Ивица Дачиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ивица Дачиќ
Премиер на Србија
На должноста
31 мај 2017 – 29 јуни 2017
Претседател Александар Вучиќ
Претходник Александар Вучиќ
Наследник Ана Брнабиќ
На должноста
27 јули 2012 – 27 април 2014
Претседател Томислав Николиќ
Претходник Мирко Цветковиќ
Наследник Александар Вучиќ
Министер за надворешни работи
На должноста
Стапил
27 април 2014
Премиер Александар Вучиќ
Претходник Иван Мркиќ
Министер за внатрешни работи
На должноста
7 јули 2008 – 27 април 2014
Премиер Мирко Цветковиќ
Претходник Мирјана Орашанин
Наследник Небојша Стефановиќ
Лични податоци
Роден(а) 1 јануари 1966(1966-01-01)(58 г.)
Призрен, СФР Југославија
Партија Социјалистичка партија
Сопружник Сања Дачиќ
Деца 2
Установа универзитет во Белград
Потпис

Ивица Дачиќ (1 јануари 1966 во Призрен) — српски политичар и претседател на Социјалистичката партија на Србија, кој извршувал повеќе високи функции во српската влада. Дачиќ бил министер за внатрешни работи во периодот 2008–2012, а потоа истовремено ги извршувал функциите премиер и министер за полиција до 2014. Во периодот 2014–2017 бил министер за надворешни работи и заменик премиер, а по започнување на претседателскиот мандат на Александар Вучиќ во 2017, Дачиќ повторно ја преземал премиерската позиција. Во периодот 1999–2000 бил претседател на КК Партизан.[1]

Дачиќ дипломирал на универзитетот во Белград во 1989 година, а во 1991 се приклучил на Социјалистичката партија. Дачиќ брзо напредувал во партиската хиерархија, па така во 1992 станал портпарол на партијата. Тој многу се угледувал на српскиот претседател и водач на социјалистите Слободан Милошевиќ, па така се здобил со прекарот „малиот Слобо“.[2] По симнувањето од власт на Милошевиќ на 5 октомври 2000, Дачиќ станал член на претседателството на партијата, а по смртта на Милошевиќ во 2006 и водач на социјалистите. Дачиќ работел на реформирање на партијата од националистичка во про-европски ориентирана. Оженет е со Сања со која има две деца. Зборува руски и англиски јазик.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Beta (28 June 2012). „Karijera i dostignuća Ivice Dačića“. 24 sata. Архивирано од изворникот на 2014-07-07. Посетено на 2017-05-23.
  2. "We've changed": New Serb PM is ex-aide to Milosevic“. Chicago Tribune. 27 July 2012.
  3. „Profile: Prime Minister Ivica Dacic of Serbia“. BBC. 27 July 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]