Илм (округ)

Координати: 50°45′N 11°00′E / 50.75° СГШ; 11.0° ИГД / 50.75; 11.0
Од Википедија — слободната енциклопедија
Илм
Ilm-Kreis

округ
Грб на Илм Ilm-Kreis
Земја Германија
ПокраинаТирингија
СедиштеАрнштат
Површина
 • Вкупна805,11 км2 (31,085 ми2)
Население (31 декември 2020)[1]
 • Вкупно105.606
 • Густина1,3/км2 (3,4/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.IK, ARN, IL
Мреж. местоilm-kreis.de

Илм (германски: Ilm-Kreis) — округ во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се граничи со (од север надесно) покраинскиот главен град Ерфурт, окрузите Вајмар, Залфелд-Рудолштат и Хилдбургхаузен, слободниот град Зул и окрузите Шмалкалден-Мајнинген и Гота. Бил именуван по реката Илм, која тече низ округот.

Историја[уреди | уреди извор]

Во средновековни времиња, територијата била владеена од грофовите од Хенеберг и принцовите на Шварцбург, локални династии. Додека Илменау бил владеен од Хенеберг, Арнштат припаѓал на Шварцбург. Кога семејството Хенеберг исчезнало во 1583 година, Илменау било припоено кон Саксонија. Во меѓувреме, кнежевството Шварцбург се распаднало и се поделило на неколку мали држави. Една од овие држави (Шварцбург-Арнштат) имала резиденција во Арнштат; била основана во 1574 година и се распаднала до 1716 година, кога се припоила кон Шварцбург-Зондерсхаузен. Оваа мала држава постоела до 1920 година, кога државата Тирингија била основана.

Округот бил основан во 1920 година (под името Арнштат); бил поделен во 1952 година на окрузите Арнштат и Илменау, но се споиле во 1994 година.

Географија[уреди | уреди извор]

Во нејзините јужни делови, округот вклучува делови на Тириншката Шума, меѓу нив и највисоките точки на планинскиот масив, вклучувајќи го Гросер Берберг (982 м). На север, пределот се израмнува и станува низина, главно земјоделски површини.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Грбот прикажува:
  • хералдички лав од кнежевството Шварцбург
  • кокошката од грофовијата Хенеберг
  • орелот од градскиот грб на Арнштат

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градовите и општините во округот Илм
Слободни градови Слободни општини
  1. Арнштат
  2. Гросбрајтенбах
  3. Илменау
  4. Штатилм
  1. Амт Ваксенбург
  2. Гератал
Општински заедници

1. Гератал/Плауе
[седиште: Гератал (место Гераберг)]

  1. Елгерсбург
  2. Мартинрода
  3. Плауе1

2. Рихајмер Берг
[седиште: Амт Ваксенбург (место Кирххајм)]

  1. Алкерслебен
  2. Беслебен-Вилерслебен
  3. Дорнхајм
  4. Елебен
  5. Елкслебен
  6. Остхаузен-Вилферсхаузен
  7. Вицлебен
1град

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

50°45′N 11°00′E / 50.75° СГШ; 11.0° ИГД / 50.75; 11.0