Ерих фон Фалкенхајн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ерих фон Фалкенхајн
Пруски министер за војна
На должноста
7 јуни 1913 – 21 јануари 1915
Монарх Вилхелм II
Началник на генералштабот
На должноста
14 септември 1914 – 29 август 1916
Монарх Вилхелм II
Наследник Паул фон Хинденбург
Лични податоци
Роден(а) 11 септември 1861
Бург-Белхау, Прусија
Починал(а) 8 April 1922 (возраст 60)
Потсдам, Прусија
Сопружник Ида Селкман
Професија Воен офицер
Награди [
Воена служба
Припадност  Германско Царство
 Османлиско Царство
Траење 1880–1922
1917–18 (Отоманска војска)
Битки/војни Боксерско востание
Прва светска војна

Ерих фон Фалкенхајн (германски: Erich von Falkenhayn; Бург-Белхау, 11 ноември 1861 — Потсдам, 8 април 1922) бил германски војсководец и началник на генералштабот на германската војска од 1914 до 1916 година за време на Првата светска војна.

Кариера[уреди | уреди извор]

Од 1896 година до 1903 година служел како офицер во Кина во текот на „Боксерското востание“. После тоа, тој служел во Брауншвајг, во Мец и во Магдебург, секој пат со поголем ранг. Пред војната во 1913 година, бил назначен за пруски Министер на војната. Како и повеќето, не мислел дека ќе има сеопшта војна, но бил во групата која го убедувала царот да објави војна.

По Битката кај Марна, на 14 септември 1914 година, станал началник на генералштабот наместо Молтке. Соочен со неуспехот на Шлифеновиот план, Фалкенхајн се обидел во „Трка до морето"  да маневрира со британските и француските сили со серија на конфликти во северна Франција и Белгија, а со цел да стигне до брегот на  Северното Море. Французите ги престигнале Германците во првата битка на Ипра. Фалкенхајн сакал да продолжи со офанзивна стратегија на Западниот фронт, а во исто време да води ограничена кампања на Источниот фронт, надевајќи се дека Русија полесно ќе прифати примирје, ако не е понижена. Поради ова, тој дошол во судир со Хинденбург и Лудендорф кои сакале масовен напад на Исток. Фалкенхајн ја започнал Верденската битка со надеж дека масакрот ќе ги наведе политичките водачи од Европа да стават крај на војната, а од друга страна сметал дека губитоците се поголеми за Франција отколку за Германија. Поради неуспех во Битката кај Верден и неколку неуспеси на Исток, Фалкенхајн бил разрешен од местото началник на генералштабот, и на негово место бил поставен Паул фон Хинденбург.

Подоцнежна кариера[уреди | уреди извор]

По смената од местото началник на генералштабот, Фалкенхајн ја презел командата на Деветтата армија во Трансилванија, и во август 1916 тргнал во офанзива со Мекензен против Романија.

Силите на Фалкенхајн го освоиле Букурешт за помалку од 4 месеци. По овој успех, Фалкенхајн ја презел командата над турските сили во Палестина, но не успеал да ги спречи Британците да го заземат Ерусалим во декември 1917 година.

Во февруари 1918 година, Фалкенхајн станал командант на Десеттата армија во Белорусија. Во пензија заминал во 1919 година, кога се повлекол на својот имот, каде напишал неколку книги за војната, за стратегијата и автобиографија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Falkenhayn 2009, стр. 96.