Дуран Дуран

Од Википедија — слободната енциклопедија
Duran Duran
Duran Duran live at the ACC, Toronto, left to right: John Taylor, Roger Taylor, Simon Le Bon, and Nick Rhodes
Животописни податоци
ПотеклоBirmingham, England
ЖанровиPop rock, New Wave, New Romantic, synthpop, post-punk, dance-pop
Период на активност1978–present
ИздавачиCapitol, EMI, Parlophone, Virgin, Епик Рекордс, Hollywood, Tapemodern, Allido
СоработнициArcadia, Power Station, Neurotic Outsiders, The Devils, Robert Palmer, Mark Ronson
Мреж. местоduranduran.com
Членови
Nick Rhodes
John Taylor
Roger Taylor
Simon Le Bon
Поранешни членови
Stephen Duffy
Simon Colley
Andy Wickett
Jeff Thomas
Alan Curtis
Andy Taylor
Warren Cuccurullo
Sterling Campbell

Дуран Дуран е англиска рок група, формирана во Бирмингем во 1978 година. Беа еден од најуспешните бендови во осумдесеттите години и бенд број еден во „Втората Британска Инвазија“ од Ем Ти Ви во САД. Од осумдесеттите години до сега, имаат пласирано 14 синглови во Топ 10 на Британската топ листа и 21 сингл во Билборд Хот 100, а според Сандеј Меркјури, имаат продадено преку 100 милиони копии[1][2]. Кога првпат се појавија, општо беа сметани за дел од нео романтистичката сцена, заедно со други бендови како Спандау Балет, но подоцна го изгубија овој имиџ. Бендот соработуваше со многу модни творци за да создадат остар и елегантен имиџ, што им го донесе прекарот „најубавите момци во рокот“. Контроверзните видеа од бендот, кои содржеа делумен нудизам и предлози за сексуалноста, станаа популарни во раните осумдесетти на тогаш новоформираниот телевизиски музички канал Ем Ти Ви. Дуран Дуран беа меѓу првите бендови кои ги снимаа своите спотови со професионални режисери и 35 милиметарски филмски камери, што на спотовите им даваше поквалитетен и поблескав изглед. Во 1984 година, бендот се наоѓаше меѓу првите иноватори во видео технологија на настапите во живо. Групата беше формирана од страна на Ник Родс, Џон Тејлор и Стефан Дафи, со подоцнежно приклучување на Роџер Тејлор и по бројни промени во составот, Енди Тејлор и Сајмон Ле Бон. (Никој од тие со презиме Тејлор не е роднински поврзан, а Роџер Тејлор не е тапанарот од Квин, само го носи истото име и презиме) Никогаш не престанаа да создаваат, само имаа промени во составот, гитаристот Ворен Чучуруло од 1989 г. до 2001 г. и тапанарот Стерлинг Кемпбел од 1989 г. до 1991 г. Обединувањето на оригиналните пет членови во почетокот на 2000 година, создаде немир меѓу обожавателите на бендот и музичките медиуми. Енди Тејлор го напушти бендот во средината на 2006 година, а лондонскиот гитарист Дом Браун од тогаш работи со бендот како повремен изведувач и како дел од нивните турнеи.

Историја[уреди | уреди извор]

1978-1980 година: Формирање и рани почетоци[уреди | уреди извор]

Џон Тејлор и Ник Родс го формираа Дуран Дуран во Бирмингем во 1978 година, каде станаа резидентен бенд во градскиот ноќен клуб Рам Ранер. Во клубот и двајцата работе, Џон како вратар, а Ник како диџеј со дневница од 10 фунти. Тие почнаа да вежбаат и редовно да свират на собиралиштето. Во близина имаше повеќе ноќни клубови, а најзначајниот, каде што свиреа Секс Пистолс и Клеш, се викаше „Барбарела“. Сакаа на бендот да му го дадат името по бандитот од францускиот научно фантастичен филм Барбарела од Роџер Вадим. Бандитот, улога одиграна од страна на Мило О’Шиа, беше наречен Д-р Дуранд Дуранд.[3]

Првиот пејач во бендот беше Стефан Дафи. Наскоро на Родс, Тејлор и Дафи им се придружува и Стефан Коли. Коли првично во бендот свиреше на бас гитара, како што Тејлор во исто време свиреше на гитара. Ова беше првииот состав на бендот кој свиреше во живо. Во замена за тапаните и ударните инструменти, ја користеа електричната ударна машина од Родс. Коли го напушти бендот, пред да дојде Енди Тејлор. Неколку гитаристи кои беа последователно сослушани на аудиција (за поголемиот дел, безуспешно), како и неколку вокалисти кои му се приклучија на бендот по заминувањето на Дафи, го напуштија бендот на почетокот од 1979 година.[4]

Според автобиографијата на Енди Тејлор, меѓу неколкуте вокали кои ги имаа пред Сајмон Ле Бон, беше и Енди Викет кој играше голема улога во пишувањето на „Грлс он Филм“за време на својот „мандат“ во бендот. (Викет исто така се појавува и во неколку демо снимки кои биле презентирани на ЕМИ.) Според мрежните страници од Викет и Џон Тејлор, Викет у чествувал во создавањето на почетна верзија на песната која стана позната под името “Рио” тенор соло на саксофон од Енди Хамилтон. По заминувањето на Коли и Викет, бендот во својот состав ги вброи пејачот Џеф Томас и гитаристот Алан Куртис, за многу краток период, пред конечно да се одлучат за Енди Тејлор како главен гитарист и за Сајмон Ле Бон како вокал во 1980 година.Средбата на тапанарот Роџер Тејлор со Џон Тејлор, Родс и Викет на забав во 1979 година, исто и заминувањето на Коли, доведоа до тоа Џон Тејлор да се префрли на бас гитара. Тогаш Роџер Тејлор стана нивниот “човечки” тапанар. Овој состав( Џон Тејлор на бас гитара заедно со Родс, Викет и Роџер Тејлор) ги создаде првите студиски демо касети на Дуран Дуран.

Во април 1980 година, гитаристот Енди тејлор дојде од Њукасл на аудицијата на одговор на објавениот оглас во Мелоди Мејкер. Во мај 1980 година, лондонскиот вокал Сајмон Ле Бон му беше препорачан на бендот од страна на поранешната девојка која работеше во Рам Ранер.[5] Сопствениците на клубот, браќата Пол и Мајкл Бероу, станаа менаџери на бендот плаќајќи им да таботат како вратари, диџеи и собирачи на стакло, кога не вежбаа. Групата, генерално, беше признат дел од Новата Романтичарска сцена, со друг “стил и танц” бендови како Спандау Балет, Јапан и АБЦ. Во 1980 година, снимија две демо касети и настапуваа по клубовиниз Бирмингем и Лондон.

При крајот на 1980 година, кога имаа турнеја како предгрупа на Хазел О’Конор , бендот привлече критично внимание што резултираше со бојна на понуди помеѓу двете издавачки куќи ЕМИ и Фонограм Рекордс.”[6] Со доза на патриотизам” за етикетата Битлси ги натера да потпишат со ЕМИ во декември. Ник Родс во интервју за магазинот Делукс во 1998 година изјави дека бендот бил ‘ужасно изгорен’ со договорот со ЕМИ. Дуран Дуран е еден од првите бендови кои работеа на ремиксови на своите песни. Пред добата на дигитални синтисајзери и аудио одмерувањето, создаваа повеќе слојни аранжмани на своите синглови, понекогаш снимајќи целосно различни и проширени изведби на песните во студиото. Овие ‘ноќни верзии’ беа достапни само на винилска плоча како страна Б на сингловите со 45 вртежи во минута или на (12 инчните) клупски синглови, сè до издавањето на компилацијата Ноќни Верзии: Есенцијалните Дуран Дуран во 1999 година. Од самиот почеток на нивната заедничка кариера, сите членови на бендот имаа изострена смисла за визуелниот стил. Работата со стилистот Пери Хејнс и со модните творци Кан & Бел и Ентони Прајс за да изградат остар и елегантен имиџ, кој подоцна ги надмина наборите и појасите кај „испиратизираниот“ ново романтистички изглед кој беше популаризиран од страна на Адам и Мравките во текот на 1980-81 година.

Дуран Дуран во раните почетоци

Бендот продолжи да ја промовира модата како дел од пакетот во текот на нивната кариера. Во 90 – те години соработуваа со Вивиен Вествуд, а во 2000 година со Џорџо Армани. Бендот одржуваше креативна контрола на визуелното претставување и имаше блиска соработка со графичкиот дизајнер Малколм Герет многу други низ годините, за да создаде омоти за албумите, програми за турнеите и други материјали. Сите 5 членови на бендот беа фотогенични и беа етикетаирани како „најубавите момци во рокот“ од страна на списанието Пипл. Британските тин и музички списанија набрзо покажаа интерес за нивниот добар имиџ, а кратко потоа им се придружија и американските. Во раните 80-ти години редок беше месецот во кој не беше издадена барем една фотографија од членовите на бендот во тин списанијата како Смеш Хитс или Тајгер Бит.

Џон Тејлор еднаш забележа дека бендот е како „кутија со чоколатца Квалити Стрит, секој има свое омилено“. Дуран Дуран подоцна зажалија за раното изложување во јавноста, но во тоа време помогна за да се привлече националното внимание. На почетокот на 1988 година, во интервју за списанието Рок Фивер Суперстарс, Џон Тејлор изјави: „Порано во 79 година бевме интригантно име за спомнување, но потоа дојде публицитетот на петте ѕвезди и нешто тргна наопаку. Нешто навистина тргна наопаку. Тоа не беше тоа што го барав. Не дека не сакав да вриштат по мене. Во еден момент навистина сакав.“

1980 – 1981[уреди | уреди извор]

Првиот албум на бендот Дуран Дуран беше издаден под етикета на ЕМИ во 1981 година. Првиот сингл, "Планетата Земја", достигна до Топ 20 на Обединетото Кралство во број 12.[7][8] А следниот "Безгрижни Спомени", беше на место број 37.[9] Сепак нивниот трет сингл, "Девојките на филм",беше тој што привлече најголемо внимание. Песната стигна до место број 5 во Велика Британија[7] пред озлогласеното видео да биде снимено. Во август, видеото во кое има топлес жени кои се борат во кал, борби со перници и стилизирани прикази на други сексуални фетиши, беше направено во режија на дуото Годли и Крем.[10] Видеото е снимено само две недели по лансирањето на Ем Ти Ви во САД.[11] Бендот очекуваше дека видеото "Девојки на филм" треба да се пушта во поновите ноќни клубови кои имаат видео екрани или на платени ТВ канали, како на Плејбој каналот. Кевин Годли го објасни размислувањето позади тоа: Ни беше многу експлицитно кажано од страна на менаџерите на Дуран Дуран да направиме сензационално и еротско парче што ќе биде наменето за клубови, каде што ќе се прикажува нецензурирано само за да ги натера луѓето да обрнат внимание и да разговараат околу тоа.[10]

Видеото во голема мера беше цензурирано од Ем Ти Ви. Албумот го достигна својот врв во Велика Британија во Топ Дваесет и беше на местото број 3. Подоцна во 1981 година, бендот се оддаде на својот првата клупска турнеја во САД, проследена со повеќе датуми во Германија и Велика Британија. Оваа втора турнеја во Велика Британија се совпадна со бранот на безредијата предизвикани од невработеноста и расната напнатост, вклучувајќи ги и оние на Мос Сајд и Токсет. Бендот свиреше во морничаво тивкиот Бирмингем еден ден по немирите на Хендсворт. Дуран Дуран почна да постигнува светско признание во 1982 година.

