Жузеп Гвардиола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жузеп Гвардиола
Гвардиола во 2010
Лични податоци
Полно име Жузеп Гвардиола Сала
Роден на 18 јануари 1971(1971-01-18)(53 г.)
Роден во Сантпедор, Шпанија
Висина &100000000000001830000001,83 м[1]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Баерн Минхен (тренер)
Младинска кариера
1983–1990 Барселона
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1990–1992 ФК Барселона Б 59 (5)
1990–2001 Барселона 263 (6)
2001–2002 Бреша 11 (2)
2002–2003 Рома 4 (0)
2003 Бреша 13 (1)
2003–2005 Ал Али 18 (2)
2005–2006 Дорадос 10 (1)
Вкупно 378 (17)
Репрезентација
1991 Шпанија до 21 година 2 (0)
1991–1992 Шпанија до 23 години 12 (2)
1992–2001 Шпанија 47 (5)
1995–2005 Каталонија 7 (0)
Тренер на екипи
2007–2008 Барселона Б
2008–2012 Барселона
2013–2016 Баерн Минхен
2016– Манчестер Сити
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Жузеп „Пеп“ Гвадиола и Сала (каталонски: Josep "Pep" Guardiola i Sala, каталонски изговор: [ʒuˈzɛb ɡwəɾðiˈɔɫə]; роден на 18 јануари 1971 во Сантпедор, Барселона, Каталонија), е сегашен шпански фудбалски тренер, и поранешен играч, моментално ја извршува функцијата менаџер на Манчестер Сити. Поголемиот дел од својата активна играчка кариера, тој ја помина играјќи за ФК Барселона, на позицијата последен играч за врска. Тој беше тренер на првиот тим на Барселона, а беше и дел од таканаречениот дрим тим на Барселона, кој ја освои првата титула во Купот на шампионите, предводен од легендарниот Јохан Кројф. Жузеп беше и капитен на клубот во последните четири години од својот престој во Барселона. Во својата кариера има играно и за Бреша, Рома, Ал-Али и Дорадос де Синалоа. Настапуваше за шпанската репрезентација, додека на неколку пријателски натпревари го носеше и дресот на Каталонија.

По завршувањето со активно играње фудбал, тој стана тренер на Б-тимот на Барселона. На 8 мај 2008 претседателот на ФК Барселона Жуан Лапорта објави дека Гвардиола ќе го наследи Франк Рајкард на тренерската позиција во првиот тим. Тој го поптпиша договорот на 5 јуни 2008.[2] Во својата прва сезона како шеф на стручниот штаб, Барселона успеа да ја освои тројната круна триумфирајќи во Ла Лига, Кралскиот куп, и Лигата на Шампионите на УЕФА, со што Гвардиола стана најмладиот тренер којшто ја освоил Лигата на Шампионите. Веќе во наредната сезона, ФК Барселона и Гвардиола успеаа да ги освојат, Супер Купот на Шпанија, УЕФА супер Купот, и Светското Клупско Првенство на ФИФА.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Барселона[уреди | уреди извор]

Гвардиола и се приклучи на Ла Масија на 13 годишна возраст, и за 6 години ги помина сите категории во младинската школа на Барселона, дебитирајќи за првиот тим во 1991 година против Кадис.

Јохан Кројф го искористи младиот играч за врска во отсуство на суспендираниот Гуљелмо Амор. Гвардиола успеа да се наметне како стандарден првотимец во сезоната 1991-92, и само 20 години беше еден од клучните играчи во тимот којшто успеа да ги освои Ла Лига и Европскиот Куп, а со шпанската олимписка репрезентација триумфираше на олимписките игри во Барселона 1992.

Дрим тимот на Кројф,[3] во наредните две сезони успеа да ја одбрани титулата во Ла Лига. Тимот засилен со Ромарио, исто така успеа да стигне до ново финале во Лигата на Шампионите, каде што претрпе тежок пораз од италијанскиот Милан предводен од Фабио Капело со убедливи 0:4.

