Емин-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Емин-паша
Роден(а)28 март 1840
Ополе, Шлеска
Починал(а)октомври 23, 1892(1892-10-23) (возр. 52)
Кинена
ЗанимањеИстражувач, лекар, научник

Емин-паша (турски: Emin Paşa; Ополе, 28 март 184023 октомври 1892) бил германски истражувач, лекар, научник и гувернер на египатската провинција Екваторија на горен Нил. Роден бил во германско-еврејско семејство како Исак Едуард Шницер (германски: Isaak Eduard Schnitzer), а подоцна бил крстен како лутеран, во 1847 година, под името Едуард Карл Оскар Теодор Шницер (германски: Eduard Karl Oskar Theodor Schnitze).

Животопис[уреди | уреди извор]

Бил роден во Ополе во Шлеска во германско-еврејско семејство од средна класа. Кога имал две години, неговото семејство се преселило во Најс. По смртта на татко му во 1845 година, неговата мајка се премажила, по што таа и децата биле покрстени како лутеранци.

Студирал на универзитетите во Вроцлав (тогаш Бреслау), Кенигсберг (денес Калининград) и во Берлин. Во 1864 година стекнал услов да стане доктор, но го дисквалификувале, поради што не можел да работи во пракса. Ја напуштил Германија и заминал за Цариград, со намера да стапи во служба во Отоманското Царство.

Во Албанија и Екваторија[уреди | уреди извор]

Додека патувал низ Виена и Трст кон Цариград, застанал во Антиварија во Албанија, каде му понудиле да биде лекар. Тука научил турски, албански и грчки јазик. Станал службеник за карантин во тамошното пристаниште. Во 1870 година на кратко бил во служба кај Исмаил Хаки паша, гувернерот на северна Албанија, и со него патувал по Отоманското Царство.

Во 1875 година заминал во Каиро, а оттаму во Картум. Тогаш го зел името Мехмет Емин, работел како лекар, а собирал и билки, животни и птици, кои ги испраќал по музеите во Европа. Многумина сметаат дека станал музлиман, но нема сигурни извори за тоа дали преминал во ислам.

Гувернерот на Екваторија Чарлс Џорџ Гордон чул за Емин-паша и го повикал да биде главен медицински службеник на провинцијата. Емин се согласил и допатувал во 1876 година. Веднаш заминал во дипломатска мисија во Буганда и Буниоро на југот.

Гувернер на Екваторија[уреди | уреди извор]

Во 1878 година, Емин-паша бил прогласен за гувернер на Екваторија и добил титула бег. Иако имал звучна титула, сепак немал власт: имал само неколку илјади војници, а владата во Картум не обрнувала внимание на неговите предлози.

Мухамед Ахмад познат као Махди во 1881 година ја започнал Махдиевата побуна, поради што Екваторија до 1883 година била отсечена од светот. Емин и неговите сили морале да се повлечат јужно до Ваделај близу езерото Алберт. Контактот со светот го одржувал преку Буганда до Занзибар.

Експедиција за спасување на Емин-паша[уреди | уреди извор]

Хенри Мортон Стенли презел експедиција за спасување на Емин-паша. Стенли патувал долж реката Конго, а потоа низ шумата Итури. Експедицијата била посебно тешка, на која преживеале само третина од членовите. Во април 1888 година, Станли се сретнал со Емин-паша, кој бил нерешителен за тоа дали да замние од местото. Поминала цела година, додека конечно го убедиле Емин-паша да тргне со нив. Стигнале во Багамојо, Танзанија, во 1890 година, каде за време на прослава се повредил и морал да остане во болница два месеца. Стенли морал да продолжи, па не успеал триумфално да се врати во Европа заедно со Емин-паша.

По овие настани, Емин-паша влегол во служба на една германска источноафриканска компанија, на експедиција кон езерата од внатрешноста. Го убиле двајца Арапи во Кинена[1] на 23 или 24 октомври 1892 година.[2]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Beach, Chandler B., ed. (1914). "Emin Pasha". The New Student's Reference Work. Chicago: F. E. Compton and Co.
  2. Chisholm, Hugh, ed. (1911). "Emin Pasha". Encyclopædia Britannica. 9 (11th ed.). Cambridge University Press.