Еванџелиста Торичели

Од Википедија — слободната енциклопедија
Еванџелиста Торичели
Портрет на Еванџелиста Торичели на
насловната страна на книгата Lezioni d'Evangelista Torricelli
Роден(а)15 октомври 1608
Фаенци, Италија
Починал(а)25 октомври 1647
Фиренца
Познат побарометар

Еванџелиста Торичели[1] (итал. Evangelista Torricelli, 15 октомври 1608 - 25 октомври 1647) — италијански математичар и физичар, изумител на барометарот.

Животопис[уреди | уреди извор]

Торичели е роден во Фаенци, Италија. Иако потекнувал од сиромашно семејство, Торичели сепак студирал математика и му станал помошник на Бенедето Кастелиј, кој предавал на универзитетот „Сапиенца“ во Рим. Торичели преку Кастелиј стапил во контакт со својот идол Галилеј, кој го зел за помошник во 1641 година. Три месеци подоцна, по смрта на Галилеј, Торичели го наследил на местото дворски математичар кај големиот војвода Фердинанд I од Тоскана.

По него е именувана единицата за притисок во вакуум тор, попозната како милиметар на живиниот столб (mmHg).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Се среќава и како Евангелиста Торичели
  • Дејвис, Адам Харт, уред. (2011). Општа наука: енциклопедија за секое семејство и дом. прев. Сашо Христовски и др. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-608-4500-27-8. (библ.)