Загорка Расолкоска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Загорка Расолкоска
Родена Загорка Николовска
21 јули 1932(1932-07-21)(91 г.)
Прилеп, Кралство Југославија
Националност Македонка
Занимање историчар на уметноста

Загорка Расолкоска (р. 21 јули 1932 во Прилеп) — македонска историчарка на уметноста.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Дипломирала во 1958 година на Филозофскиот факултет во Белград на групата историја на уметноста, по што се вработила во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје. До пензионирањето во 1995 година била основач и раководител на Одделот за уметност во Музејот на Македонија.

Како истражувач на средновековната уметност, била раководител на проектот „Ктиторскиот портрети и натписи во ѕидното сликарство во Македонија во XVI век“.

Авторка е на постојани музејски поставки и на повеќе изложби во земјата и во странство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Рафинерија“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1253. Text "series " ignored (help)