Во мај тие го издадоа нивниот втор албум, Рио, кој стигна до место број четири во Велика Британија на Топ Дваесет[12] и сингловите "my Own Way", "Hungry Like a Wolf", "Save a Prayer", а насловната нумера "Рио". А главната турнеја низ Австралија, Јапонија и САД беше проследена со поддршката на бендот Блонди за време на последната турнеја во САД. Дајана, принцезата од Велс го прогласи Дуран Дуран за нејзин омилен бенд, а бендот беше наречен "познатата петторка" од страна на британските медиуми, споредувајќи ги со Битлси чиј прекар беше Познатата четворка.[13][14]

Албумот Рио на почетокот не помина добро во САД. ЕМИ во Велика Британија го промовираше Дуран Дуран како нео романтистички бенд, но тој жанр беше едвај познат во САД и подружницата na американскиот ЕМИ Капитол Рекордс беше во криза за тоа како да ги продадат. По Карневал, ЕП на денс ремиксите на Рио стана популарнo со диџеите во пад, a бендот го ангажираше Дејвид Кершенбаум за да им направи ремикси на поголемиот дел од песните на албумот. Во јуни 1982 година, Дуран Дуран за првпат се појави на американска телевизија. Тие енергично ја изведоa "Hungry like a wolf" и "Рио" на Dancing on Air, претходникот на националните хит шоуa Dance Party во САД. Мајкл Најси, извршниот продуцент на двете емисии, се сеќава колку беа срамежливи "момчињата" и како тие се шегувале едни со други за тоа колку лошо изгледаат на ТВ.

Откако повторно беше издаден во САД во ноември, со добра промоција, како денс албум, Рио почна да се искачува на американските топ листи шест месеци по своjot европски успех. Ем Ти Ви постојано го вртеше "Hungry like a wolf" и уште неколку други видеa od Дуран Дуран, туркајќи go "Рио" меѓу првите дваесет na топ листите во САД на почетокот на 1983 година. Исто така добро помина заводливата балада Save a Prayer.[15] "O Овој бенд е правиот за музичката телевизија", истакна списанието Roling Stоne. "Тие можеa да бидат прватa рок-група koja ќе го воведе видео бранот."[16] На крајот, албумот достигна до место број 6 во САД и остана на топ листите таму уште 129 недели - речиси две и пол години. Во 2003 година, Рио беше ставена на списокот на место број 65 во NME 100-те Најголеми албуми на сите времиња.[17]

1983-1985: "Познатата Петорка"[уреди | уреди извор]

Бендот почна да свири на Ем Ти Ви Rock'n'Roll New Year во 1983 година со "Hungry like a wolf" сè уште качуваjќи се на топ листите во САД, a американското ре-издавање на "Рио" следеше во март. За да го задоволи апетитот на Америка за нивната музика,[18] бендот повторно го издаде нивниот истоимен прв албум во САД во средината на годината со додавање на новиот сингл "Is there something I should know?". На објавувањето, оваа песна стигна до место број 1 во Велика Британија (што тогаш е реткост и нивниот прв „шетач“ по листите во нивната родна земја) стигна до место број 4 на американските топ листи. За време на промоцијата на овој албум, Родс и Ле Бон беа виџеи гости во шоу на Ем Ти Ви, за време на што уметникот и обожавател Енди Ворхол помина да ги поздрави. "Нашите први свирки во Соединетите Американски Држави беа луди и култни", рече Родс подоцна, "Но, кога се вративме по времето кога "Hungry" беше хит, тоа беше хаос. Тоа беше Битлманија. Ние одржавме потпишување на "Девојки на филм" во една продавница na Тајмс Сквер. Не можевме да излеземе од продавницатa. Полицајците ги затворија улиците".[19][20] Исто така, во 1983 година, клавијатуристот Ник Родс го произведе бројот 1 во Велика Британија и американскиот хит број 5 "Too Shy" за англискиот бенд Кајагугу, a Енди Тејлор стана првиот член на Дуран Дуран koj се ожени. Главните соперници на поп бендот беа сега Culture Club и Freesvam!. Но, експлозивната популарност na Дуран Дуран лесно ги надмина овие конкурентни бендови на глобално ниво.

Бендот ja помина следната година како даночен бегалец, пишувајќи песни во замок во Франција, каде што The Tube со Џулс Холанд снимиja документарец со бендот во мај 1983 година пред да отпатуваат за Монтсерат, а потоа за Сиднеј за да го снимат и измиксаат нивниот трет албум. Во текот на летото, тие се вратија во Велика Британија за да одржат два концерта, првиот на 20 јули пред принцот и принцезата од Велс во театарот Доминион, a 3 дена подоцна одржаа хуманитарен концерт на домашен терен во Астон Вила. Бендот беше под притисок да се надоврзе на успехот на Рио и процесот на снимање траеше шест месеци бидејќи различни членови od бендот се препираа поради перфекционизам и несигурност.[21] Новиот декадентен начин на живот и проблемот со злоупотреба на супстанции донесоа додатни компликации. Во документарниот филм Вонреден Свет, снимен една деценија подоцна, Родс go опиша ефектот на нивниот звук како "едвај контролирана хистерија, која гребе под површината".[22]

Кон крајот на 1983 година, во новиот албум, Seven and the Ragged Tiger,беше додаден хитот "Union of the snake" (со сопран саксофон, соло од Енди Хамилтон). По "Hungry like a wolf", "Рио", "Save a Prayer" и "Is there something I should know", Дуран Дуран се најдоа меѓу првите пет на американскиот Топ Дваесет од три различни албуми во една година. Бендот направи музички наслови со донесување одлука за издавање на видеото за "Union of the Snake" на Ем Ти Ви цела недела пред да биде пуштена на радио во време кога индустријата се плашеше дека видеото навистина може да го убие радиотo. Тие се надоврзаa со "New Moon on Monday", која го достигна местото број 9 во Велика Британија. Нивниот следен сингл "The Reflex", земен од Seven and the Ragged Tiger со додаден значаен ремикс од Нил Роџерс, стана нивниот прв хит број еден во САД. Поранешниот тапанар Роџер Тејлор, кој се приклучи на бендот во студиото да свири на тапани на "Watching the detectives" и "Perfect Day" (како и преработката на "Хипстер" од Т.Рекс, коja не се појави на албумот). Во видео интервју направено со електронски прес-комплет на албумот, Рид рече дека верзијаta од Дуран Дуран е најдобра преработка некогаш направена на една од неговите песни и добиja пофалби од Роберт Плант и Џими Пејџ за нивната преработка на "Thank You" од Лед Цепелин.

Откако промо турнејаta за Thank You беше завршена, Џон Тејлор стана соосновач на етикетата B5 Рекордс и сними соло албум, ја основаше и направи турнеja со супергрупатa Neurotic Outsiders и ја обнови Power Station, иако проектот се одвиваше без него кога тој мораше да се повлече за да се справи со неговиот развод од Де Кејднет. Конечно, после повеќемесечна борба за снимање на својот следен албум, Medazaland, во јануари 1997 година, Тејлор на обожавателската конвенција DuranKon објави дека го напушта бендот "за добро". Неговото заминување го намали бендот на два оригинални членови (Ле Бон и Родс) и Кукуруло, кој реши да продолжи со снимање под името Дуран Дуран.

1997-2000: Џон Тејлор заминува, резултати од второтo трио[уреди | уреди извор]

Ослободен од некои внатрешни конфликти за пишување, бендот се врати во студио за да го преработи и повторно да сними многу од песните на Medazalаnd. (Работаta на Тејлор останува на само четири песни.) Овој албум го одбележа враќањето на слоевитотo експериментирање so Big Ting, со сложени гитарски текстури и преработени вокали. Песната "Out of My Mind" беше употребувана како тема за филмот Saint, но единствениот вистински сингл кој беше објавен во САД беше "Electric Barbarela", првиот сингл koj некогаш беше продаден онлајн. Видеото за овој сингл, кој има секси робот купен и управуван од страна на членовите на бендот, мораше да биде цензуриранo пред емитувањето на Ем Ти Ви, но имаше малку контроверзија околу "Girls on film". "Barbarela" го достигна местото број 52 во САД во октомври 1997 година. Иако Medazalend беше издаден во САД во октомври 1997 година, албумот никогаш не беше издаден во Велика Британија. "Barbarela" подоцна беше издаден во Велика Британија како сингл во 1998 година. Најголемиот компилациски албум го достигна местото број 23 на листата во Велика Британија во јануари 1999 година. Групата настапи на концертот посветен на принцезата Дајана на 27 јуни 1998 година на посебно барање на нејзиното семејство.

Дуран Дуран се поделија меѓу Капитол / ЕМИ во 1999 година, иако етикетата оттогаш се користи на позадината на каталогот од Дуран Дуран при издавањето на неколку компилации на ремикси и ретки винил за б-страни. Бендот потоа го потпиша она што беше наменетo да биде договор за трет албум со Дизни Холивуд Rекордс, но не помина добро здобивајќи се со 200 албуми Pop Trash. Ова бавно темпо и тешкиот албум се чинеше дека се надвор од согласност со претходниот материјал од бендот. Комплексната продукција на Родс и текстописецот Кукуруло и експериментирањетo со звуците на гитарата и потписот на времето не беа доволни за да се шривлече јавноста и албумот не помина добро. заносниот сингл "Someone else not me" едвај две недели се задржа на радио, иако неговотo видео беше забележано како прво кое целосно се произведе со флеш анимација. Додека ги поддржуваа Medazzalаnd и Pop Trash, Дуран Дуран имаа турнеи со басистот Вес Вемилер и тапанарот Џо Траверс.

