Ернст Нојферт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ернст Нојферт
Роден Фрајбург, Германија
Починал 23 февруари 1986(1986-02-23) (возр. 85)
Швајцарија
Занимање Архитект
Сопружник Алис Спајс-Нојферт
Деца Питер Нојферт, Криста Нојферт, Ингрид Нојферт, Илас Нојферт

Ернст Нојферт (15 Март 1900 - 23 Февруари 1986)бил Германски архитект кој е познат како асистент на Валтер Гропиус, како наставник и член на различни организации за стандардизација а особено по неговото издание од суштинска важност Архитектонско Проектирање.

Живот[уреди | уреди извор]

Ернст Нојферт е роден во Фрајбург. На 17 години, по пет години работење како ѕидар, Нојферт се запишал во училиште за градежништво (Баугевербешуле) во Веимар. Неговиот учител го предложил на Валтер Гропиус во 1919 како еден од неговите први студенти на Баухаус. Тој ги завржил своите студии во 1920, и заедно со експресионистичкиот архитект Паул Линдер (1897-1968) започнал студиска тура во Шпанија долга една година, каде што скицирал средновековни цркви. Во Барселона се сретнал со Антонио Гауди, чијашто архитектура оставила длабок впечаток кај младиот студент. Нојферт подоцна станал еден од првите застапници на Гауди во Германија. По 1921 тој се вратил во Баухаус и станал главен архитект под Гропиус во еден од најистакнатите архитектонски студија од Веимарската Република.

Во 1925 тој се сретнал со сликарката Алис Спајс-Нојферт, студент на магистерски студии на Баухаус, Џорџ Мухе и Паул Кле и се оженил со неа во 1924. Тие имале четири деца (Питер, Криста, Ингрид и Илас).

Во 1925 Нојферт бил во блиска соработка со Групиус во реализацијата на новите градби на Баухаус во Десау и ја завршувал својата магистерска - куќи за Мухе, Клее и Василиј Кандински Во 1926 тој се вратил во Веимар и станал наставник под Отто Бартнинг во Баухошуле (Градежен факултет) познато како „вториот Баухаус“ Од 1928 до 1930 тој реализирал најразлични проекти како Менза во Филозофенвег и Абеанум во Јена. Во 1929 изградил свој дом во Гелмерода, село близу Вејмар (денеска седиште на Фондацијата Нојферт и Нојферт Бокс, мал музеј со размена на изложби). По затворањето на градежниот факултет од Нацистите, тој се преселил во Берлин и работел во приватно училиште за архитектура основано од Јоханес Итен, кое било приморано да се затвори исто така во 1934.

Нојферт ги препознал можностите за рационализација на градежниот процес многу рано, но исто така и потребата за нормативни правила.

Во 1934 станал станбен архитект на Вереинигте Лауситцер Гласверке. Тој го дизајнирал приватниот дом на неговиот дректор Д-р Киндт (со обоено стакло од Чарлс Кордел) и различни објекти за домување, канцеларии и фабрики во Веисвасер Шерниц и Каменц. Во исто време тој работел на своето издание Архитектонско проектирање, кое е издадено во март 1936 што останува основен прирачник за работа, кој е преведен на повеќе од18 јазици.

Во 1936 отишол во Њујорк и Талиезин за да го посети Франк Лојд Врајт и да ги процени неговите можности за наоѓање работа во Соединетите Американски Држави. Но во Њујорк бил известен за огромниот успех на првото издание од неговата книга и се вратил во Берлин за да го подготви второто издание. Новите индустриски провизии за неговото студио довеле до одлуката тој да остане во Германија. Во 1939 Нојферт бил назначен од страна на Алберт Спер да работи на стандардизацијата на Германската индустриска архитектура.

По Втората светска војна, Нојферт бил назначен за професор во Универзитетот за Технологии во Дармштат. Тој отворил своја канцеларија, Нојферт и Нојферт, со неговиот син Питер во 1953 и реализирал многубројни проекти, вклучувајќи многу индустриски градби. Тој умрел во 1986 година во неговиот дом во Швајцарија.

Дела[уреди | уреди извор]

Компанија за нарачки во Нирнберг

Литература[уреди | уреди извор]

  • Neufert, Ernst; Neufert, Peter; Baiche, Bousmaha; Walliman, Nicholas (2002). Architects' Data (3. изд.). Wiley-Blackwell. ISBN 978-0-632-05771-9.
  • Prigge, Walter, уред. (1999). Ernst Neufert. Normierte Baukultur im 20. Jahrhundert. Edition Bauhaus Dessau. Frankfurt am Main: Campus Verlag. ISBN 3-593-36256-2.