Едвард Стетиниус Помладиот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Едуард Стетиниус
Родена 22 октомври 1900
Чикаго, САД
Починала 31 октомври 1949
Гринич, Конектикат, САД

Едвард Рејли Стетиниус Помладиот (англиски: Edward Reilly Stettinius, Jr.; 22 октомври 1900, Чикаго - 31 октомври 1949, Гринич, САД) бил американски индустриски магнат, вршител на функцијата државен секретар на САД во времето на претседателите Франклин Делано Рузвелт и Хари Труман.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во Чикаго во семејството на финансисерот Едвард Стетиниус Постариот, кој бил партнер на Џон Пирпонт Морган. Го завршил училиштето Помфрет во 1920 година и дипломирал на Универзитетот Вирџинија во 1924 година. Започнал со работа во General Motors. Во 1926 година станал помошник на помошник на претседателот, а во 1931 година станал потпретседател на компанијата. Во 1934, станал претседател на финансиската комисија на US Steel Corporation, а во 1938 година претседател на советот.

Работел во администрацијата на Рузвелт, во индустрискиот совет на администрацијата на национално обновување во 1933 година, во Советот за воени суровини во 1939 година, а бил и администратор на програмата за изнајмување во периодот од 1941 до 1943 година. Потоа, бил назначен за заменик на државниот секретар на САД. Во 1944 година ја вршел функцијата Државен секретар на САД по повлекувањето поради болест на неговиот претходник, Кордел Хал.

Учествувал во формирањето на ОН. Ја напуштил функцијата државен секретар за да стане првиот амбасадор на САД во ОН. Починал од срцев удар во 1949 година.

Спротивно на позициите на Коминтерната, во циркуларното писмо 868.014/26 од декември 1944 година, напишал:

Владата на САД го смета зборувањето за некаква македонска нација, македонско татковина и македонско национално самосознание за неоснована демагогија, која не претставува никаква етничка или политичка реалност.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. С ОМО и без ОМО си останувате слепо црево на Балканот, 26 Юни, 2006 Монитор

Надворешни врски[уреди | уреди извор]