2001-2006:Обединување[уреди | уреди извор]

Во 2000 година, Ле Бон му пријде na Џон Тејлор со предлог да се реформира класичниот состав на Дуран Дуран. Тие се усогласија, а по завршувањетo на турнејата на Pop Trash го избркаа Кукуруло преку писмо. Кукуруло потоа на своето мрежно место објави дека го напушта Дуран Дуран за да продолжи со работата со неговиот бенд od 1980 година Missing Persons. Оваа објава беше потврдена наредниот ден на мрежното место на Дуран Дуран, а еден ден подоцна од страна на новинарите беше објавено дека Џон, Роџер и Енди Тејлор се повторно заедно. За да ги исполни обврските од договорот, Кукуруло свиреше на три концерти на Дуран Дуран во Јапонија во јуни 2001 година, завршувајќи го неговиот мандат во бендот.

Во текот на 2001 година, 2002 и 2003 година, бендот работеше на пишување на нов материјал, првично се регрутираше во куќа во сент Тропе, каде што инженерот за звук Марк Тинли изгради студио за нивнатa првa сериозна сесија во пишување. Тие потоа се вратиja во Лондон за да направат неколку само-финансирани работи со различни продуценти(вклучувајќи го и стариот пријател Нил Роџерс) kako и за да склучат нов договор за плоча. Се покажа тешко да се најде издавачка куќа koja сака да се коцка на кам-бек на бендот, па Дуран Дуран отиде на турнеја за да ja докаже моќтa на повторно обединетиот бенд. Одговорот на обожавателите и медиумите ги надмина очекувањата. Бендот настапи на неколку датуми на 25-годишнината во јули 2003 година. Билетите беа распродадени за секој концерт во рок од неколку минути, a познатиte личности испадна deka масовно се противат на обединувањеto покажуваjќи резервираност поради малите места во кои свирел бендот при нивната прва посета на Америка во 1981 година. Во август, бендот беше ангажиран како презентер на Ем Ти Ви Музичките видео Награди во 2003 година, само за да биде изненаден со награда за животно дело. Тие, исто така, добиja награда за животно дело од списаниеto Кју во октомври, а за еквивалентен исклучителен придонес ја добија наградата на Британските Награди во февруари 2004 година.

Темпото тргна со распродадени турнеи во Америка, Австралија и Нов Зеланд. Бендот одржа целосен концерт на приватна забава во Супер Боул ХХХVIII, нивната изведба на "Wild Boys" se емитуваше пред милиони за време на шоутo пред натпреварот. А ремиксот на новата трака "Reach out the Sunrise" беше објавен на многу телевизиски емисии во февруари, додека списанијатa го поздравија (модернo "Познатата петорка") Дуран Дуран како еден од најголемите бендови на сите времиња. Дуран Дуран потоа го прослави нивнотo враќање во Велика Британија со четиринаесет датуми на стадиони во април 2004 година, вклучувајќи и пет распродадени вечери на арената Вембли. Британскиот печат, традиционално непријателски настроен кон бендот, се покажа како доста топол во коментарите. Дуран Дуран го донесе со себе бендоt Goldfrаp, како предгрупа за оваа турнеја. Последните две емисии што беа снимени, резултираa со концерт на ДВД Дуран Дуран: Во живо од Лондон, кој беше издаден во ноември.

Конечно, со повеќе од триесет и пет песни завршени, бендот потпиша четири-албум договори со Епик Рекордс во јуни и го заврши новиот албум, сега насловен како Астронаут. Албумот беше издаден во октомври 2004 година и се најде на топ листите во Велика Британија на место бр.3 и на топ листите во САД на место број 17. Првиот сингл беше "Reach out the Sunrise", кој го достигна местото број 1 на Билборд денс листата во САД во ноември го достигна местото број 5 meѓу сингловите на листите во Велика Британија, највисокata позиција на Дуран Дуран по "A view to kill" во 1985 година. А вториот сингл, "What happens tomorrow", дебитираше на местото брoj 11 на топ листите во Обединетото Кралство во февруари. А миксот 5.1 на Astronaut беше создаден од страна na Џереми Витли за издавање на двојниот-диск на Астронаут. ЦД страната го содржеше албумот таков каков што е, додека ДВД страната го содржеше миксот 5.1 од албумот во ДВД аудио формат пропратен со ДВД снимки и видеа. После светската турнеја на почетокот на 2005 година, Дуран Дуран го потврди масовниот концерт Live8 на 2 јули 2005 година во Циркус Максимус, Рим.

2006 – 2008: Масакр на црвениот тепих, второ заминување на Енди Тејлор и втор квартет[уреди | уреди извор]

На почетокот на 2006 година, Дуран Дуран ја преработи „Инстант Карма“ од Џон Ленон за кампањата Мејк сам Нојс спонзорирана од страна на Амнести Интрнешнл. Нивната верзија подоцна се појави на Инстант Карма: Кампањата на Амнести Интрнешнл за да го спасат Дарфур, како ексклузивна бонус трака на ИТјунс. Исто така, настапуваа на два отмени настани: Нобелови Награди и Зимските олимписки игри во 2006 година. По неколку недели пишување во Северна Калифорнија, бендот почна да работи со продуцентот Мајкл Патерсон во Лондон, и продолжија така во наредните неколку месеци. Во еден момент, бендот изјави дека има 15 траки скоро готови за албум кој би се викал Репортаж, но немаше понатамошни информации околу тоа со месеци после тоа. Изгубениот албум анводно имаше предност и не беше издаден поради правни проблеми со повторното заминување на Енди тејлор. Во септември, бендот во Њујорк одржуваше состаноци со Џастин Тимберлејк и продуцентот Тимбеленд за потенцијална соработка и наскоро објави дека се комплетирани три песни со продуцентот, меѓу кои и дует со Џастин Тимберлејк. На 25 октомври 2006 година, Енди Тејлор повторно го подели бендот. Во официјално соопштение на нивното мрежно место, Дуран Дуран изјавија дека меѓу нив и Тејлор се развил „нефункционален јаз“ и дека „повеќе не можеме да функционираме заедно“. Во книгата „Вајлд Бој“ од Енди Тејлор беше спомнато дека тензиите се зголемувале помеѓу него и менаџерите на бендот, притоа дека му беше дијагностицирана клиничка депресија поради смртта на неговиот татко. Дом Браун, кој претходно беше на турнеја со бендот, ги презеде обврските околу гитарата и оттогаш настапуваше со нив. По заминувањето на Тејлор, бендот го финишираше албумот Репортаж и напиша и сними нов албум во кој беа вклучени и песните на Тимбеленд. Дом Браун е гостин гитарист. Во јули, бендот настапуваше двапати на стадионот Вембли, на концерт за Дајана и на концертот Лајв Ерт во Лондон. На 25 септември, соработката со Тимберлејк „Фолинг даун“ беше издадена како сингл за симнување на ИТјунс, а бендот изјави дека ќе настапат на 9 шоуа во театарот Етел Баримор на Бродвеј за да го промовираат албумот Масакр на црвениот тепих. Промоцијата на албумот подоцна беше проширена со едно шоу во Лондон на 3 декември 2007 година и едно во Даблин на 5 декември 2007 година. Во мај 2008 година, имаа турнеја низ американската „нога“ од нивната последна турнеја во 2008 година и беа поддржани од страна на колегите Британскиот квинтет Јор Вегас. Во јуни 2008 година, свиреа во Лувр во Париз во обидот за прибирање средства за придонес во реставрацијата на собата за цртање од Луј 15. Гостите вечераа, приватно ги погледнаа некои од уметничките дела во музејот, потоа присуствуваа на изведбата на бендот на И.М. Пеи дизајнирана Пирамида Лувр. Настапот на бендот го одбележа првиот пат за двата члена и за музејот од 18 век (во кој претходно никогаш не било дозволено да се одржи рок концерт во рамките на зградата).

На 2 јули во Париз, Марк Ронсон изведе уникатен сет во живо заедно со Дуран Дуран, на ексклузивна изведба само со покана. Заедно, ги претставија специјалните преработени верзии на некои од класиците на Дуран Дуран ре-создадени од страна на Ронсон, заедно со песните од новиот албум на бендот, Масакр на црвениот тепих. Сајмон Ле Бон, исто така, изведуваше песни од последниот албум на Ронсон, Вержн, како еден од гостите вокали на Ронсон. За разлика од претходниот албум на бендот Астронаут, Масакр на црвениот тепих се продаваше малку и се здоби со измешани реакции од музичките медиуми. Во 2008 година, Рио беше вклучен во серијата Класични Албуми.

2009-сега: Се што ти треба е сега[уреди | уреди извор]

Бендот се прости со Епик рекордс во 2009 година, по издавањето на само два албума. На почетокот на 2010 година, беше откриено дека бендот ќе прави преработка на „Бојс кип свингин“ за добротворна плоча за Дејвид Боуви наречена Ви вр соу трнед он од која целиот профит одеше за Вар Цхилд со Карла Бруни, Девендра Банхарт, Едвард Шарп и Магнетичките Нули, Варпеинт и неколку други. Албумот беше издаден на 14 септември 2010 година за издавачката куќа Манимал Винил. Ограничената верзија со седум синглови од Дуран Дуран и Карла Бруни беше, исто така, издаден за Манимак Винил во декември 2010 година.

