Елблонг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елблонг
Поглед кон стариот дел на градот од Пазарската порта
Поглед кон стариот дел на градот од Пазарската порта
Знаме на Елблонг
Држава Полска
Војводство Варминско-мазурско Војводство
Управа
 • ГрадоначалникВитолд Врублевски
Површина
 • Вкупна79,82 км2 (3,082 ми2)
Население (2017)
 • Вкупно120,895
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски бројод 82-300 до 82-315
Повик. бр.+48 55
Мреж. местоhttp://www.elblag.eu

Елблонг (полски: Elbląg, германски: Elbing, пруски: Elbings) - град во северна Полска, кој од 1999 година е дел од Варминско-мазурското Војводство. Од 1945 до 1975 бил дел од тогашното Гдањско Војводство, а од 1975 до 1998 бил главен град на тогашното Елблоншко Војводство.

Елблонг е еден од најстарите градови во овој дел на Полска. Неговата историја датира од 1237 година, кога Тевтонскиот ред изградил тврдина на брегот на блиската река, а подоцна замокот служел како седиште на Мајсторите на Тевтонскиот ред.

Елблонг станал дел од Ханза, што придонело за тоа да се стекне со големо богатство. Преку ова членство, градот бил поврзан со други важни пристанишни градови како Гдањск, Либек и Амстердам. По поразот на Тевтонските витези во Битката кај Гринвалд и со потпишувањето на Торуњскиот мировен договор во 1466 година, градот бил анектиран од страна на Полска. Тогаш градот процветал и станал важен трговски центар, но неговиот развој бил отежнат од Втората северна војна и Шведската инвазија на Полска.

Наводи[уреди | уреди извор]