Екернферде

Координати: 54°28′27″N 9°50′16″E / 54.47417° СГШ; 9.83778° ИГД / 54.47417; 9.83778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Екернферде
Пристаништето во Екернферде со дрвениот мост
Пристаништето во Екернферде со дрвениот мост
Пристаништето во Екернферде со дрвениот мост
Грб на Екернферде
Екернферде во рамките на Германија
Екернферде
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Рендсбург-Екернферде
Градоначалник Јерг Зибел
Основни податоци
Површина 17,97 км2
Надм. височина 0−42 м
Население 21.637 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 1.204 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ECK
Пошт. бр. 24340
Повик. бр. 04351
Портал www.eckernfoerde.de
Местоположба на градот Екернферде во рамките на округот Рендсбург-Екернферде
Карта
Карта
Координати 54°28′27″N 9°50′16″E / 54.47417° СГШ; 9.83778° ИГД / 54.47417; 9.83778
Поглед на Борби, пристаништето и старото градско јадро

Екернферде (германски: Eckernförde; дански: Egernførde, долногермански: Eckernför) — град во округот Рендсбург-Екернферде, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија, на брегот на Балтичкото Море, околу 30 километри северозападно од Кил. Екернферде е омилено туристичко одредиште во северна Германија.

Градот претставува административно седиште на општинската заедница Шлај-Балтичко Море, иако самиот град не е член на заедницата.

Име[уреди | уреди извор]

Името на Екернферде е од мешано потекло, но изведено од името на дански замок порано сместен близу денешниот град, кој исто така се сретнува во името на градскиот округ Борби. Ова утврдување е запишано во XIII век како Ykærnæburgh.[2] Во 1441 година, градот го користел официјалниот печат во неговото име како Ехернеборг (Eherneborgh).[3] Првиот слог се однесува на денешниот дански збор „егерн“ кој означува верверица, додека „-ферде“ доаѓа од долногерманскиот јазик и означува фјорд.[2] Вториот слог -ферде е забележан во латинизираната форма на двата официјални печати користени во градот во 1602 и 1624 година.[3] Етимологијата на името на градот е прикажана преку верверицата во грбот на градот, првпат забележан во печатот од 1441 година.

Историја[уреди | уреди извор]

  • Во 1197 година, Екернферде бил првпат споменат.
  • Екернферде бил споменат во 1302 година по првпат како град, но во 1288 година жителите веќе биле нарекувани опидани (oppidani; „граѓани“).
  • Во текот на Првата шлезвишка војна, два дански бродови, Кристијан VIII и фрегатата Гефион се обиделе да впловат во Екернферде во април 1849 година. Биле бомбардирани од брегот. Кристијан VIII експлодирал, додека Гефион се предал и бил освоен. Теодор Пројсе, командант на јужните трупи, умрел додека ги спасувал данските трупи од Кристијан VIII.
  • Балтичката поплава на 13 ноември 1872 година го погодила брегот на Балтичкото Море од Данска до Померанија. Од сите германски крајбрежни населби, Екернферде бил најтешко погоден поради неговата местоположба во Екернфердскиот Залив, кој е широко отворен кон североисток. Целиот град бил поплавен, 78 куќи биле уништени, 138 оштетени и 112 семејства останале без покрив на главата.
  • Грофот Сен Жермен бил погребан во Екернферде близу црквата Св. Никола. Неговиот гроб бил уништен од поплавата во 1872 година.
  • Во 1934 година бил основан приморското одморалиште Борби.
  • По Втората светска војна бил основан камп за раселени лица од Естонија,[4] кој се наоѓал во дел од дворецот Хоенштајн.[5]

Стопанство[уреди | уреди извор]

На почетокот на XX век, Екернферде бил познат по неговото пристаниште, рибарството, трговијата со земјоделски производи и производството на сол и железни добра.[6]

Сите подморници на Германската морнарица се сместени во Екернферде. Покрај тоа, во градот се наоѓа и седиштето на БЕХН, претпријатие за алкохолни пијалаци, основано во 1792 година. Седиштето на СИГ Зауер исто така се наоѓа во градот.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Железничката линија КилФленсбург поминува низ градот, на која се наоѓа и железничката станица во Екернферде, сместена во западниот дел на градот. Главната автобуска станица е поврзана со железничката станица. Железницата припаѓа на Германските железници. Екернферде има четири автобуски линии низ градот, кои ги опслужува со нископодни автобуси. Во градот не сообраќаат трамваи или тролејбуси.

Во Екернферде се наоѓаат два пункта за изнајмување велосипеди, една близу плажата и еден во пешачката зона.

Поголем меѓународен аеродром претставува Хамбуршкиот аеродром.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Екернферде е збратимен со следниве градови:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2020 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2021. (германски)
  2. 2,0 2,1 Politikens Nudansk Ordbog, 1994 edition, entry "Eckernförde"
  3. 3,0 3,1 Poul Bredo Grandjean (1953), Slesvigske Købstæders og Herreders Segl indtil 1660, J.H. Schultz Forlag, p. 13-14.
  4. Elle Andra-Warner (nee Jürivee), Red Lake Immigration story[мртва врска] (26 јуни 2013)
  5. Andra-Warner, Elle But When Do You Know You Are Canadian?[мртва врска] (26 јуни 2013)
  6. Chisholm, Hugh (ed) (1911)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]