Жозеф Геј-Лисак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Жозеф Геј-Лисак
Жозеф Геј-Лисак
Роден(а)6 декември 1778
Сен-Леонар-де-Нобла
Починал(а)9 мај 1850
Париз, Франција
НационалностФранцуско
ПолињаХемија
ОбразованиеПолитехничка школа
Познат поГеј-Лисаковиот закон
Потпис

Жозеф Луис Геј-Лисак (француски: Louis Joseph Gay-Lussac; 6 декември 1778 - 9 мај 1850) — француски хемичар и физичар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Геј-Лисак студирал хемија во Париз пред да се вработи како помошник во славната лабораторија на Клод-Луј Бертол. Во 1802 година го објавил клучниот труд за односот меѓу волуменот на гасот и температурата. Две години подоцна, со колегата се качил во балон на топол воздух до височина од 6.400 метри за да земе примероци од воздух и утврдил дека составот на атмосферата останува ист наспроти зголемената височина. Геј-Лисак умрел во Париз, во 1850 година и бил закопан на гробиштата Пер Лашез.

Извор[уреди | уреди извор]

  • Дејвис, Адам Харт, уред. (2011). Општа наука: енциклопедија за секое семејство и дом. прев. Сашо Христовски и др. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-608-4500-27-8. (библ.)