Иван Џепароски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван Џепароски
Роден Иван Маринов Џепароски
5 септември 1958(1958-09-05)(65 г.)
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонец
Занимање филозоф, поет, преведувач

Иван Џепароски (р. 9 мај 1958 во Скопје) — македонски поет, есеист и преведувач. Џепароски е и универзитетски професор на Филозофскиот факултет во Скопје.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Иван Џепароски е роден на 9 мај 1958 година во Скопје. Завршил основно и средно образование во родниот град. Дипломирал во 1980 година, магистрирал во 1991 година и докторирал во 1997 година на Филозофскиот факултет во Скопје, на Катедрата по филозофија.

По дипломирањето работел во Македонската радио-телевизија како соработник, а потоа и како уредник во образовната и културна програма. Во 1985 година бил избран за уредник на Редакцијата за култура на Македонската телевизија, а на ова место останал во континуитет до 1993 година. Од 1989 година, едновремено, неколку години бил и главен уредник на Културно-уметничката програма на Македонската телевизија.

Од декември 1993 година бил избран за асистент по естетика на Катедрата по филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. Во моментов е редовен професор по предметите: Естетика, Историја на естетиката и Филозофија на културата. Бил и Раководител на Институтот по филозофија (2004-2009; 2013-денес).

Во осумдесеттите бил член во редакциите на списанието „Трета програма“ (Скопје) и „Погледи“ (Скопје), а сега е член на списанието „Философска трибина“ (Скопје).

Членство

Творештво[уреди | уреди извор]

Џепароски е автор на поголем број на предговори и поговори на значајни филозофски и книжевни дела (Платон, Фројд, Грамши, Унамуно, Бенјамин/Блејк, Џојс, Бродски), а неговиот научен опус го надминува бројот од 100 библиографски единици–текстови објавувани во земјата и странство.

Неговата поезија и некои од неговите есеи се преведени на повеќе јазици во светот, а избори од неговата поезија се објавени во одделни книги во Бугарија и Романија. Неговата книга „Македонскиот есеј“ е преведена на англиски, шпански и кинески јазик.

Се јавува и како преведувач (В.Блејк, Џ.Џојс, Ј.Бродски, Д.Хјум, Е.Берк)

Дела[уреди | уреди извор]

Филозофски дела[уреди | уреди извор]

  • Арго плови по Аксиј, Скопје: Мисла, 1984;
  • Во потрага по изгубениот тоталитет, Скопје: Култура, 1993;
  • Уметничкото дело, Скопје: Култура, 1998;
  • Отаде системот, Скопје: Култура, 2000;
  • Филозофски приказни, Скопје: Магор, 2001;
  • Младите, сакралното и уметноста (соавтор), Скопје: Темплум, 2003;
  • Естетика на играта (прир.), Скопје: Култура, 2003;
  • Убавина и уметност (прир.), Скопје: Магор, 2005;
  • Аспекти на другоста (прир.), Скопје: Менора Евро Балкан Пресс, 2007;
  • Естетика на возвишеното, Скопје: Магор, 2008;
  • Македонскиот есеј (прир.), Битола: Микена, 2008;
  • Уметничкото дело (второ издание), Скопје: Магор, 2009;
  • Став и суштина, Скопје: Дијалог, 2010;
  • Дискурси на визуелното, Скопје: Матица македонска, 2014; 
  • Култура и литература, Скопје: Магор, 2016.

Поетски дела[уреди | уреди извор]

  • Слики од изложбата, Скопје: Наша книга, 1989;
  • Еклоги, Скопје: Македонска книга, 1992;
  • Песни, Скопје: Детска радост, 1998;
  • Волја за мисла, Битола: Микена, 2008;  
  • Грабнувањето на Европа, Скопје: Дијалог, 2012;
  • Светлината на Света Гора, Скопје: Магор, 2015, пр. англиски, Струга: СВП, 2016, пр. српски, Белград: Граматик, 2018.

Преводи од англиски јазик[уреди | уреди извор]

  • Вилијам Блејк, Песни на невиноста и на искуството, Мисла, Скопје, 1988
  • Ј.Бротски, Дел од говорот, Македонска книга, Скопје, 1988
  • Јосиф Бротски, Поезија, Македонска книга – СВП, Скопје–Струга, 1991, (превод од руски и англиски јазик – заедно со Е. Клетников)
  • Џејмс Џојс, Камерна музика, Македонска книга, Скопје, 1993

Литература[уреди | уреди извор]

  • Збирка песни Слики – патувања
  • Збирка песни Еклоги

Награди[уреди | уреди извор]

  • „Млад борец” (1984) – награда за книгата Арго плови по Аксиј (за критика и есеистика)
  • „Димитар Митрев” (1993) – награда за книгата Во потрага по изгубениот тоталитет (за критика и есеистика)
  • „Григор Прличев” (1993) – награда за преводот на Џ. Џојс, Камерна музика
  • „Браќа Миладиновци[2]“ (2016) - награда за најдобра поетска книга „Светлината на Света Гора“ на македонски јазик напишана меѓу два фестивали

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џиков“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1639. Text "series " ignored (help)
  2. „Браќа Миладиновци“. Струшки вечери на поезијата. Архивирано од изворникот на 2016-09-16. Посетено на 2018-10-17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]