Во ноември 2010 година, Дуран Дуран најави промоција на нивниот 13 студиски албум ширум светот, наречен Се што ти треба е сега, кој беше издаден под инди етикетаиранат издавачка куќа Ес-Крв. Албумот беше продуциран од страна на добитникот на Греми, Марк Ронсон и беше миксан од страна на Спајк Стент, а беше издаден на ИТунес на 21 декември 2010 година достигнувајќи го местото бр. 1 на листите за симнување во 15 земји (вклучувајќи ја и Велика Британија). Првиот сингл од албумот, насловната песна „Се што ти треба е сега“, беше достапна за симнување ширум светот на 8 декември 2010 година ексклузивно на ИТунес.[23] Гитаристот и текстописецот Дом Браун има придонесено за сите освен за две песни на овој албум. Во март 2011 година бендот одржа концертна турнеја за промоција на албумот – наречена Се што ти треба е сега. Имаше шоу за загревање во Лондон, а турнејата започна на 16 март 2011 година во Остин, Тексас.[24]

Физички проширениот албум и неколку специјални формати на пакети беа издадени во март 2011 година, 30 годишнината од првото издавање на „Планет Ерт“. Цд-то содржи 14 песни односно 5 додатни пенси: „ Mediterranea“, „ Other People's Lives “, „ Too Bad, You're Too Beautiful“, „Diamond In The Mind “ и „ Return To Now “. На видео постирано на 14 февруари 2011 година, на мрежната страница на бендот, Родс го спомна миксањето на други четири песни: „Too Close To the Sun", "Early Summer Nerves", "This Lost Weekend" и "Networker Nation". Албумот се најде на 11 место на Британската топ листа и на 29 место на листата Билборд.

На 25 февруари 2011 година, додека беа во Милано, Дуран Дуран добија награда за стил. Летиција Морати, градоначалничката, го прими бендот со клуч за градот, почестен со наградата за стилски икони на 20 век.

На 23 март 2011 година, бендот настапуваше во живо во театарот Мајан во Лос Анџелес, како вовед во втората сезона на “Unstaged: An Original Series from American Express“. Концертот беше емитуван во живо на Ју Тјуб и беше режиран од страна на Дејвид Линч. На бендот на сцената му се приклучија Жерард Веј од My Chemical Romance, Бет Дито од Gossip и Келис.

Во мај 2011 година, Ле Бон доби ларингитис што доведуваше или до откажување или до презакажување на поголемиот дел од европските датуми за светската турнеја 'All You Need Is Now'. Во октомври 2011 година, се ширеа гласини дека Дуран Дуран ќе бидат дел од пишувањето на темата за новиот филм на Џемс Бонд , Skyfall со продуцентот Марк Ронсон. Тоа беше вторпат како тие прават насловна тема за филмот.

Влијанија[уреди | уреди извор]

Иако ја започнаа кариерата како„група од уметничка школа, експериментални, пост панк рокери“,[25] наглото зголемување на популарноста, исполираниот добар изглед и прифатеноста од страна на тин медиумите, скоро гарантираше дисфаворизирање од музичките критичари. За време на 80-те години, Дуран Дуран беа сметани за квинтесенцијална преработена, поп група. Сепак, според Sunday Herald: „За да ги опшеме , како некои, како првиот машки бенд, погрешно би ги претставиле. Нивното оружје не беше само добриот изглед, туку нивните песни.“[26] Како што кажа Моби за бендот во дневникот на неговото мрежно место во 2003 година: „....беа проколнати од тоа што ние го викаме клетвата на Би Џис, што би било: пишувај одлични песни, продај многу плочи и последователно соочи се со губењето на интерес од страна на критиката опседнат со рокот.“[27]

Неколку од привремениците на бендот вклучувајќи ги и Бенглс, Елтон Џон, Кајли Миног, Пол Јанг, дури и Монкис се нарекоа себеси обожаватели на стилскиот, растечки поп на бендот. Ле Бон ја опиша групата како „бендот на кој танцуваш кога бомабат ќе падне“.[28] Славните Беарнејкед Лејдис, Џонатан Дејвис од Корн, Брејвери, Гвен Стефани и Пинк кажаа дека Дуран Дуран е клучниот бенд во нивните оформувачки години. Пејачот Џастин Тимберлејк отворено призна дека е еден од најголемите обожаватели на бендот.[29] Новите изведувачи кои ги именуваа Дуран Дуран како влијание беа Дајдо, Франц Фердинанд, Паник ат д Диско, Лостпрофетс(кои го презедоа името од касетата на Дуран Дуран), Голдфреп и Брендон Флауерс од Килерс, кој рече:„Ник Родс е мој апсолутен херој – нивните снимки сè уште звучат свежо, што не е лошо што се однесува до синтите“.[30]

Ник Родс директно ги позајми своите продуцентски техники во албумот White Feathers од Кајагугу и неговиот сингл бр. 1 „Too Shy “ и во албумот Welcome to the Monkey House од Денди Вархолс. Музиката на бендот беше употребена од страна на неколку хип-хоп изведувачи, најпознатиот Ноториус БИГ, кој го преработи нивниот сингл „Ноториус“ од 1986 година. Бројни бендови правеа преработки на нивните плочи и концерти.[31]

Хидеки Камија, режисер на хит видео играта, Devil May Cry во 2005 година откри дека за модел на главниот карактер Данте го одбрал Џон Тејлор. Хидеки внимателно одбрал прототип за рок ѕвезда со харизма, стил и сексуална привлечност за да го создаде овој моќен лик. Елементи на моќ и мистерија го балансираат овој карактер. За време на интервјуто, Хидеки Камија коментираше дека еден од неговите бендови идоли во детството бил познатиот британски бенд од 80-те години, Дуран Дуран. Еден од членовите на бендот, басистот Џон Тејлор, ги исполнуваше условите за модел за Данте. Ликот на Данте беше огледало на изгледот на Џон Тејлор со неговата долга, рокерска коса и манири. Дизајнот на лицето на Данте беше инспириран од лицето на Џон Тејлор. Секој може да забележи дека лицата се идентични. Интересно е тоа што, смислата за рок мода кај Џон Тејлор придонесе за потписот на Данте, неговото долго, крв-црвено палто прошарано со темни тонови и додатоци.

Видеа[уреди | уреди извор]

Кабловскиот канал Ем Ти Ви и бендот излегоа во јавноста во скоро исто време, помагајќи си меѓусебно за поголема популарност.[32] На Ем Ти Ви му беа потребни видеа со харизматични изведувачи. Лес Гарланд, постар извршен потпретседател на Ем Ти Ви, кажа:„Се сеќавам на нашиот режисер за талент и односи со артистите кој дојде трчајќи и рече:Мораш да го видиш видеово што излезе.“. Дуран Дуран не беа воопшто пуштани на радио во тоа време, а Ем Ти Ви сакаше да промовира нова музика. „Hungry Like the Wolf “ беше најдоброто видео кое некогаш го имав видено.[33] Работата на бендот со видеата беше влијателна на повеќе начини. Прво, Дуран Дуран снимаа на егзотични локали во Шри Ланка и Антигва, создавајќи впечатливи слики кои беа радикално различни од тогаш честите нискобуџетни видеа на бендови кои свират на бина. Второ, бендот порадо учествуваше во мини-стории, отколку да свири на своите инструменти. Видеата веќе беа тргнати во оваа насока, но Дуран Дуран го водеше трендот со стил, пропратен со брзи преработки, зачудувачки графички дизајн и од нереални до бесмислени инсерти, кои го привлекоа вниманието на коментаторите и го поттикнаа изобилството на имитаторите.

Дуран Дуран беа меѓу првите бендови кои порадо ги снимаа спотовите со филмска 35 милиметарска камера, отколку со евтини камери на видео ленти, правејќи да изгледаат супериорно во однос на многу брзи и евтини видеа кои дотогаш беа столбовите на Ем Ти Ви. Ем Ти Ви им обезбеди на Дуран Дуран пристап до американските радио пазари кои беа непријателски настроени кон британската музика, новиот бран на музика или било што со синтисајзери. Поради тоа што на почетокот Ем Ти Ви не беше достапен насекаде низ Америка, беше лесно да се види шемата: каде што се емитуваше Ем Ти Ви, побарувачката на слушателите за Дуран Дуран, Тиарс фор Фиарс, Деф Лепард и други европски бендови со интересни видеа го проби таванот.[34] Сончевите видеа на бендот за "Rio", "Hungry Like The Wolf", "Save A Prayer" и нереалното видео за "Is There Something I Should Know?" беа снимени од страна на режисерот за футуристички филмови Расел Малкахи, кој за бендот направи 11 видеа. Дуран Дуран секогаш излегуваа со иновативни режисери и техники, дури и во подоцнеѓните години кога Ем Ти Ви не ги пушташе толку многу. Покрај Малкахи, бендот соработуваше и со влијателните фотографи Дин Чемберлејн и Елен фн Унверт, кинескиот режисер Чен Каиге, изработувачот на документарни филмови Џулиен Темпл и Полските Браќа меѓу другите. Според Ник Родс, „Видеото за нас е како стереото за Пинк Флојд“.[35]

Во 1984 година, бендот промовираше видео технологија на нивните настапи во живо на стадионите што беше меѓу првите дела кои вклучувале и видео бим над сцената.[36] Тие ги снимаа концертите употребувајќи ИМАКС и панорамски видеокамери од 360 степени, со аудио канал 10.2. во 2000 година, тие експериментираа со технологија за аугментативна реалност, која овозможи на сцената со бендот да се појават и тридимензионални компјутерски направени слики.[37] Се појавија на неколку видео одбројувања за крајот на векот: на MTV "100 Greatest Videos Ever Made" се најдоа со "Hungry Like The Wolf" на место бр.11, а со "Girls On Film" на место бр.68, и на "VH1: 100 Greatest Videos" со "Hungry" на место бр.31 и со "Rio" на место бр.60. Ем Ти Ви го назначи "Hungry" за 15-то највртено видео на бендот на сите времиња.

Бендот издаде неколку видо компилации, започнувајќи со истоимениот видео албум Дуран Дуран, за кој тие добија Греми, сè до издавањето на дводелниот ДВД диск Греатест, кој содржеше алтернативни верзии на неколку популарни видеа како Easter eggs. Како додаток на Greatest, документарниот филм Sing Blue Silver и концертниот филм Арена (двата од 1984 година) беа издадени на ДВД во 2004 година. Концертното видео Live From London, едно од нивните распродадени шоуа од 2004 година на арената Вембли,беше издадено есента во 2005 година.

Други видео колекции, концертни филмови и документарци останаа достапни само на видео ленти, поради тоа што Дуран Дуран сè уште немаше издадено колекција која ги вклучуваше сите нивни видеа. Бендот изјави дека голема бројка на необјавени концерти и документарни снимки се снимени низ годините, за кои се надева дека во блиска иднина ќе има можност да се преработат и да се издадат во некаква форма. Видеото за "Falling Down" беше издадено во октомври во 2007 година. Видеото режирано од страна на Ник Еган за насловниот сингл од 'All You Need Is Now' имаше премиера преку Јаху Мјузик на 20 декември 2010 година. Второт видео од 'All You Need Is Now' беше издадено на 8 ноември 2011 година. Во него се појавуваат светските супер модели: Јасмин Ле Бон, Синди Крафорд, Наоми Кембел, Ева Херцигова и Хелена Кристенсен играјќи ја улогата на бендот. Видеото беше режирано од страна на Џонас Акерлунд и за време на снимањето, беше направена воведна статија за магазинот Харперс Базар.

