Икарија

Координати: 37°35′N 26°10′E / 37.583° СГШ; 26.167° ИГД / 37.583; 26.167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Икарија
Ικαρία
Поглед кон Агиос Кирикос
Поглед кон Агиос Кирикос
Икарија is located in Грција
Икарија
Икарија
Местоположба во областа
2011 Dimos Ikarias.png
Координати: 37°35′N 26°10′E / 37.583° СГШ; 26.167° ИГД / 37.583; 26.167
ЗемјаГрција
ОбластСеверен Егеј
ОкругИкарија
Површина
 • Општина255,3 км2 (986 ми2)
Најг. вис.&100000000000010370000001.037 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2011)[1]
 • Општ.8.423
 • Општ. густина3,3/км2 (8,5/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.833 xx
Повик. бр.22750
Рег. таб.MO
Средишна Икарија - Манастир „сраснал“ со природата

Икарија (грчки: Ικαρία) — грчки остров кој се наоѓа во Егејското Море, на 10 морски милји (19 км) југозападно од Самос. Според традицијата, островот своето име го добил од Икар, син на Дедал во старогрчката митологија, за кој се верува дека паднал во морето во близина на островот.

Административно, Икарија формира посебна општина во рамките на регионалната единица Икарија, која е дел од Северен Егеј. Главен град на островот и седиште на општината е Агиос Кирикос[2]. Историските престолнини на островот ги вклучуваат градовите Инои и Евдилос.

Географија[уреди | уреди извор]

Островот е еден од средните острови во северниот дел на Егејското Море, со 255.303 квадратни километри[3] во областа со 164 километри крајбрежје и население од 8.312 жители. Топографијата е контраст помеѓу зелените падини и неплодните стрмни карпи. Островот е главно планински. Највисок врв е 1.037 метри. Повеќето од неговите села се сместени во рамнините во близина на брегот, а некои во планините.

Икарија има традиција за производство на црвено вино. Многу делови од островот, особено на клисурите, се покриени со грмушка, со што пејзажот е бурен со зелена боја. Освен домашните видови, како што се кози, постојат голем број мали диви животни, како што се европските видри, пајаци и жаби. Икарија има типична средоземна клима.

Историја[уреди | уреди извор]

Евдилос.
Фурнои.

Икарија била населена уште од 7000 п.н.е., кога била населена од Пелазгите. Околу 750 п.н.е., Грците од Милет ја колонизирале Икарија, воспоставувајќи населба во областа во денешен Кампос, кој подоцна станал древен главен град Инои.

Икарија, во текот на 6 век п.н.е., станала дел од морското царство на Поликрат, а во 5 век п.н.е. била член на делијанската лига. Во текот на 2 век, островот бил колонизиран од жители на Самос[4] Во тоа време, Таурополион' [5], храмот на Артемида, бил изграден во Инои. Монетите на градот ги претставувале Артемида и бик[6].

Витезите на Свети Јован, кои ја имале својата база на Родос, имале контрола над Икарија до 1521 година, кога Османлиите ја освоиле Икарија. Жителите го обесиле првиот турски собирач на данок, но успеале да избегнат казна, бидејќи никој не го идентификувал виновникот, а Турците реално утврдиле дека нема да имаат ниту профит ниту чест доколку го казнат целото население[7].

Отоманците наметнале многу лабава администрација, и не испраќале службеници во Икарија неколку века, иако во подоцнежните години назначиле групи месни жители во секое село на островот да дејствуваат како коџабашија за да соберат даноци за империјата. Најдобрите податоци за време на првите години од османлиското владеење се од архиепископот Ј. Георгинес, кој во 1677 го опишал островот со речиси 1.000 жители, кои биле најсиромашните луѓе во Егејското Море[8].

Без пристаниште, месното население многу одамна ги уништило пристаништата на островот за да се заштитат од пиратски напади, поради кое Икарија зависела од надворешниот свет. Населението се занимавало со изградба на чамци, кои биле продавани на Хиос во замена на жито.

Козите и овците се движеле кон карпестиот предел. Сирењето било правено за потрошувачка во секое домаќинство. Икарија во 17 век произведувала вино за извоз. Освен три мали градови, од кои ниту еден од нив не надминувал 100 куќи[9], и бројни селски населби, секоја куќа имала ограда и градинарски дел. За разлика од тесно изградените градови на Самос, жилите овде живееле одвоено во утврдените ненаместени куќи.

