Елија Аријадна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аријадна
Aelia Ariadne
Византиска царица
Роден(а)пред 457
Починал(а)515
Цариград
Почивалиште
СопружникЗенон
Анастасиј
ДецаЛав II
Полно име
Елија Аријадна
ДинастијаЛавова династија
ТаткоЛав I
МајкаЕлија Верина

Елија Аријадна (Aelia Ariadne; 450-515) била византиска царица и сопруга на Зенон и Анастасиј I.

Семејство[уреди | уреди извор]

Аријадна била ќерка на Лав I и Елија Верина, која пак била сестра на Василиск. Аријадна имала помала сестра Леонтија која била свршена со Флавиј Патрициј, син на Аспарт. Леонтија се омажила за Маркијан, син на Антемиј. Двојката предводела неуспешен бунт против Зенон во 478-479, по кое биле протерани во Исаврија[1].

Аријадна имала и помал брат, роден во 463 година, кој починал пет месеци по раѓањето[1].

Брак[уреди | уреди извор]

Аријадна се родила по смртта на Маркијан.[2] На 7 февруари 457, Лав бил крунисан од страна патријархот Анатолиј Цариградски, прво вакво крунисување од страна на патријарх[2]. Во тој момент Аријадна станала член на кралското семејство.

Аријадна се омажила во 467 година за цар Зенон и била прогласена за августа. Во август 467 година тие го добиле идниот Лав II, кој починал кога имал седум години на 17 ноември 474. Бидејќи Лав II бил премногу млад за да се владее, Зенон бил прогласен за соцар на 9 февруари 474, а по смртта на Лав, Зенон станал единствен цар, со Аријадна како царица.

Таа се омажила на 20 мај 491 година за Анастасиј I.

Аријадна починала во Цариград во 515 година и била погребана во црквата Свети Апостоли.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Елија Верина
Византиска царица
474–475
Наследник
Зенона
Претходник
Зенона
Византиска царица
476–515
Наследник
Ефимија