Еребру

Од Википедија — слободната енциклопедија
Еребру
Замокот во Еребру
Замокот во Еребру
Еребру is located in Шведска
Еребру
Еребру
Координати: 59°16′N 15°13′E / 59.267° СГШ; 15.217° ИГД / 59.267; 15.217
Површина
 • Вкупна49,27 км2 (1,902 ми2)
Население (31 декември 2010)
 • Вкупно107,038
 • Густина2.172/км2 (5,630/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Мреж. местоorebro.se

Еребру — еден од поголемите градови во Шведска, кој се наоѓа во средишниот дел од државата. Градот се наоѓа во рамките на истоимениот округ Еребру, кој е и негово управно седиште и најголем град. Еребру истовремено е и седиште на истоимената општина Еребру.

Природни услови[уреди | уреди извор]

Градот Еребру се наоѓа во средишниот дел на Шведска и Скандинавски Полуостров. Од главниот град на државата, Стокхолм, градот е оддалечен 200км западно.

Релјеф: Еребру се развил во внатрешноста на Скандинавски Полуостров, во историската област Нерке. Подрачјето на градот е претежно рамничарско и во него се наоѓа котлината Мелердален, а надморската височина се движи од 30 до 60м.

Клима: Климата во Еребру е претежно континентална под големо влијание на морето и крајните разгранети делови од топлата Голфска струја. Затоа зимите се благи, а летаа се свежи во споредба со дадената географска широчина.

Води: Еребру се развил на реката Свартон, која се влева 4 километри западно во големото езеро Хјемарен. Реката го дели градот на два дела, северн и јужен дел. Околу градот има повеѓе мали езера.

Историја[уреди | уреди извор]

На местото на Еребру во средниот век постоела населба која тогаш се викала Ејрарсундсбро. Во превод тоа ви значело „мост над калдрма“, што добро ја опишува географијата на овој крај. Даденото населено место, набрзо станало трговиште. Конечно, во 1404 година Еребру ги добил градските права.

Во втората половина на 19 век, со доаѓањето на индустријата и железницата, Еребру доживува преокрет. Ова довело до добра благостостојба, која трае и ден денес.

Население[уреди | уреди извор]

Еребру е една од некокуте шведски градови со повеќе од 100.000 жители. Градот има околу 107.000 жители (податок од 2010 година), а градското подрачје, т.е. истоимената општина околу 137.000 жители (податок од 2012 година). Последните децении бројот на населението во градот забрзано расте.

До средината на XX век Еребру бил населен со исклучително етнички Швеѓани, а со подоцнежните доселувања во Шведска, населението на градот станало шарено.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Денес Еребру е современ град со посебно развиена индустрија. Некогашното производство на обувки денес е заменета со софистицирана индустрија (ИТ, прецизна механика и сл.). Последните две децении посебно се развиваат трговијата, услугите и туризмот.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Еребру има старо градски алштат со ниска палата, стари градби и црква. Покрај тоа, за градот значајни се и:

  • Големиот воден парк,
  • Универзитет во Еребру, еден од најмладите во државата.

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]