Ник Родс[уреди | уреди извор]

Ник Родс

Ник Родс (роден Николас Џејмс Бејтс, 8 јуни 1962 година) е британски музичар, најдобро познат како клавијатуристот на поп – рок бендот Дуран Дуран. Родс е најмладиот член на бендот. Тој, исто така, издаде албум со Аркадија во 1985 година(проект на страна од Дуран Дуран), како и за The Devils во 2002 година со Стефан Дафи.

Почетоци[уреди | уреди извор]

Бејтс беше единственото дете од богати родители, сопствениците на продавницата за играчки во Бирмингем. Во 1978 година, Бејтс го напушти училиштето на 16 годишна возраст и го формираше Дуран Дуран со другарите од уметничкото училиште Стефан Дафи и Џон Тејлор.во отприлика исто време кога името Дуран Дуран беше избрано за бендот, тој реши да си го смени името, поради проблеми со соучениците околу неговот име, во Родс по грчкиот остров (или по клавијатурите Родс, според првите статии и интервјуа по списанијата). Тој одеше во средното училиште Вудраш во холивудскиот Бирмингем. Додека пак во Вудраш, тој и Џон Тејлор го формираа бендот РАФ со други соученици. Откако бендот конечно се состави во 1979-80 година, Дуран Дуран почнаа да свират во локалниот клуб "The Rum Runner" во Бирмингем. Сопствениците на клубот станаа менаџери на бендот, а Родс почна да работи во клубот како диџеј.

Придонеси за Дуран Дуран[уреди | уреди извор]

Бендот постигна растечки успех, а Родс беше движечката сила низ сето тоа. Како нешколуван музичар, експериментираше со звуците на аналогните синтисајзери, но не ги сакаше звуците „новајлии“ кај другите синт бендови. Различното потпевнување во "Save A Prayer", основните клавијатури во "A View to a Kill" и жичените звуци во "Come Undone" и "Ordinary World" се едни од неговите напрепознатливи творби, како и футуристичкиот осцилирачки синтисајзер кој беше карактеристичен за првиот истоимен албум на Дуран Дуран. Тој, исто така, го популаризираше изведувачот Крумар во раните почетоци. Родс можеше брзо да го препознае потенцијалот за музичко видео и го тераше бендот да вложи поголем напор во нивните први видеа што изгледаше оправдано во тоа време(пред доаѓањето на Ем Ти Ви). Имаше едвај дваест години кога бендот го достигна врвот на славата, а го негуваше двополовиот и екстравагантен изглед, носеше јака шминка и од каприц ја смени бојата на косата. До крајот на 90-те години, Родс почна да пишува стихови и музика за Дуран Дуран. Неговиот дигитално изменет глас може да се чуе на насловната песна на албумот Medazzaland од 1997 година. Во 2001 година, оригиналните пет членови на Дуран Дуран се обединија за да снимат нова музика.

Издавачка продукција[уреди | уреди извор]

Родс учеше продукциски техники додека беше во студио со Дуран Дуран, на крај помагајќи им да измиксаат неколку песни од албумот Рио и беше ко-продуцент на бендот во подоцнежните албуми. На почетокот на 1983 година, тој го откри бендот Кајагугу и го ко-продуцираше нивниот деби сингл Too Shy кој стана Британски бр.1 (пред било кој од сингловите на Дуран Дуран да го достигне местото бр.1). Родс и Ворен Кукуруло напишаа и продуцираа три песни од албумот на Блонди за обединување во 1996 година. Пените не беа искористени, но една од песните "Pop Trash Movie" подоцна беше снимена од страна на Дуран Дуран за албумот Pop Trash во 2000 година. Во 2002 година, Родс ко-продуцираше и свиреше следечки синитисајзер во девет песни од албумот Welcome to the Monkey House на The Dandy Warhols. Во 2004 година, продуцираше за британски ориентираната поп група Ривиера Ф за нивниот прв настап на EP International Lover, издаден под етикетата Поп Култ/Тејп Модерн.

Проекти на страна[уреди | уреди извор]

Родс, со Сајмон Ле Бон и Роџер Тејлор, го формираше проектот на страна Аркадија додека Дуран Дуран беа во мирување во 1985 година. Бендот имаше мрачен, тежок клавијатуристички звук, многу по мистичен од звукот на Дуран Дуран(или од хард рок на другиот бенд произлезен од Дуран Дуран во 1985 година Power Station). Бендот се здоби со огромен хит со "Election Day", а единствениот албум на бендот, So Red The Rose стана платинест во САД, но беше помалку успешен во нивната Британија. Бендот никогаш не беше на турнеја и се распадна кога Дуран Дуран се регрупираше во 1986 година. Низ 90-те години, Родс работеше на проект наречен TV Mania со колегата од Дуран Дуран Кукуруло. Тие создадоа само наречена „социјална џанк културна триптих опера“ составена од музика, дијалог, преработка и основен звук и се надеваа дека ќе влезат во претстава на Бродвеј. Музиката и пакувањето наводно беа завршени, но немаа најдено етикета за издавање. Во 1999 година, Родс се соедини со првичниот вокал на Дуран Дуран, Стефан Дафи за да создадат музика заснована на дел од првичната музика на Дуран Дуран која ја имаа напишано заедно. Резултатот беше албумот Dark Circles, издаден под името The Devils. Исто така, во 1999 година, гостуваше (само гласовно) како Канадскиот бомбардер пилот во South Park: Bigger, Longer & Uncut. Во 2006 година Родс и Џон Тејлор соработуваа на компилацискиот албум Only After Dark.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Родс ја сретна Џули Ен Фридман (наследничка на богатството од Younkers Department Store во Ајова, САД) на забава на јахта додека беше на американска турнеја во 1982 година и се ожени со неа на 18 август 1984 година. Имаа една ќерка , Татјана Ли Орхид(родена на 23 август 1986 година). По кратка разделба и обид за помирување, поднесоа барање за развод во 1992 година. Родс се воодушеви од уметничкиот свет на почетокот на неговата кариера, спријателувајќи се со Енди Вархол и екипата на The Factory посетувајќи изложби ширум светот. На крајот на 1984 година, ја издаде својата книга за апстрактни уметнички фотографии Interference. Многу од фотогфариите беа изложени во галеријата Хамилтон во Лондон. Родс е вегетаријанец од доцните 80 години. Таткото на Родс , Роџер Бејтс, со кој беше близок, почина во 2008 година. Концертот на Дуран Дуран на 7 јули 2008 година во Бирмингем беше посветен на неговиот татко. Родс е втор братучед со гитаристот на Exide Том Бејтс. Во ноември 2011 година, Родс доби чин на Почесен Докторат на Уметност од Универзитетот во Бедфордшир, поради неговите придонеси во музичката индустрија како текстописец, изведувач и продуцент.

Џон Тејлор (басист)[уреди | уреди извор]

Џон Тејлор (роден како Најџел Џон Тејлор на 20 јуни 1960 година) е британски музичар кој е познат како басист и соосновач на поп рок бендот Дуран Дуран. Дуран Дуран беше еден од најпопуларните бендови во светот во 80-те години поради нивните револуционерни музички видеа кои често се вртеа во првите денови на Ем Ти Ви. Тејлор е еден од најпопуларните членови на бендот. Тејлор свиреше со Дуран Дуран од неговото основање во 1978 година до 1997 година, кога ги напушти за да се посвети на соло и филмска кариера. Тој сними дузина соло изданија (албуми, ЕП и видео проекти) преку неговата компанија "Trust The Process" во наредните четири години, имаше главна улога во филмот Sugar Town и се појави околу 6 други филмски проекти. Тој повторно им се придружи на Дуран Дуран за обединувањето на првите пет членови на бендот во 2001 година. Тејлор, исто така, основаше и две супергрупи како проекти на страна : Power Station и Neurotic Outsiders.

Историја[уреди | уреди извор]