Кројф ја напушти Барселона во 1996, откако со оваа екипа заврши како четврто пласирана во сезоната 1994-95, односно трето пласирана во сезоната 1995-96, но Гвардиола и натаму го задржа своето место на средината од теренот. Во сезоната 1996-97 тимот на ФК Барселона предводена од легендарниот Боби Робсон успеа да стигне до три трофеи во Краслкиот Куп, УЕФА Супер Купот, и Купот на Победниците на Куповите. На крајот од сезоната 1996-97 Барселона одби две понуди за трансфер на Гвардиола од Рома и Парма во износ од 300 милиони пезети. Гвардиола потпиша нов договор за каталонскиот клуиб со којшто го продолжи неговиот престој во Барселона до 2001.

Гвардиола го пропушта поголемиот дел од сезоната 1997-98 поради повреда на листот на ногата, во која што Барселона под водство на новиот менаџер Луис ван Гал ја освојува двојната круна на домашната сцена. Гвардиола се врати на терените наредната сезона, во која што Барселона успеа одново да ја освои титулата во Ла Лига, во голема мера благодарејќи на брилијантните настапи на Фиго и Ривалдо. На 8 јуни 1998 Гвардиола беше подложен на хируршки зафат поради што го пропушти светското првенство во Франција во 1998.

Тимот на Барселона не успеа да освои ниту еден трофеј во 2001, завршувајќи на четвртата поозиција во домашното првенство, со што единствено успеа да обезбеди пласман во квалификациските кола од Лигата на шампионите. На 11 април 2001 Гвардиола ја објави намерата да го напушти клубот по 17 години. Како причина ја наведе неговата перцепција дека фудбалот се движи во нова по физичка насока. На 24 јуни 2001, Гвардиола го одигра последниот натпревар за Барселона против тимот на Селтик.

Гвардиола одигра 479 натпревари за 12 сезони минати во дресот на Барселона освојувајќи 16 трофеи.

Серија А[уреди | уреди извор]

По заминувањето од Барселона во 2001, 30 годишниот Гвардиола, беше поврзуван со трансфер повеќе клубови од англиската Премиер Лига меѓу кои и Манчестер Јунајтед, Њу Касл, Вест Хем, Тотенхем и Ливерпул, како и италијанските Интер и Милан. Но Гвардиола сепак се одлучи да ги засили редовите на Бреша од која што подоцна преминува во Рома во италијанската Серија А. Времето поминато во Италија, беше несреќно за Гвардиола каде што заработи 4 годишна забрана за играње фудбал поради допинг. Сезоните минати во Серија А не беа ни одблиску успешни за него како оние минати во каталонскиот гигант Барселона. Во калчо лигата одигра вкупно 71 натпревар.

Ал-Ахли[уреди | уреди извор]

По заминувањето од екипите на Бреша и Рома и напуштањето на апенинскиот полусотров, 34 годишниот Гвардиола одбивајќу понуди од Манчестер Јунајтед, замина за Катар да настапува во тамошната Старс Лига во тимот на Ал-Ахли каде во тоа време настапуваше и славниот Габриел Батистута. Гвардиола веднаш се наметна како стартер во тимот и стана еден од најдобрите играчи во лигата. Во сезоната 2005-06 Гвардиола одби понуди за прселба во Англија, од страна на градските соперници од Манчестер Сити и Јунајтед како и од лондонскиот Челси, поради тоа што чувствуваше дека е на залезот од својата кариера.

Дорадос де Синалоа[уреди | уреди извор]

Во 2006 кога Хуан Мануел Лиљо беше назначен за нов шеф на стручниот штаб на мексиканскиот Дорадос де Синалоа, го ангажираше Гвардиола да игра за клубот. Гвардиола настапуваше шест месеци во овој клуб пред неговото конечно пензионирање.

