Зоја Карбонопсина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зоја Карбонопсина
Византиска царица
Зоја и нејзиниот син, цар Константин VII.
На престол9 јануари 906 – 11 мај 912
Починал(а)по 919
Цариград
СопружникЛав VI Мудриот
ДецаКонстантин Порфирогенит
династијаМакедонска династија

Зое Карбонопсина (грчки: Ζωή Καρβουνοψίνα) била византиска царица, четврта сопруга на царот Лав VI Мудриот. Таа му била мајка на царот Константин Порфирогенит, од чие име како регент владеела во периодот од 914 до 919 година.

Брак[уреди | уреди извор]

На 6 јануари 906 по долготрајна љубовна врска, Зое Карбонопсина се омажила за византискиот цар Лав VI[1], на кого уште во крајот на 905 година му родила син, идниот Константин Порфирогенит, кој станал соимператоор кога имал две години[2]. Лав VI, кој дотогаш немал машки наследник од претходните три брака, решил да се ожени за Зоја по раѓањето на Константин, за да обезбеди наследство на престолот по права машка линија.

Бракот меѓу Зоја и Лав VI сепак не бил признаен за легитимен од вселенскииот патријарх Никола I Цариградски[3] кој забранил им забранил да двајцата да посетуваат литургии во црквата. Неговата непопустливост на крај го чинело патријаршискиот престол и во 907 година под притисок на царот тој бил заменет од Ефтимиј I Цариградски[4].

Лав VI починал во 912 година[4] и бил наследен од неговиот брат Александар[5], кој ја имал поддршката на оној дел од луѓето во дворецот кои сметале дека малолетниот Константин нема право да го наследи престолот, бидејќи бил незаконски роден. Новиот цар ја прогонил на Зоја од палатата и на патријаршискиот престол го вратил Никола I Цариградски.

Цар Александар починал во 913 година и династичкото прашање околу идниот цар повторно застанало на дневен ред. Биле спроведени преговори меѓу сенатот[6] и патријархот Никола кои завршиле со признавањето на малолетниот Константин за легитимен василевс, од името на кого требало да управува регентски совет на чело со патријархот Никола[7]. Во истата година, војските на Симеон I пристигнале пред портите на главниот град Цариград. Барајќи поддршка, Николај дозволил на Зоја се врати во палатата, но патријархот го убедил сенатот да не ја признава за августа, туку ја признал за своја "духовна ќерка", и ја принудил да се замонаши. Но Зоја Карбонопсина успеала да го измами патријархот: пред самата церемонија на таа изела количество месо, правејќи го самиот чин неважечки. Самиот патријарх не можел да направи ништо пред свршен чин. Оставена да живее во палатата, таа започнала да прави заговори против патријархот и да бара приврзаници.

Регентство[уреди | уреди извор]

Во февруари 914 година Зое Карбонопсина застанала на чело на превратот против Николај чие регентство станало непопуларно поради барањата на Бугарите, предводени од Симеон I. Вооружениот народ го нападнало обезбедувањето на патријархот, кој искористувајќи го азиалното право се криел во црквата цели три недели пред да го признае поразот. Откако државниот удар го отстранил патријархот од управувањето, регентскиот совет на Константин VII бил предводен од самата Зоја Карбонопсина. По спогодба со Зоја, Никола ја задржал патријаршиската си митра, но бил принуден да го објави нејзиното замонашување за неважечко, како и да ја признае за августа, односно легална царица.

Во управувањето, Зоја Карбонопсина ја имала поддршката на бирократските средини и влијателниот Лав Фока, кој бил нејзин фаворит. Првиот чекор на царицата Зоја било да го отфрли постигнатиот договор меѓу Византија и бугарскиот владетел. Зоја одбила да го признае царското достоинство на Симеон I и ја поништила свршувачката меѓу неговата ќерка и Константин VII. Овие акции на царицата ја обновиле војната меѓу Византија и Бугарија, која се развила негативно за Византија која војувала против Арапите во Јужна Италија и на источните граници. Во 915 година силите на Зоја ја прекинале арапската инвазија во Ерменија, а две години подоцна помеѓу Византија и Арапите бил потпишан мировен договор, кое дополнително ги одврзало рацете на царицата Зоја за конечна пресметка со Бугарите, кои во меѓувреме успеале да навлезат длабоко во византиска Тракија и освоиле Адријанопол. Зоја започнала подготовка за грандиозна војна против Бугарите, планирајќи да ги привлече за сојузници и Печенезите кои византиската флота требало да ги пренесе во Северна Бугарија. Симеон I сепак успеал да спречи склучување на сојуз меѓу Византија и Печенезите и на 20 август 917 на византиските сили им нанел голем пораз кај реката Анхијал. Зоја се обидела да ги привлече на своја страна Србите и Унгарците, но и овој пат нејзините планови претрпеле неуспех. Охрабрени од немоќта, во кое изпаданала Византија, Арапите ги обновиле своите напади против византиските територии во Мала Азија и Сицилија. Понижувачкиот договор со Арапите, склучен во Сицилија, за да се спречи зазимањето на Јужна Италија, не придонел со ништо за зајакнување на позициите на Зоја.

