешната општина Лангварден, која во 1974 г. влегла во соста на Бутјадинген (денес катастарското подрачје Лангварден)
³ источно од надворешна Јаде со измената на границите од Сојузната служба за заштита на природата, повеќе не се смета за дел од Источнофризиските Острови, туку во состав на плитарите на Триаголникот Елба-Везер.[3]

Нордернај е преостанатиот дел од некогашниот остров Бујзе, кој речиси целосно исчезнал под морето во XVII век. Литје Херн источно од Боркум е во постојана опасност од одмивање. Во 2003 г. Крајбрежната одбрана на Германија издала соопштение дека Кахелотплате може повторно да се смета за остров бидејќи повеќе не е изложен на редовно поплавување од плиматата. Сепак, островот зафаќа површина не поголема од 2 км2 и останува ненаселен. Кахелотплате се наоѓа северно од устието на реката Емс.

Моторниот сообраќај е забранет на највеќето острови. Исклучок од ова се Боркум и Нордернај, кои се најнаселените. Ниеден остров од групата нема мост до копното, туку само со траект.

Островите и околните морски површини се дел од Националниот парк Долносаксонско Ваденско Море.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Rolf Niedringhaus; Volker Haeseler; Peter Janiesch (2008), Die Flora und Fauna der East Frisian Islands – Einführung in das Projekt „Biodiversität im Nationalpark Niedersächsisches Wattenmeer“, 11, Schriftenreihe Nationalpark Niedersächsisches Wattenmeer 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 „NLS-Online Tabelle Z0010001 Bodenfläche nach Art der geplanten Nutzung. Landesbetrieb für Statistik und Kommunikationstechnologie Niedersachsen (LSKN). 2005-01-01. Посетено на 2009-04-23.
  3. „Watten im Elbe-Weser-Dreieck, Jadebusen“. Bundesamt für Naturschutz. Посетено на 2009-12-02.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

53°44′N 7°25′E / 53.733° СГШ; 7.417° ИГД / 53.733; 7.417