Интернационална кариера[уреди | уреди извор]

Шпанија[уреди | уреди извор]

Гвардиола го имаше своето деби во сениорскиот тим на селекцијата на Шпанија на 14 октомври 1992 во квалификацискиот натпревар за светското првенство во САД против Северна Ирска. Истата година Гвардиола беше капитен на олимпискиот тим на Шпанија со која што го освоија златниот медал на олимписките игри во Барселона 1992. Ова беше единствениот златен медал за шпанската репрезентација сè до 2008 кога го освоија Европското Првенство. Гвардиола беше стандарден првотимец од 1992 до 2001 забележувајќи 47 настапи во националниот дрес, притоа постигнувајќи 5 гола. На светското првенство во 1994, Гвардиола ја предводеше Шпанија до ¼ финалето каде што претрпеа пораз од Италија.

Кога селекторската позиција во шпанската репрезентација дојде Хавиер Клементе, се појавија недоразбирања помеѓу Гвардиола и репрезентативниот селектор. Сето тоа резултираше со негово изоставување од составот за светското првенство во 1998 во Франција. Сепак недоразбирањата беа надминати и Гвардиола беше дел од тимот на европското првенство во 2000 година што се одржа во Белгија и Холандија, предводејќи го тимот до ново ¼ финале каде што беа сопрени од Франција губејќи со 2:1. Својот последен натпревар за најдобрата репрезентација на Шпанија Гвардиола го имаше на 14 ноември 2001 против Мексико. Својот последен репрезентативен гол го постигна против Шведска на својот 45 настап.[4][5]

Каталонија[уреди | уреди извор]

Гвардиола е голем поборник за независноста на Каталонија, одигрувајќи седум пријатлески натпревари за неофицијалната репрезентација на Каталонија.[6]

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

ФК Барселона Б[уреди | уреди извор]

Гвардиола беше назначен за тренер на Б-тимот на Барсеолна на 21 јуни 2007. Под негово водство тимот ја освои третата дивизија на Шпанија, квалификувајќи се во плеј-офот за влез во втората дивизија на Шпанија.[7] На крајот на сезоната 2007-08 претседателот на Барселона Жуан Лапорта го назначи Жузеп Гвардиола за Наследник нас Франк Рајкард.[8]

ФК Барселона[уреди | уреди извор]

Гвардиола,2009

Непосредно по своето назначување како трнер на првиот тим на Барселона, Гвардиола објави дека Роналдињо, Деко и Самуел Ето не се дел од неговите планови за наредната сезона. Гвардиола во текот на подготовките за претстојната сезона сепак го промени своето мислење за Самуел Ето одлучувајќи се да го задржи тимот и во наредната година. Под водството нас Гвардиола Барселона направи неколку трансфери доведувајќи ги Дани Алвес, и Сеиду Кеита од тимот на Севиља, Жерар Пике од редовите на Манчестер Јунајтед, и Александар Хлеб од лондонски Арсенал.

Првиот натпревар на гвардиола како предводник од тренерската фотеља на Барселона, беше во третото квалификациско коло од Лигата на Шампионите, победувајќи ја Висла од Краков со 4:0. Во текот на сезоната во Ла Лига, Барселона беше на првото место и ја освои титулата за првпат по две годишна пауза. Најважниот натпревар во сезоната беше на 2 мај на стадионот Сантјаго Бернабеу против лутиот соперник Реал Мадрид, на којшто Барселона успеа да дојде до убедлива победа од неверојатни 6:2.

Титулата во Ла Лига, беше вториот трофеј таа сезона за Барселона откако претходно беше освоен и шпанскиот Кралски куп на 13 мај.

Барселона и Гвардиола ја завршија сезоната комплетирајќи ја тројната круна со триумфот над Манчестер Јунајтед во финалето од Лигата на Шампионите.