Тејлор порасна во Холивуд, предградие на Бирнмингем, Англија. Како дете, одеше во католичко училиште и во средното училиште Абеј, во Редич, носеше очила(поради кратковидост, со диоптер -10), уживаше во филмовите на Џејмс Бонд и играше војна со рачно офарбани модели на војници. На десет години ја откри музиката, назначувајќи го Roxy Music за негов омилен бенд, а пред тоа долго собираше плочи и сам се учеше да свири на пијано. Неговиот прв бенд се викаше Shock Treatment. 1978-1997: Дуран Дуран и Power Station Во 1978 година, Тејлор и другарот од училиште Ник Родс го формираа Дуран Дуран заедно со Стефан Дафи додека одеа во училиштето за фондациски студии и експериментални работилници во Бирмингем(сега градски Универзитет на Бирмингем). Наскоро потоа Тејлор претрпе трансформација на „грдото патче“- заменувајќи ги очилате со контактни леќи, усвојувајќи го носењето на набори и појаси од модата која подоцна стан позната како нео романтистички стил и научи како да носи туш и кармин. Престана да го користи името „Најџел“ и стана познат како Џон Тејлор во неговата професионална кариера. Тејлор свиреше гитара кога беше основа Дуран Дуран, но подоцна се префрли на бас гитара откривајќи ги фанки ритмите на Chic и научи да ужива во свирењето на ритмичките делови со новиот тапанар Роџер Тејлор. Тој често ги спомнуваше Бернард Едвардс и Пол Симон како најјаки влијанија врз него, заедно со Пол Макартни, Џејмс Џемерсон, Грахам Симпсон и Џон Портер. Дуран Дуран го издадоа својот прв албум во 1981 година, и продолжија со светскиот успех во почетокот на 80-те години. Првичната музика на Дуран Дуран се ориентираше кон мелодичноста на басот на Тејлор, следејќи го примерот на фанк и диско песните како "Good Times". Спротивно на популарното верување , Тејлор не свиреше бас на хуманитарниот сингл „Do They Know It's Christmas?" од Band Aid. Деловите за бас беа свирени на синтисајзер Оскар. Како што Дуран Дуран стануваа познати во 80-те години, поединечната слава на Тејлор растеше. Неговата слика беше „основна“ во тин магазините, победуваше на многу анкети за популарност, вклучувајќи го и појавувањето на листат на најсекси луѓе на магазинот Пипл. Тој живееше луксузен живот во домови во Лондон и Париз, поседуваше неколку автомобили, кои ретко имаше шанса да ги вози, како Бонд стилот на Астон Мартин за кој отсекогаш сонувал. Излегуваше со модели, како Џанин Ендрус и „Лицето на 80-те“ Рене Симонсен и беше добредојден на забави ширум светот. Во 1985 година, по снимањето на темата на врвот на листите за Бонд филмот A View to a Kill, Дуран Дуран се подели на два проекти. Џон Тејлор и гитаристот на Дуран Дуран Енди Тејлор ги здружија силите со поранешниот тапанар на Chic Тони Томсон и пејачот Роберт Палмер, кои претходно се сретнаа на стадионот во Астон Вила на добротворниот концерт на Дуран Дуран во 1983 година за да го формираат бендот The Power Station. Со водството на продуцентот Бернард Едвардс, издадоа истоимен албум, од кој произлегоа хит сингловите "Some Like It Hot" и преработката на песната "Bang A Gong (Get It On)" од Т Рекс. Истата година, Тејлор, исто така, го лансираше својот прв соло напор, снимајќи го синглот "I Do What I Do..." како саундтрак за филмот Девет и пол Недели. Тој, исто така, напиша инструментална музика за филмското достигнување заедно со Џонатан Елиас. Иако, Енди Тејлор и Роџер Тејлор го напуштија бендот, тројцата останати членови на Дуран Дуран се реформираа за албумот Ноториус во 1986 година и продолжија да снимаат и да прават турнеи во текот на 90-те години со новиот гитарист Ворен Кукуруло. Тејлор сними добра количина на необјавен соло материјал, вклучувајќи и неколку песни искористени како саундтрак на филмот Ми Вида Лока од Алисон Андерс. На 24 декември 1991 година, Тејлор се ожени со 19 годишната Аманда Де Кејднет, која веќе беше бремена со неговата ќерка, Атланта (родена на 31 март 1992 година). То се пресели од Англија во Лос Анџелес, Калифорнија за да ја помогне понатамошната кариера на сопругата, како и да го избегне постојаното внимание од британските таблоиди. Бракот на Тејлор се влошуваше иако беше ѕвездата на Дуран Дуран, која го зголеми своојт успех со Дуран Дуран во 1993, исто познат како The Wedding Album. На крајот на 1994 година, Тејлор беше на третирање поради злоупотреба на дроги и оттогаш остана чист. Тој и Де Кејднет се разделија во мај 1995 година. Успехот на Дуран Дуран брзо опадна со кавер албумот од 1995 година Thank You. По турнејата за промоција на овој албум, Дуран Дуран дел од летото 1995 година го помина работејќи на албумот Medazzaland. Конкурентно, Тејлор посвети време на проектот Neurotic Outsiders, снимајќи и правејќи турнеи со тој бенд од крајот на 1995 до почетокот на 1996 година.

1997-2001:Соло кариера[уреди | уреди извор]

Во 1996 година, Тејлор беше соосновач на независниот издавачка етикета Б5 Рекордс во Калифорнија со продуцентот Хејн Ховен. Б5 Рекорс првично снимаше од домот на Ховен на езерото Холивуд, но на крај изгради студио во Санта Моника. „Етикетата имаше мрежно место создадено од страна на Капил Матур која имаше виртуелно патување низ студијата на Б5 Рекордс, овозможувајќи им на посетителите да имаат интеракција со Тејлор и Ховен користејќи мобилни аватари во виртуелна средина.“ Во Б5, Тејлор пееше и свиреше гитара и бас на неговиот прв соло албум, Feelings Are Good (And Other Lies), работејќи со соработникот Стив Џонс од Секс Пистолс. Домашниот албум беше пуштен во продажба преку нарачка на меил и собираше профит на обожавателската страница на Дуран Дуран од продавање на цд-иња директно преку мрежната страница. Мусиката и вокалите генерално беа сирови и груби, повеќе приближувајќи се кон гранџ и панк музиката отколку до Дуран Дуран, додека пак стиховите го отсликуваа хаотичниот приватен живот на Тејлор и неговиот развод со Де Кејднет. Тој учествуваше во пишување на албумот за обединетиот Power Station на крајот на 1996 година, но неговите приватни проблеми го натераа да се повлече од проектот, кој се снимаше со Бернард Едвардс на бас и правеше турнеи со изнјамен басист. Зголемувајќи ги креативните разлики во рамките на Дуран Дуран, неговата преселба во Лос Анџелес и желбата да се фокусира на неговата соло кариера, исто така, доведоа до тоа тејлор да се премислува за неговот место во бендот. Во јануари 1997 година тој објави на обожавателската конвенција на Дуран Дуран дека го напушта бендот. Наскоро снимаше повеќе од сопствениот материјал во Б5 Рекордс, издавајќи го Autodidact иако Feelings Are Good беше реиздаден под поголемиот канадски етикета ДеРок Рекордс. Етикетаот, исто така, го продуцираше албумот Sub-Acid Sweet Songs за квартетот од Лос Анџелес Three Alarm Fire пред Ховен да ја напушти компанијата. После тоа, Б5 Рекордс и упростеното мрежно место беа реименувани во "Trust The Process" и се фокусираа на промоцијата на солото кариерата на Тејлор повеќе отколку на развивање на други артисти. Во текот на 1997 и 1998 година, Тејлор го создаде и правеше турнеи со бенд наречен "John Taylor Terroristen" (Гери ЛАфи на гитара, Мајкл Реилтон на клавијатури, Лери Аберман на таани и Џон Амато на саксофон и флејта) кој настапуваше на безбројни шоуа во Јужна Калифорнија пред да прави турнеја на Западниот и Источниот брег во САД. Бендот издаде плоча во живо и придружно видео Better Off Alive преку неговото мрежно место. По 11 септември, Тејлор изјави дека никогаш повеќе нема да го користи името Терористи за бендот. Тејлор почна да прави обиди во глумата. Неговото долгогодишно пријателство со Алисон Андерс доведе до улога во независниот филм Sugar Town во 1998 година. Тој, исто така, се појави со мали улоги во неколку други филмови и ТВ програми во наредните неколку години. Во 1999 година, Тејлор издаде два албуми од поранешниот материјал. Првиот, Résumé, беше направен од неиздадена музика што тој и Џонатан Елиас ја работеа заедно за време на сесиите за правењето на саундтракот за Девет и пол Недели во 1985 година. Вториот, Meltdown, беше колекција на песни што Тејлор ги направи во 19992 година, за време на продолженото одложување на снимањето на албумот The Wedding Album од Дуран Дуран. Опишани од страна на Тејлор како „бит денс електроника со хип-хоп влијание “, некои од стиховите оддаваа одбивност на животниот стил на Дуран Дуран, тој рече дека бил многу блиску до напуштање на бендот во тоа време, но бил одвратен од таа идеја од случајниот успех на „Ordinary World" и "Come Undone" во 1993 година. Подоцна во 1999 година, потпиша издавачки договор со јапонската издавачка куќа Авекс Тракс и издаде албум под името Џон Тејлор, но во неговата оригинална дискографија беше напишан како The Japan Album. Terroristen од Џон Тејлор имаа повеќе турнеи низ Јапонија, Германија и САД. Тој продолжи да снима за Авекс во 2000 година и на почетокот на 2001 година го издаде Techno For Two , децидно не-техно албум исполент со многу интимни песни. Брзо потоа, како што се ширеа гласините за обединувањето на Дуран Дуран, Тејлор одлучи да создаде ретроспективен пакет наречен Retreat Into Art, покажувајч7ќи го неговиот развој во претходните пет години. Ограничената верзија на 999 потпишани кутии имаше две цд-ња, постер, разгледници и др. Откако потпишаните кутии беа распродадени, сетот од две цд-ња самостојно беа ставени на пазарот. Последното издание од соло кариерата на Тејлор, кое се комплетираше по обединувањето на Дуран Дуран, беше колекцијата МетаФор издаена во 2002 година. Албумот беше поделен на четири тематски делови. Првиот содржеше инструментална музика создадена за филмот Ми Вида Лока во 1992 година. Вториот дел содржеше необјавени изведби во живо на Тејлор, додека пак, третиот дел се состоеше од голем број акустични изведби и демоа. Последниот дел беше 17 минутна сесија на прашања и одговори со која Тејлор зеде учество во Музичкиот Институт во Холивуд во 1998 година.

2001-сега: Реобединети Дуран Дуран[уреди | уреди извор]

Во 2000 година, на Тејлор во неговиот дом во ЛА му пријде пејачот Сајмон Ле Бон во врска со можно обединување на оригиналниот состав на Дуран Дуран, ос што Тејлор беше воодушевен доколку и другите Тејлори го сакаат истото. Наскоро спогодбата беше постигната и Тејлор го покажа своето обновено посветување на бендот со тетоважа на поврзани букви Д на неговата надлактица. После високо успешната турнеја низ Јапонија во 2003 година, бендот потпиша со Епик Рекордс и во октомври 2004 година го издаде албумот Астронаут. Гитаристот Енди Тејлор повторно го напушти бендот во октомври 2006 година и снимките од оваа сесија беа ставени настрана од соработката со продуцентот Тимбеленд. Албумот, Масакр на црвениот тепих беше издаден во ноември 2007 година. За да го прослави издавањето бендот презеде невообичаен чекор со што го претстави целосно албумот на 10 специјални настапи на Бродвеј во Њујорк, со светската турнеја во 2008 година. Во 2006 година, Џон и Ник Родс соработуваа за компилацискиот албум насловен како "Only After Dark“. Во декември 2010 година, бендот го издаде 13 студиски албум, All You Need is Now, со сопствен издавачки етикета, Tapemodern. Првично, скратена верзија беше понудена на ИТунес, но материјалниот албум пристигна во продавниците во март 2011 година. Тој албум изнуди позитивни критики за бендот.

