Епископско Кнежевство Бамберг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Епископско Кнежевство Бамберг
Hochstift Bamberg
вазален
Епископија Вирцбург
1245–1802 Изборно Кнежевство Баварија


Грб

Местоположба на Бамберг
Епископското Кнежевство Бамберг со корушките имоти, Јохан Хоман, околу 1700 г.
Главен град Бамберг
Јазици источнофранконски
Уредување изборно кнежевство
Историски период среден век
 -  основање на епископија 1007
 -  издигнување на
   епископско кнежевство
1245
 -  приклучена на
   Франконскиот округ
1500
 -  медијатизирано кон Баварија 1802

Епископско Кнежевство Бамберг (германски: Hochstift Bamberg) — верска држава во Светото Римско Царство, основана во 1007 година, со цел проширување на христијанството во Германија. Верската држава била член на царството од околу 1245 година, додека не била припоена од Изборното Кнежевство Баварија во 1802 година.

Држава[уреди | уреди извор]

Бамбершка катедрала

Епископите на Бамберг добиле титула на кнез од царот Фридрих II, пред неговото отстранување од папата Инокентиј IV во 1245 година, со што епископијата станала царска држава. Во XVIII век често била доведувана со соседната Епископија Вирцбург. Бамберг се граничел, меѓу другите, со Вирцбург на исток, со Маркгрофовијата Бранденбург-Ансбах и Слободниот Град Нирнберг на југ, со Маркгрофовијата Бранденбург-Бајројт на исток и со Војводството Саксо-Кобург на север.

Епископските кнезови, исто така, поседувале големи имоти во рамките на Војводството Корушка, вклучувајќи ги стратешки важните градови Филах (Бељак), Фелдкирхен, Волфсберг и Тарвизио (Трбиж) на меѓуалпскиот пат до Венеција, како и Кирхдорф на Кремс во Надвојводството Австрија. Хабсбуршката царица Марија Тереза ги купила овие територии во 1759 година.

Медијатизацијата од 1802-1803 година довела до укинување на сите верски кнежевства, поради што Бамберг бил припоен кон Баварија. Поранешното епископско кнежевство тогаш имало површина од 3.580 км² и население од 207.000 жители.

Историја[уреди | уреди извор]

Епископскиот кнез Мартин фон Ајб (1580-1583)

Од 1 ноември 1007 година натаму бил одржуван синод во градот Франкфурт на Мајна. Осум архиепископи и дваесет и седум епископи биле присутни, предводени од архиепископот Вилигиз од Мајнц, како и кралот на Римјаните, Хајнрих II Светецот. Кралот сакал да создаде нова епископија, која ќе го помогнела завршното освојување на паганството во областа околу Бамберг. Но, територијата на Вендите во горниот тек на Мајна, Визент и Ајш припаѓале на Епископијата Вирцбург од организацијата на германските епископии од Свети Бонифациј, така што ниедна нова епископија не можела да биде создадена без согласност од поседувачот на имотот. Епископот Хајнрих I од Вирцбург немал ништо против да се раздели со дел од неговата територија, особено бидејќи кралот му ветил на Вирцбург издигнување во архиепископија. Согласноста од папата Јован XVII била добиена за овој договор, но издигнувањето на Вирцбург во архиепископија се покажало неизведливо поради Вилигиз и епископот Хајнрих I првин ја повлекол својата согласност.

Последниот епископски кнез, Кристоф Франц фон Бузек (1795-1802)
Замокот Алтенбург, резиденција на епископските кнезови на Бамберг од 1305 до 1553 година
Бамбершката катедрала со Стариот и Новиот дворец на епископските кнезови
Замокот Зехоф близу Бамберг кој служел како летна резиденција

Сепак, по неколку други отстапки, кралот Хајнрих II ја добил согласноста за основање на епископија во Бамберг од делови на епископиите Вирцбург и - подоцна - Епископија Ајхштет. Бамберг бил директно подреден на Рим. Исто така, било одлучено дека Еберхард, кралскиот канцелар, ќе биде одредуван од архиепископот Вилигиз од Мајнц, како старешина на новата погранична епископија. Новата епископија имала великодушни подароци на синодот потврдени со документи, со цел ставање на здрави темели.

Хајнрих ја сакал прославената монашка строгост и ученост на Хилдесхајм - каде и самиот учел - да биде поврзана со црквите под негова контрола, вклучувајќи ја омилената епископија во Бамберг. Следните седум епископи биле именувани од царевите, по кој изборот од катедралскиот одбор станал правило, како и во сите други германски епископски кнежевства. Наследникот на Еберхард, Зујдгер од Морслебен, станал папа во 1046 како Климент II. Бил единствен папа кој станал папа северно од Алпите во Бамбершката катедрала. Во XIII век, епископијата постепено станувала територијално кнежевство и нејзините епископи земале секуларна власт; епископот Хајнрих I од Билферсхајм (1242-57) станал првиот епископски кнез.