Овие воени катастрофи значително ја намалила приврзаноста кон Зоја во палатата. Се појавиле гласини за членовите на Владата, како и за самата августа. Сигурно кон крајот на 918 година Лав Фока и неговиот шура Константин Пафлагон започнале со заговор како да го отстранат регентството на малолетниот легитимен цар Константин Порфирогенит, а по можност и самиот него. Под изговор за заштита на младиот цар, војските на Фока се појавиле до Хризопол, на спротивниот брег на Босфор. Можно е и самата Зоја да барала контакт со влијателниот генерал, за да ја зајакне својата позиција. Според Стивен Рансиман, постои опција Зоја Карбонопсина дури да планирала да се омажи за Лав Фока.

Роман Лакапин[уреди | уреди извор]

Гледајќи ја ситуацијата во палатата и империјата, наставникот на младиот цар, Теодор, направил сојуз со Роман Лакапин. Во почетокот на 919 година Константин решил да ја отстрани оваа потенцијална закана, притоа започнувајќи реформи во флотата, но бил уапсен по наредба на Роман Лакапин, кога последниот пристигнал во палатата за да ја надгледува исплатата на платите на екипажите. По овој удар, Зоја Карбонопсина изгубила секаква контрола над ситуацијата и била принудена да го отстапи регентски пост. Самиот наставник Теодор го убедил младиот цар да го назначи повторно за регент патријархот Никола I Цариградски. Првиот чин на Никола бил да го отпушти на Лав Фока, а на неговото место да го назначи Јован Гаридас. Лав Фока бил принуден да упати кон Роман Лакапин предлог за брак меѓу нивните роднини. Иако господар на ситуацијата во Цариград, Лакапин сепак се согласил по кое двајцата се заколниле и на Фока му било дозволено да се врати кај својата војска во Хризопол. Сигурно Фока помислувал дека Лакапин никогаш нема да успее да застане на царскиот престол, но ги потценил неговите способности.

Во мај 919 година Лакапин се прогласил за старател на младиот Константин VII[8], по кое го оженил за својата ќерка Елена, претворајќи се во вистински владетел на царство. Лишен од титулата на августа, Зоја сепак била оставена да живее во палатата како приватно лице, зашто пред Лакапин се јавила веќе друга пречка - самиот Фока, кој продолжил да има влијание над армијата.

До Лав Фока било испратено писмо потпишано од младиот цар, во кое го советувале да не реагира на овие настани. Не сакајќи да се помири со оваа ситуација, Фока се побунил, но не бил во можност да ја обезбеди лојалноста на своите војници. Причина за тоа било објавувањето на царски декрет во кој Константин VII го поздравил Лакапин како негов бранител и го осудил бунтот на Фока. Војниците по ова преминале на страната на Лакапин. Лав Фока сакал да побегне, но бил фатен и ослепен[9][10].

Замонашување[уреди | уреди извор]

Лишена од својот моќен сојузник, Зоја се обидела да го отрови Лакапин, кој наредил да биде уапсена и потстрижена како калуѓерка. Овој пат ритуалот бил почитуван, и под стража Зоја била испратена на заточение во манастир.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Norwich, pg. 115
  2. Kazhdan, pg. 502
  3. Finlay, pg. 312
  4. 4,0 4,1 Kazhdan, pg. 1211
  5. Gregory, pg. 228
  6. Runciman 1988, стр. 47–48.
  7. Runciman 1988, стр. 49ff..
  8. Runciman 1988, стр. 59–62.
  9. Guilland 1967, Tome I, p. 441.
  10. Runciman 1988, стр. 60–61; Treadgold 1997, стр. 476.

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Евдокија Бајана
Византиска царица
906–912
Наследник
Елена Лакапина