Гостувања[уреди | уреди извор]

Низ годините, Тејлор работеше на проекти со неколку други изведувачи. Тој настапуваше со Џејмс Ејнџел и свиреше бас на песната "She Likes Big Words" од Дедси. Учествување во пишувањето и свиреше бас на песната "It Just Happens That Way" од Минди Абаир и беше следечки вокали на нејзината преработка "Save Tonight". Свиреше бас на "Lose Yourself With Me" од пејачот Џан Линтон во 2003 година,во која, исто така, гостуваше еден од идолите на Тејлор, поранешниот фронтмен на Be Bop Deluxe, Бил Нелсон. Тој ја преработи песната "Like A Hard Rain" за јапонскиот артист Нанасе и свиреше две песни за јапонскиот бенд Slut Banks. Проектот на Тејлор Neurotic Outsiders продолжи со работа на повремени шоуа во живо, од изненадното шоу во собата Вајпер во 1999 година. Џон Тејлор за првпат се појави во филм надвор од Дуран Дуран како Хакерот во пилот епизодата од Timeslip, ТВ програма од 1985 година која што не се снимаше понатаму. Тој подоцна гостуваше во епизодата "Whatever Works" од серијата Miami Vice од 1985 година. Во епизодата, заедно со Тони Томсон, Енди Тејлор и Мајкл Дес Берс го свиреа хитот "Bang a Gong (Get It On)" од Power Station во 1985 година. Џон беше единствениот член на бендот кој има стихови за говорење, претставувајќи го карактерот Сони Крокет (Дон Џонсон) на новиот водечки пејач Мајкл Дес Берс. Тејлор, исто така, се појави во The Flintstones in Viva Rock Vegas, во Politically Incorrect со Бил Маер во 2000 година и во That '80s Show во 2002 година. Исто така, се појави на Би Би Си како учесник во панелната игра Never Mind the Buzzcocks во април 2001 година. Тој се појавува и во видеото на Bloodhound Gang за песната "Your Only Friends Are Make Believe", „играјќи на рок, со хартија, со ножици, со себе....и губејќи“ како што е опишан од страна на Евил Џаред Хаселхоф во коментарот за ДВД-то од бендот "One Fierce Beer Run". На 25 јуни 2009 година, Џон гостуваше во 'Samantha Who' како постар рокер Томи Вајлдер во епизодата "The Rock Star". Во 2010 година, свиреше бас за деби албумот од Свахили Блонд со поранешниот тапанар на ex-Weave! Никол Тарли на песната "Tigress Ritual".

Басови[уреди | уреди извор]

Бас гитарата многу често поврзана со Џон Тејлор е јапонската Ариа Про II SB1000, која ја користеше за време на кулминацијата на славата на Дуран Дуран. Тој, исто така, го промовираше инструментот во серија реклами за списанија. Во средината на 80-те години, Џон пробуваше и други бас гитари како Штајнбергер и Вал(интересно е тоа што Вал е еден од светски признатите бас гитари, но Тејлор не беше импресиониран од инструментот). Тејлор на крај, се одлучи за басот Фактор на Филип Кубицки со уникатна Д рачка на врвот. Тејлор, исто така, го наследи Music Man StingRay кој му припаѓаше на неговиот идол Бернард Едвардс. Од 2007 година Тејлор сè уште свири на Aria и на Stingray, но, исто така беше виден како свири на басот Fender Precision од 1962 година, на Gibson Les Paul, на петжични Warwick Thumb и Peavey Cirrus. Забележувајќи ја лојалноста на Тејлор кон истата бас гитара Peavey веќе неколку години на сцената со Дуран Дуран на почетокот на 2006 година Peavey Guitars побараа од Тејлор да создаде потпис за четирижична бас гитара. Со неговиот партнер, дизајнерот, Пати Палацо и дизајнерот Тед Меккан, Тејлор создаде ограничена верзија на "Peavey Liberator JT-84" со која следува одвоен засилувач вграден во кутија направена по нарачка. Засилувачот може да биде надградено во надворешен звучник или засилувач за да се зголеми гласноста или флексибилноста. Тејлор продолжи со дизајнирање на шестжична гитара "Peavey Liberator A435" (именувана по главниот пат кој води до неговиот дом од детството во Бирмингем, Англија). Само сто од набројаните и потпишани гитари и басови беа достапни за јавноста во октомври 2006 година.

Приватен Живот[уреди | уреди извор]

Од 1985 до 1989 година Џон излегуваше со данскиот модел Рене Тофт Симонсен со која и се вери. Тој се ожени со Аманда во Лондон на 24 Декември 1991 година и добија ќерка Атланта Ну, на 31 Март 1992. Тие официјално се разделија во мај 1995. Џон ја запозна својата втора жена , Гела Неш, соосновач на Juicy Couture во 1996 година и тие се венчаа во Лас Вегас на 17 Март 1999 година. Тејлор и Неш Тејлор прво живееја во Лос Анџелес но поминуваа неколку недели во годината во South Wraxall Manor, која ја купија во 2005 година.

Сајмон Ле Бон[уреди | уреди извор]

Сајмон Џон Чарлс Ле Бон (роден на 27 Октомври 1958 година) е британски музичар познат како водечки пејач и текстописец на бендот Дуран Дуран и неговиот проект Аркадија.

Детство[уреди | уреди извор]

Сајмон Џон Чарлс Ле Бон беше прво дете на Џон Ле Бон и Ен Мери и имаше двајца браќа Дејвид и Џонатан. Тој потекнува од протерано француско племе. Неговата мајка го поттикна неговиот уметнички талент кога имаше шест години со тоа што го однесе на пробно снимање за реклама за детергентот Персил. Победи и учествуваше како малото момче со валканата маичка но немаше текст за говорење. Беше член на локалниот црковен хор од млади години но исто така вежбаше за да стане глумец. Сајмон одеше во училиштето Pinner County Grammar School, истото школо во кое неколку години претходно одел и Елтон Џон. Работеше како вратар во Northwick Park Hospital Accident and Casualty и исто така беше на аудиција за панк бенд на колеџот Хероу. Се појави во неколку телевизиски реклами и исто така во неколку театарски продукции вклучувајќи ја и Schooldays in the West End of London. Работеше и на kibbutz – израелска колективна заедница во пустината Негев во Израел во 1978 година и потоа се врати во Англија за да студира драма на универзитетот во Бирмингем пред да се сретне со Дуран Дуран во 1980 година. Ле Бон одеше на Универзитетот Бирмингем во исто време со водечкиот вокал на Бленкменџ, Нил Артур. Овој факт се појави за време на интервјуто на Бленкменџ за Смеш хитс, кое го водеше Крис Хит. Според Артур, Ле Бон го познал својот стар универзитетски колега веднаш кога налетал на него позади сцената на а Топ оф д Попс снимањето, и потоа се сретнале двајцата за пијачка и пријателски разговор.

Кариера[уреди | уреди извор]

Дуран Дуран[уреди | уреди извор]

Дуран Дуран беше основан од страна на старите пријатели Џон Тејлор и Ник Роудс придружувајќи им се како пејач-текстописец Стефан Дафи во 1978 година, но една година подоцна тој си замина од бендот, убеден дека немаат никаков напредок. Бендот по долгата пауза поради промени во составот по заминувањето на Дафи, конечно избраа гитарист и тапанар. Бендот се здоби со моќен поп звук зачинет со малку диско, фанк и електроника, измешан со солиден рок ритам, и се што им требаше беше харизматичен пејач со специфичен глас. Бившата девојка на Ле Бон, Фиона Кемп ( барменка во ноќниот клуб Rum Runner каде што Дуран Дуран одржуваа проби), го запозна со бендот во мај 1980 година, препорачувајќи го како потенцијален вокалист. Спорен легендата на бендот, тој на аудицијата се појавил облечен во розови панталони со леопардски принт носејќи нотес испишан со голема колекција на поеми што ги имал напишано- од кои неколку, подоцна, се најдоа на првите албуми на Дуран Дуран. По преслушувањето на песните кои бендот веќе ги имаше компонирано, Ле Бон помина некое време вклопувајќи ја една од неговите поеми ("Sound of Thunder") со еден од инструменталите и откри дека добро се совпаѓаат. Ле Бон се согласи да го испробаат Дуран Дуран за време на летото. Во рок од шест недели бендот настапуваше скромно околу Бирмингем, Лондон и Нотингем и имаше национална турнеја како поддршка на Хезел О’ Конор што во декември доведе до договор за снимање со ЕМИ Рекордс. Првиот албум на бендот , Дуран Дуран, беше издаден во 1981 година и за брзо време се здобија со слава како дел од нео романтистичкото движење. По мала пауза следеа уште три албуми: Rio (1982 година), Seven and the Ragged Tiger (1983 година) албумот во живо Arena (1984 година). Секое издавање на албум беше проследено со одлична медиумска промоција и долга концертна турнеја. До средината на 1984 година, бендот беше подготвен за пауза. Другиот единствен ангажман на Дуран Дуран таа година беше појавуувањето на Band Aid во 1984 година со хуманитарниот сингл "Do They Know It's Christmas". По заминувањето на Роџер Тејлор и Енди Тејлор, Ле Бон, Родс и Џон Тејлор продолжија како Дуран ДУран снимајќи ги и издавајќи ги Notorious (1986 година) и Big Thing (1988 година). Бендот ги додаде гитаристот Ворен Кукуруло и тапанарот Стерлинг Кембел и го сними албумот Liberty (1990 година), но успехот на бендот почна да се намалува на крајот на 80-те години. Дуран Дуран си ја врати популарноста со албумот The Wedding Album во 1993 година. Неколку месеци за време на проширената светска концертна турнеја за промоција на овој албум, Ле Бон имаше скината гласна жица и турнејата беше одложена за шест недели додека да се опорави. Во 1995 година, Дуран Дуран го издаде албумот со преработки Thank You и Ле Бон имаше шанса да преработи некои од своите омилени артисти, (Џим Морисон, Луи Рид и Елвис Костело)но албумот беше сурово искритикуван од сите страни. Истата година Ле Бон го изведуваше хитот "Ordinary World" од Дуран Дуран од 1993 година заедно со оперскиот тенор Лучано Павароти за време на концертот за добротворни цели „Децата од Босна“ за War Child. Ле Бон настанот за магазинот Jam! Showbiz го опиша: „Ако зборувате за испуштање на има, неговото е едно од наголемите имиња кои може да ви се испушти, Pav-The-Man“. Кога басистот Џон Тејлор го напушти бендот во 1997 година, Родс и Ле Бон останааединствените двајца членови кои биле со Дуран Дуран од почетокот. Успешните два албума со Ле Бон, Родс и Кукуруло, Medazzaland (1997 година) и Pop Trash (2000 година), не беа комерцијални успеси. Во 2001 година, се обединија оригиналните пет членови на бендот за да снимат нов албум, Astronaut, за Епик Рекордс. Astronaut беше издаден на 11 октомври 2004 година ширум светот. Албумот беше престигнат од синглот "(Reach Up For The) Sunrise", нивниот прв сингл на британскиот Топ 10 во декадата.

