Етјен Декру

Од Википедија — слободната енциклопедија
Етјен Декру
Роден(а)Етјен Декру
19 јули 1898(1898-07-19)
Париз, Франција
Починал(а)12 март 1991(1991-03-12) (возр. 92)
Булоњ Бијанкур, Франција
НационалностФранцузин
Занимањеглумец
Активен период1932–1968

Етјен Декру (француски: Étienne Decroux; 19 јули 1898 во Париз12 март 1991 во Булоњ Бијанкур) — француски глумец кој студирал на школата Вјо Коломбје на Жак Копо, каде ги забележал почетоците на тоа што подоцна станало негова животна опсесија, телесна пантомима.[1][2] Во текот на неговата долга кариера како филмски и театарски глумец, создал многу претстави, користејќи го човечкото тело како основен извор на изразување.

Кариера[уреди | уреди извор]

Запишан на Вјо Коломбје во 1923 година како ученил на Шарл Дилен, Декру започнал да ја предвидува новоодредената визија на пантомимата и подоцна да развие оригинален личен стил на движење. Неговите првични „вајарски пантомими“ потсетувале на скулптурите на Роден. Подоцна, биле наречени телесна пантомима. Интелектуалец и теоретичар, неговото тренирање на тело било засновано делумно на она што современите танчери го викаат „изолации“, каде што делови на телото се движат во пропишан дел и делумно на физиката на компензација каде што се барало телото да се одржи во баланс кога средиштето на гравитацијата е поместено.

Сакал да запише други ученици, но учениците не биле заинтересирани. Кога Вјо Коломбје се затворил во 1924 година, Декру учел во школата на Шарл Дилен. Жан Луј Баро исто така ја посетувал школата и обајцата работеле блиску две години, правејќи претстави за телесна пантомима поединечно и заедно.

Пристигнал во Њујорк околу 1957 година, Декру држел утрински и вечерни часови во едно студии. Учениците доаѓале и си оделе, но на крајот имале настап во „Пантомимичарскиот театар на Етјен Декру“.

Враќајќи се од САД во Париз во 1962 година, отворил школа во Булоњ Бијанкур каде предале скоро до својата смрт.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Андерсон, Џек (21 март 1991). „Etienne Decroux Is Dead at 92; Master of Modern French Mime“. The New York Times.
  2. Томас Леабхарт (2007), Étienne Decroux, New York: Routledge.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]