ЕПОИ „Алфа“

Од Википедија — слободната енциклопедија

Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“, скратено ЕПОИ „Алфа“ е посебна интервентна полициска единица во рамките на Секторот за внатрешни работи - Скопје која се бори во главно против уличниот криминал. Создадена е во 2005 година, работејќи под надлежност на министерството, но од 2025 година добива нов статус и работи само во Скопје.[1] И покрај статистиките на МВР дека нејзините активности влијаат позитивно на намалување на криминалот, таа често е осудувана за полициска бруталност.[2] Единицата има изгубено само еден свој припадник—39-годишниот Африм Арифи кој загина во 2008 година по напад врз патрола на единицата кај Природно-математичкиот факултет, додека вршел редовни полициски активности.[3]

Во јуни 2011 година се одржале протести поради убиство на 23-годишно момче наводно од припадник на единицата. Демонстрантите извикувале „Алфи-убијци“ и барале расфромирање на единицата.[4] Во случајот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство меѓу осомничените се петмина припадници на единицата и Ивица Антевски, поранешен командир на истата, за апсењето на Љубе Бошкоски по парламентарните избори во 2011 година. Бошкоски го оценил неговото апсење и однесувањето на припадниците како „политички реваншизам“[5] Tековен командант на единицата е Примислав Димовски, кој се враќа на функцијата во 2016 година откако Антевски е симнат од истата поради истрагата на СЈО.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Нов статус за единицата Алфа“. Весник. 20 јануари 2014. Посетено на 29 ноември 2018.[мртва врска]
  2. „Министерството пак, соопштува за ефикасност на единицата“. Радио Слободна Европа. 24 октомври 2005. Посетено на 29 ноември 2018.
  3. „Еден загинат, двајца повредени полицајци во денешниот напад“. Нетпрес. 26 ноември 2008. Посетено на 29 ноември 2018.
  4. „Демонстрации против полициската бруталност“. Радио Слободна Европа. 7 јуни 2011. Посетено на 29 ноември 2018.
  5. „Бошкоски во „Тортура": „Алфите ме легнаа на земја и ме газеа". Радио Слободна Европа. 3 септември 2018. Посетено на 29 ноември 2018.
  6. „Спасовски именува 11 нови раководители во МВР“. Радио Слободна Европа. 29 септември 2016. Посетено на 29 ноември 2018.