Елбасан

Координати: 41°06′N 20°04′E / 41.100° СГШ; 20.067° ИГД / 41.100; 20.067
Од Википедија — слободната енциклопедија
Елбасан
населено место
Грб на Елбасан
Елбасан is located in Албанија
Елбасан
Елбасан
Координати: 41°06′N 20°04′E / 41.100° СГШ; 20.067° ИГД / 41.100; 20.067
Земја Албанија
ОбластЕлбасан
Управа
 • ГрадоначалникЌазим Сејдини (Социјалистичка партија на Албанија)
Површина
 • општина872,03 км2 (33,669 ми2)
 • општинска единица12,90 км2 (500 ми2)
Надм. вис.&10000000000000150000000150 м
Население (2015)
 • општина141.714
 • општина густина1,6/км2 (4,2/ми2)
 • општинска единица79.810
 • општинска единица густина62/км2 (160/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.3001-3006
Повик. бр.054
Рег. таб.EL
Мреж. местоwww.elbasani.gov.al

Елбасан или Коњух (албански: Elbasani) — град на реката Шкумба во средна Албанија во кој, според податоците од 2011 г, живеат околу 79.810 жители. Елбасан е еден од најголемите градови во Албанија и е административен центар на истоимената област којашто опфаќа 4 околии: Елбасанска околија, Грамшова околија, Либраждова околија и Пеќинска околија. Во Елбасан живее бројна македонска заедница. Словенскиот назив за градот е Коњух.

Историја[уреди | уреди извор]

Елбасанска тврдина

Во текот на историјата, Елбасан бил под контрола на различни народи, Турци, Срби, Бугари, Австријци и Италијанци. Градот останал центар на исламот во Албанија и после турската власт. Откако на Битолскиот конгрес во 1908 година латиницата е избрана за пишан албански јазик, муслиманските активисти, под влијание на Младотурците, одржале демонстрации за арапско писмо во Елбасан.

До почетокот на Втората светска војна, Елбасан личел на типичен османски град, со мешавина на источни и средновековни згради, тесно поплочени улици и голем пазар.

Култура[уреди | уреди извор]

Во центарот на градот постои православна црква, а околу 7 километри надвор од градот постои стар манастир и православна црква каде што моштите на Јован Владимир, чувани од 1381 до 1995 година, се префрлени во соборната црква во Тирана.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]