Едвард Емерсон Барнард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Едвард Емерсон Барнард
Edward Emerson Barnard
Едвард Емерсон Барнард
Роден(а)16 декември 1857(1857-12-16)
Нешвил, Тенеси, САД
Починал(а)6 февруари 1923(1923-02-06) (возр. 65)
Вилијамс Беј, Висконсин, САД
НационалностАмериканец
Полињаастрономија
Познат поБарнардова Ѕвезда
астрофотографија
Поважни наградиЛаландова награда (1892)
Жансенов медал (1900)
Брусов медал (1917)

Едвард Емерсон Барнард (англиски: Edward Emerson Barnard; 16 декември 18576 февруари 1923) — американски астроном, познат по своите набљудувачки способности. Познат е по откривањето на големото сопствено движење на ѕвезда во 1916 г. која подоцна ќе биде наречена Барнардовата Ѕвезда во негова чест и по пионерската работа на полето на астрофотографијата.

Младост[уреди | уреди извор]

Барнард е роден во Нешвил, Тенеси и набргу останал без татко,[1] и затоа израснал сиромашно и без школување. Прв интерес му била фотографијата, па уште на возраст од девет години станал помошник во фотографски дуќан.

Подоцна Бернард развил интерес за астрономијата. Во 1876 г. набавил рефракторски телескоп (130 мм), а во 1881 г. открил комета, но не го објавил пронајдокот. Подоцна истата година пронашол уште една, а потоа во 1882 г. следела и трета.

Додека уште работел во фотографскиот дуќан, се оженил со Англичанката Рода Калверт во 1881 г. Во 1880-тите, Халберт Харингтон Ворнер објавил дека ќе додели 200 долари за секое откритие на нова комета. Бернард открил пет,[2] и со парите изградил куќа.

Барнард се прочул во аматерските астрономски кругови во Нешвил, кои собрале пари и му уплатиле стипендија за стручен соработник на Вандербилтовиот универзитет. Барнард не бил во можност да ги заврши испитите, но сепак добил почесна диплома (единствената што ја има доделено универзитетот).[3] Во 1887 г. се вработил во Ликовата опсерваторија, но подоцна се дошол во судир со директорот Едвард С. Холден во врска со времето на пристап до поголемите инструменти, како и по истражувачки и раководни теми.[4]

Астрономска работа[уреди | уреди извор]

Колективот на Јерксовата библиотека. Барнард е во средината на задниот ред, а подесно во предниот ред стои Алберт Ајнштајн.

Во 1889 г. вршел набљудувања на месечината Јапет како минува зад Сатурновите прстени. Додека гледал како месечината минува низ највнатрешните прстени и самата планета, забележал дека преку месечината поминала сенка. Иако тогаш не бил свесен за тоа, Барнард впрочем видел доказ за постоењето на „спиците“ на Сатурн, кои се темни сенки нормално на прстените. Во тоа време и подоцна, нивното постоење не било сигурно, но на крај се потврдило со вселенското летало „Војаџер 1“.

Во 1892 г. набљудувал нова и прв ги забележал гасовитите излачувања, така заклучувајќи дека се работи за ѕвезден избув. Истата година ја открил и Амалтеја — петтата месечина на Јупитер. Бил прв кој открил нова месечина на таа планета по речиси три века, т.е. по откритието на Галилео Галилеј во 1609 г. Ова е воедно и последната месечина откриена со непосредно набљудување (наспроти анализа на фотографии и други снимени слики).

Во 1895 г. станал професор по астрономија на Чикашкиот универзитет и работел во неговата Јерксова опсерваторија, служејќи се тамошниот телескоп со пречник од 1 метар. Во овој период се посветил на правењето фотографии на Млечниот Пат. Заедно со Макс Волф открил дека извесни темни подрачја во галаксијата се всушност облаци од гас и прашина кои ги прикриваат подалечните ѕвезди во позадината. Во 1905 г. внуката Мери Р. Калверт станала негов помошник и пресметувач.

Во 1916 г. ја открил денес наречената Барнардова Ѕвезда, која се гледа со слаба светлина, но има мошне големо сопствено движење во однос на другите ѕвезди. Ова е втор ѕвезден систем по близина до нашето Сонце, веднаш по системот на Алфа Кентаур.

Барнард бил пионер во астрофотографијата. Изготвил каталог на темни маглини, наречени „Барнардов каталог“, доделувајќи им бројчени ознаки од 1 до 370, по примерот на Месјеовиот каталог. Овој првичен список го објавил во 1919 г. во трудот во „За темните белези на небото со каталог од 182 такви објекти“ кој излегол во Астрофизикал џернал.

Починал во 1923 г. во Вилијамс Беј, Висконсин, а бил погребан во Нешвил. Во 1927 г. е издадена книга од неговите збирки, наречена „Фотографски атлас на одбрани подрачја на Млечниот Пат“ (A Photographic Atlas of Selected Regions of the Milky Way), чии уредници биле Едвин Б. Фрост (тогашен директор на Јерксовата опсерваторија) и внуката Мери Р. Калверт.

Откриени комети[уреди | уреди извор]

Во периодот од 1881 до 1892 г. Барнард открил 15 различни комети и бил сооткривач на уште две:

Награди и почести[уреди | уреди извор]

Награди
Почести (именувања)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hockey, Thomas (2009). The Biographical Encyclopedia of Astronomers. Springer Publishing. ISBN 978-0-387-31022-0. Посетено на August 22, 2012.
  2. Frost, E.B., "Edward Emerson Barnard" Astrophysical Journal, vol. 58, p.1 - 1923ApJ....58....1F
  3. Carey, Bill (2001-10-29). „Astronomer Barnard was among Vanderbilt's first academic superstars“. The Vanderbilt Register. Архивирано од изворникот на 2007-02-11. Посетено на 2007-06-27.
  4. Osterbrock, Donald E., The Rise and Fall of Edward S. Holden - Part One, JOURN. HISTORY OF ASTRONOMY V.15:2, NO.43, P. 81 at 95-98, 1984
  5. „Book of Members, 1780-2010: Chapter B“ (PDF). American Academy of Arts and Sciences. Посетено на May 17, 2011.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Sheehan, William (1995). The Immortal Fire Within: The Life and Work of Edward Emerson Barnard. Cambridge: Cambridge University Press.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]