Четириесеттиот епископ, Георг III од Лимбург (1505-22), бил наклонет кон реформацијата, што предизвикало насилни општествени борби под водство на неговиот наследник Вајганд (1522-56) и градот настрадал многу во Втората маркгрофовска војна (1552-54), како и за време на Триесетгодишната војна, кога бил ставен под надлежност на Бернард, новиот војвода на Франконија.

Со Вестфалскиот мир (1648), епископските кнезови ги вратиле своите поседи. Во текот на Француската револуција, Бамберг бил преземен од Французите, а со германската медијатизација во 1802-1803 година, бил припоен кон Баварија. Од 1808 до 1817 година, немало ниеден епископ; но со Баварскиот конкордат во 1817 година станал архиепископија, со Вирцбург, Шпајер и Ајхштет.

Епископи на Бамберг, 1007–1803[уреди | уреди извор]

  • Еберхард I 1007-1040
  • Зујдгер фон Морслебен 1040-1046 (подоцна Папа Климент II)
  • Хартвиг фон Боген 1047-1053
  • Адалберт од Корушка 1053-1057
  • Гинтер 1057-1065
  • Херман I фон Формбах 1065-1075
  • Рупрехт 1075-1102
  • Ото I од Мистелбах 1102-1139
  • Егилберт 1139-1146
  • Еберхард II фон Отелинген 1146-1170
  • Херман II фон Аурах 1170-1177
  • Ото II од Андекс 1177-1196
  • Тимо фон Лискирх 1196-1201
  • Конрад фон Ергерсхајм 1202-1203
  • Екберт од Андекс 1203-1231
  • Зигфрид фон Етинген 1231-1238
  • Попо од Андекс 1238-1242
  • Хајнрих I фон Билферсхајм 1242-1257
  • Владеслав Шлески 1257
  • Бертолд фон Лајнинген 1257-1285
  • Манголд фон Нојенбург 1285 (епископ на Вирцбург 1287-1303)
  • Арнолд фон Золмс 1286-1296
  • Леополд I фон Грундлах 1296-1303
  • Вулфинг фон Штубенберг 1304-1318
  • Улрих фон Шлуселберг 1319
  • Конрад фон Гих 1319-1322
  • Јоханес фон Шлакенверт 1322-1324
  • Хајнрих II фон Штернберг 1324-1328
  • Вернто Шенк фон Рајхенек 1328-1335
  • Леополд II фон Еглофштајн 1335-1343
  • Фридрих I фон Хоенлое 1344-1352
  • Луполд фон Бебенбург 1353-1363
  • Фридрих II фон Труендинген 1363-1366
  • Лудвиг фон Мајсен 1366-1374
  • Лампрехт фон Брун 1374-1399
  • Албрехт фон Вертхајм 1399-1421
  • Фридрих III фон Аугзес 1421-1431
  • Антон фон Ротенхан 1431-1459
  • Георг I фон Шаумберг 1459-1475
  • Филип фон Хенеберг 1475-1487
  • Хајнрих III Грос фон Трокау 1487-1501
  • Фајт Трухзес фон Померсфелден 1501-1503
  • Георг Маршалк фон Ебнет 1503-1505
  • Георг Шенк фон Лимпург 1505-1522
  • Вајганг фон Редвиц 1522-1556
  • Георг Фукс фон Ригхајм 1556-1561
  • Фајт фон Вирцбург 1561-1577
  • Јохан Георг Цобел фон Гибелштат 1577-1580
  • Мартин фон Ајб 1580-1583
  • Ернст фон Менгерсдорф 1583-1591
  • Најтард фон Тинген 1591-1598
  • Јохан Филип фон Гебзател 1599-1609
  • Јохан Готфрид фон Ашхаузен 1609-1622 (епископ на Вирцбург 1617-1622)
  • Јохан Георг Фукс фон Дорнхајм 1623-1633
  • Франц фон Хацфелд 1633-1642 (еписко на Вирцбург 1631-1642)
  • Мелхиор Ото фон Фојт фон Салцбург 1642-1653
  • Филип Валентин Албрехт Фојт фон Ринек 1653-1672
  • Петер Филип фон Дернбах 1672-1683
  • Марквард Себастијан фон Шенк фон Штауфенберг 1683-1693
  • Лотар Франц фон Шенборн 1693-1729
  • Фридрих Карл фон Шенборн 1729-1746 (исто еписко на Вирцбург)
  • Јохан Филип Антон фон Франкенштајн 1746-1753
  • Франц Конрад фон Штадион и Танхаузен 1753-1757
  • Адам Фридрих фон Зајнсхајм 1757-1779 (исто еписко на Вирцбург)
  • Франц Лудвиг фон Ертал 1779-1795 (исто еписко на Вирцбург)
  • Кристоф Франц фон Бузек 1795-1802

Покровителство[уреди | уреди извор]

Епископските кнезови управувале со дворови со уметници, особено музичари. Меѓу нив се вбројувале Хајнрих Пфенднер, Јохан Бал, Георг Арнолд и Георг Менгел.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]