Во текот на сезоната Гвардиола почна да ја применува тактитката на тотал Фудбал, играјќи во формација 4-3-3. На своите прес-конференции, неговите играчи говореа за новата работна етика која што ја имаше спроведено Гвардиола и личниот пристап со самите фудбалери. Гвардиола има црпено искуство од Јохан Кројф, Луис ван Гал, Хосе Антонио Камачо и Фабио Капело. Во својата втора сезона како менаџер на Барселона, Гвардиола ги доведе Златан Ибрахимовиќ и Максвел од редовите на милански Интер и Чигрински од тимот на Шахтјор од Донецк. Барселона ја започна сезоната победувајќи го Атлетик Билбао во шпанскиот Супер Куп, и триумфирајќи над Шахтјор Донецк во европскиот Супер Куп. На 19 декември Барселона успеа за првпат во својата историја да го освои и Светското Клупско Првенство на ФИФА, со што Гвардиола стана првиот тренер којшто успеал да ги обедини шесте титули. Тој е првиот тренер во историјата на фудбалот којшто успеал да го направи тоа. По бројот на освоени титули како предводник на Барселона, Гвардиола со само една мината година на кормилото на каталонскиот клуб се наоѓа на 3 место зад Јохан Кројф и Фердинант Даучик.

Гвардиола ја претрпе својата прва елиминација како тренер во Кралскиот Куп против Севиља. Во јануари 2010 Гвардиола потпиша едногодишно продолжување на неговиот договор како тренер на клубот. Во февруари истата година, тој го забележа својот стотти натпревар како тренер на Барселона, постигнувајќи биланс од 71 победа, 19 нерешени натпревари, и 10 порази, на коишто неговите избраници постигнаа 242 погодоци, а примија 76.[9] На 10 април 2010 тој стана првиот менаџер на Барселона којшто успеал да го победи лутиот соперник Реал Мадрид четири пати по ред во познатото Ел Класико дерби. Во сезоната 2009-10 Барселона успеа да стигне до ½ финалето од Лигата на Шампионите каде што на патот на одбраната на титулата во ова натпреварување беа елиминирани од Интер тогаш предводен од Жозе Мурињо.

ФК Бајерн Минхен[уреди | уреди извор]

Во 2013 година е назначен за тренер на германскиот клуб Бајерн Минхен. Со Баерн Минхен успеа трипати да ја освои бундеслигата, но не успеа да ја врати европската титула на Алијанц арената.Во 2016 година до се пресли во Премиерлигата, во тимот на Манчестер Сити.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Пеп Гвардиола е роден во Сантпедор. Неговата мајка се вика Долорес, додека неговиот татко се вика Валенти. Гвардиола има две сестри Франческа и Олга, и еден брат Пере.[10] Жузеп е оженет со Кристина Сера која ја сретнал во бутик за облека на 18 годишна возраст. Двојката има 3 деца Мариус, Марија и Валентина. Гвардиола е близок пријател со Луис Фиго, Луис Енрике, Тито Виланова и Јохан Кројф.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Pep Guardiola“. fcbayern.telekom.de. Посетено на 30 August 2013.
  2. Rijkaard until 30th June; Guardiola to take over Архивирано на 25 мај 2012 г. FC Barcelona, 8 мај 2008
  3. Josep Guardiola - The Boy from Santpedor Архивирано на 10 јануари 2013 г. spain-football.org
  4. Josep Guardiola Sala - International Matches Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation
  5. „Spain stats“. Архивирано од изворникот на 2007-03-14. Посетено на 2021-08-12.
  6. Catalonia Autonomous Team Matches Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation
  7. From captain to manager Архивирано на 1 август 2012 г. FC Barcelona, 8 мај 2008
  8. Guardiola relevará a Rijkaard a partir del 30 de junio Архивирано на 12 јуни 2008 г. FCBarcelona.cat (шпански)
  9. „Guardiola: 100 partidos, 71 victorias“. www.sport.es. 20 февруари 2010.
  10. El rey de España[мртва врска] ElPais.com

Надворешни врски[уреди | уреди извор]