Во 1827 година, за време на Грчката војна за независност, Икарија се отцепила од Отоманското Царство, но не била вклучена во првобитната независна Грција и била принудена повторно да го прифати османлиското владеење неколку години подоцна[10].

Слободна Држава Икарија
Ελευθέρα Πολιτεία Ικαρίας

1912


Знаме

Химна
Химна[11] (Konstantinos Psachos/Fragiskos Carrer)
Главен град Icaria
Јазици грчки
Вероисповед Greek Orthodox
Уредување Република
претседател Јоанис Малахијас
Историја
 -  Основана 18 јули 1912
 -  Замрела ноември 1912

Икарија останала дел од Отоманското Царство до 17 јули 1912 година, кога жителите го протерале турскиот гарнизон и со тоа постигнале независност[10]. По независноста и избувнувањето на Првата балканска војна, единствениот воен брод на Икарија, Клеопатра, бил искористен за снабдување на храна и резерви на островите Самос и Хиос, кои биле заробени од грчката морнарица за време на војната. Јоргос Н. Спанос (1872-1912), убиен во турска заседа на 17 јули 1912 година, е почестен како херој на Икариската револуција.

На 18 јули 1912 година била прогласена Слободна Држава Икарија. Соседните острови Фурни Корсеон исто така биле ослободени и станале дел од слободната држава. Јоанис Малахијас бил првиот и единствен претседател на Слободната Држава Икарија[10]. Државата постоела пет месеци со сопствена влада, вооружени сили, национално знаме, грб, поштенски марки и државна химна. Овие пет месеци биле тешки за економијата на островот. Имало недостиг на храна и островот бил изложем изложени на ризик да стане дел од Италија. Во ноември 1912 година, по одложувањето поради Балканските војни, Икарија официјално станала дел од Кралство Грција.

Островот претрпел големи загуби за време на Втората светска војна како резултат на италијанската, а потоа и германската окупација. Нема точни бројки за тоа колку луѓе гладувале, но само во селото Каравостамо над 100 луѓе умреле од глад. По крајот на војната, националистите и комунистите се бореле во Грчката граѓанска војна (1946-49), а грчката влада го искористила островот за прогонство на околу 13.000 комунисти. До овој датум, голем број месни жители останале сочувствителни кон левичарските партии и комунизмот, и поради оваа причина Икарија се нарекува „црвена карпа“.

Квалитетот на животот се подобрил во голема мера по 1960 година, кога грчката влада започнала да инвестира во инфраструктурата на островот за да помогне во промовирањето на туризмот. Денес, Икарија се смета за една од петте „сини зони“ во светот - места каде што населението редовно живее во поодминати години (еден од тројца жители имаат по 90 години)[12]. Ова се должи на здравите диети и начинот на живот[13].

Население[уреди | уреди извор]

Жителите на островот се познати како Икаријанци. Икаријанската дијаспора се наоѓа низ цела Грција, посебно на Тимена и Фурни Корсеон , како и во Атина. Жителите се тесно поврзани со други Грци на Егејскиот остров, како што се Грците од Самос, Хиос, Патмос итн.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Kallikratis law Архивирано на 27 април 2017 г.link= Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-21.
  4. Graham Shipley, A History of Samos, c 800–188 B.C. (Oxford) 1987:205.
  5. Strabo (xiv.1.19) gives the temple name Tauropolion
  6. Barclay V. Head, Historia numorum: a manual of Greek numismatics vol. 2, no. 602, with legend ΟΙ or ΟΙΝΑΙ[ΩΝ], noted by Croon 1961:note 4.
  7. Georgirenes 1677:
  8. Joseph Georgirenes, A Description of the Present State of Samos, Nikaria, Patmos, and Mount Athos (London 1677) pp 54–70; Georgirenes is the source for the summary of traditional culture that follows.
  9. Georgirenes' Cachoria, Steli, famous for its nut trees, and Musara, with its church containing relics of Saint Theoctistes of Lesbos; the Byzantine ruins remained of a larger town than any existing village (Georgirnes 1677:58).
  10. 10,0 10,1 10,2 Anthony J. Papalas (2004). Rebels and Radicals Icaria 1600–2000.
  11. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-12-30. Посетено на 2018-12-24.
  12. Weekend Edition Saturday. „The Island Where People Live Longer“. NPR. Посетено на 2013-03-26.
  13. Dina Spector (2012-07-13). „Ikaria Greece Longevity Secrets“. Business Insider. Посетено на 2013-03-26.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]