Историја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Историја
од Николаос Гизис (1892)

Историја — поим што означува сознанија за минатото. Кога се користи како име за поле на студии, „историја“ се однесува на изучување и објаснување на минатото на човечките општества. Поимот „историја“ потекнува од грчкиот збор "ιστορία" или historia, што значи расказ, иследување, испитување односно познавање на она што е испитано и ја дели истата етимологија со англискиот збор story (приказна). Во поширока смисла на зборот, историја е се што се случило, како во човечкиот живот, така и во природниот свет.

Историски извори[уреди | уреди извор]

Историчарите добиваат податоци за минатото од различни извори, како што се пишаните или печатените, монети и други артефакти, градби и споменици, како и преданија. Се што се случило пред забележаната историја се означува како праисторија.

Како историски извори може да послужат визуелните извори (извори кои можат да бидат во облик на илустрации, цртежи, слики, мапи, постери, фотографии, археолошки ископини и др.), писмените извори (кои се во облик на написи, тестаменти, книги, пописни материјали, дневници, мемоари и др.), усната историја (во вид на раскажување или сеќавања на постари лива), и аудиовизуелните извори. Предметите и пишаните сведоштва за животот и дејноста на луѓето во минатото се викаат историски извори.Изворите се делат на материјални и пишани.Исто така се користат и усните кажувања за минатото.Материјалните извори се разновидни.Во нив спаѓаат стари орудија, садови, облека, накит,уметнички дела и други. Материјалните остатоци се многу драгоцени.Затоа се чуваат во музеите,а некои,како остатоци од градбите,се наоѓаат на местото каде што се откриени.

Во пишаните историски извори спаѓаат извештаи,патописи,писма,записи,весници,книги...Тие се чуваат на разни места:во библиотеки,музеи,архиви и на други места.Пишаните извори се многу сигурни и даваат значајни податоци за минатото.

Во усните кажувања спаѓаат разни кажувања за историски настани кои се пренесуваат усно од генерација на генерација.На пример,тука спаѓаат легендите,митовите и песните.Во нив има доста неточности,измислени настани и личности,па историчарите ги користат многу внимателно.

Поделба по периоди[уреди | уреди извор]

Праисторија[уреди | уреди извор]

Историја (од појава на писмото)[уреди | уреди извор]

Средниот век се дели на:

Средниот век може да се подели и според уметничките правци; во општествените односи преовладува феудализмот

На полето на уметноста Новиот век се дели на:

Посебни истории[уреди | уреди извор]

Историја на области или народи[уреди | уреди извор]

Историја се може да се проучува според областити или народи:

Историја на Европа[уреди | уреди извор]

Историја на Северна и Јужна Америка[уреди | уреди извор]

Историја на Азија[уреди | уреди извор]

Историја на Африка[уреди | уреди извор]

Историја на Австралија[уреди | уреди извор]

Историјата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Никола Ј. Вапцаров, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 126-128.
  2. Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 138-139.
  3. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 26.
  4. Minutemen – The Punch Line (пристапено на 9.4.2023)
  5. Discogs, Minutemen ‎– Double Nickels On The Dime (пристапено на 22.1.2021)