Аркадија[уреди | уреди извор]

Пред Дуран Дуран да се обедини во 1986 година, Ле Бон ја формираше Аркадија со колегите од Дуран Дуран Ник Родс и Роџер Тејлор. Бендот го имаше хитот на британскиот и американскиот Топ 10 со нивниот прв сингл "Election Day" и издаде еден албум, So Red The Rose во 1985 година.

Соло екскурзии[уреди | уреди извор]

Додека Ле Бон беше во Дуран Дуран низ неговата целосна издавачка историја, тој, исто така, се плеткаше и со соло излети. Во 1985 година, за Whitbread Round the World Racе, посвети песна насловена како "Grey Lady Of The Sea" и беше раскажувач на видео за трката од таа година наречено Drum (1987 година). "Grey Lady Of The Sea" беше издадена како сингл во 1988 година во Јапонија. Во 1989 година, за проектот на Џонатан Елиас Requiem For The Americas, Ле Бон ја посвети "Follow In My Footsteps" со Сузана Хофс од The Bangles како следечки вокал. Песната беше издадена како сингл во Италија истата година. Во 1998 година, заедно со пријателите Ник Вуд и сопругата Јасмин, тој ја основаше СЈН Entertainment во Токио, Јапонија. Добивајќи ја прв идејата во 1988 година, Ле Бон е моментално опишан како „основач и водач“ на СЈН, додека пак, Вуд како „основач, претседател и креативен директор“. Во 1999 година, Ле Бон беше вклучен во новиот албум на Napalm Death, соработка создадена преку љубовта кон родниот град Бирмингем. Во 2000 година, СЈН Entertainment ја формираше СЈН Рекордс која издаде неколку компилации меѓу кои и посветите на Ле Бон. Друга соло песна, "Dreamboy", беше дел од насловната тема за филмот Love Kills од Марио Ван Пиблс издадена од страна на СЈН. Исто така, во 2000 година, СЈН го ко-продуцираше албумот Pop Trash од Дуран Дуран заедно со ТВ Манијата на Ник Родс и Ворен Кукуруло. Во октомври 2005 година, холандскиот транс диџеј Фери Корстен ја издаде траката "Fire", со вокали од страна на Сајмон Ле Бон. Тоа беше ремикс на помалку познатиот сингл Serious на Дуран Дуран, од албумот Liberty. На крајот на 2006 година, Ле Бон стана член на Shinzou Sound и зеде учество во јапонскиот онлајн манга проект , Синестезија, со ко-пишување на тематската песна 'Nobody Knows' заедно со Ник Вуд. Shinzou Sound е група на креативни соработници специјализирани за манга, музика, веб дизајн и популарна култура. Тие ги здружија силите со едноставен концепт за спојување таленти при напорот за да донесат нова забав од музика и манга на иновативен начин. Ексклузивните песни, инспирирани од приказната за манга беа нарачани од страна на меѓународни и јапонски диџеи и приказната беше издадена во неколку епизоди на Интернет, со самостојно бесплатно достапни песни на ИТунес Јапонија. Во 2010 година, Ле Бон соработуваше за песната "Record Collection", насловната тема за третиот албум на Марк Ронсон. Во песната, Ле Бон може да се чуе како го пее рефренот, заено со Марк Ронсон и хип-хоп артистот Вили. Песната моментално нема датум за издавање како сингл. Ронсон подоцна го продуцираше албумот All You Need Is Now на Дуран Дуран во 2010 година.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

На почетокот на 80-те години, Сајмон беше верен со долгогдишната девојка, која од манекенство премина во глума, Клер Стенсфилд. Додека сè уште беше со Клер, и се додворуваше на младата манекенка Јасмин Парманех откако го виде нејзиното лице во списание и заѕвони во модната агенција за да ја најде, иако списанијата шпекулираа за можна венчавка со Стенсфилд. Сајмон и Јасмин се венчаа на 27 декември 1985 година. Откако Јасмин претрпе два абортуса, двојката има три ќерки (Амбер Роуз Тамара Ле Бон (родена на 25 август 1989 г. манекенка како мајка и), Сафрон Сахара (роден на 25 септември 19991 г.) и Талула Пајн (родена на 10 септември 1994 г.) Семејството, заедно со кучињата, боксер со име Лујџи, чивава Тинка и бостонски териер со има=е Сесил, живеат во Путни, Југозападен Лондон. Додека Дуран Дуран правеа пауза во 1985 година, Ле Бон го привлече медиумското влијание со неговата огромна јахта, Drum, ја изгуби нејзината кобилица и ја преврте на трката Fastnet, блиску со Фалмут, по крајот на јужниот брег на Корнвол. Пред да биде спасен, Ле Бон и другите членови на екипажот беа заглавени под вода, во телото на бродот, 40 минути. И покрај несреќата, Ле Бон и Drum учествуваа на трката Whitbread Round the World Race во 1985-1986 година стигнувајќи трети на мерено време. Ле БОн и неговите партнери на крај ја продадоа Drum, а трките беа запишани во филмот насловен како Drum – The Journey Of A Lifetime и во книгата One Watch at a Time напишана од страна на капетанот на Drum, Скип Новак. Учеството на Ле Бон на трката Whitbread беше таа што доведе до фразата рок ѕвезда-морнар. Дваесет години по неговата несреќа, во 2005 година, Ле Бон јавно ја изјави желбата за повторно тркање. За време на паузата од турнеја во август 2005 година, Ле Бон повторно се натпреваруваше со 'Drum' на трката Fastnet, позајмувајќи го возилото од тогашниот сопственик за да учествува и да собере пари за добротворни цели. Ле Бон мораше да ја остави трката незавршена, поради тоа што лесните ветрови ја успоруваа јахтата, со што би се одложило пристигнувањето во Плимут, влегувајќи во обврската на Ле Бон да настапи во Јапонија. Во 2009 година, Ле Бон(кој се опишуваше себеси како „загрижен агностик“) посвети есеј на книгата The Atheist's Guide to Christmas, едитирана од страна на Ариејн Шерин. Ле Бон ги повреди гласните жици и не можеше да ја заврши летната турнеја во 2011 година. Тој забележа:„Се трудам да звучам филозофски.“ Во интервју за Њујорк во 2011 година, Ле Бон изјави дека моемнтално ужива со бендовите Scissor Sisters, The Killers, Fall Out Boy и 30 Seconds to Mars, за кои Ле Бон вели дека имаат сличен имиџ со „пердуви и маскара“. Ле Бон е навивач на Манчестер Јунајтед.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Nostalgia: When Duran Duran rocked Aston Villa ground“. Sunday Mercury. 18 July 2009. Посетено на 19 December 2010.
  2. „Duran Duran Release Physical LP ALL YOU NEED IS NOW March 22, 2011 on S-Curve Records“. Посетено на 25 February 2011.
  3. „Duran Duran – The Early Days Chapter 1“. durancompilations.com. Посетено на 26 May 2022.
  4. „Duran Duran – The Early Days Chapter 1“. durancompilations.com. Посетено на 26 May 2022.
  5. Green, Jo-Anne (16 January 1998). „Your Mission, Barbarella: Find Duran Duran“. Goldmine. F+W Publications Inc. 24 (456). Архивирано од изворникот на 4 March 2007. Посетено на 1 May 2007.
  6. Malins 2005, стр. 60.
  7. 7,0 7,1 Malins 2013, chap. 4.
  8. Davis 2021, стр. 109–112.
  9. Davis 2021, стр. 104, 111.
  10. 10,0 10,1 Shuker 2001, стр. 170.
  11. Malins 2005, стр. 77–79.
  12. „Duran Duran“. Official Charts.
  13. Malins 2005, стр. 118.
  14. „The Charlotte News, 29 March 1984“. The Charlotte News. 29 March 1984. стр. 41. Архивирано од изворникот 7 January 2021. Посетено на 6 January 2021.
  15. Denisoff 1986, стр. 364–365.
  16. Denisoff 1986, стр. 365.
  17. „Rocklist.net...NME Writers Lists...“. Rocklistmusic.co.uk. Архивирано од изворникот на 2 February 2015. Посетено на 13 October 2019.
  18. Green, Jo-Anne (16 January 1998). „Your Mission, Barbarella: Find Duran Duran“. Goldmine. F+W Publications Inc. 24 (456). Архивирано од изворникот на 4 March 2007. Посетено на 1 May 2007.
  19. „Dramatic—Beatle-Style Mania as Princess Diana's Favourite Group Fly In“. Daily Mirror. UK. July 1983.
  20. Odell, Michael (June–July 2003). „Fame Had Its Way With Us!“. Blender. Dennis Publishing. Архивирано од изворникот на 26 June 2007. Посетено на 1 May 2007.
  21. Edwards, Mark (26 March 1995). „A Reputation For Endurance; Duran Duran“. The Times. F+W Publications Inc. 24 (456). Архивирано од изворникот на 24 November 2005. Посетено на 16 May 2007.
  22. Extraordinary World documentary film, Picture Music International, UK 1993.
  23. „ALL YOU NEED IS NOW Out in the UK on March 21“. Duran Duran. 18 February 2011. Архивирано од изворникот на 21 February 2011. Посетено на 13 April 2011.
  24. „tour“. Duran Duran Music. Архивирано од изворникот на 23 April 2011. Посетено на 13 April 2011.
  25. Green, Jo-Anne (16 January 1998). „Your Mission, Barbarella: Find Duran Duran“. Goldmine. F+W Publications Inc. 24 (456). Архивирано од изворникот на 4 March 2007. Посетено на 1 May 2007.
  26. O'Connell, John (11 April 2004). „Old Romantics“. Sunday Herald. Newsquest. Архивирано од изворникот на 8 May 2004.
  27. Moby (31 August 2003). „Duran Duran“. moby.com. Архивирано од изворникот на 12 October 2007. Посетено на 17 May 2007.
  28. De Graaf & Garret (1982), p. 19.
  29. „Who's Won The Outstanding Contribution Award At The BRITs? From The Beatles To Pink“. Capital FM. 21 February 2019. Посетено на 7 March 2023.
  30. Malins, Steve (September 2005). „Duran Duran – Notorious Wild Boys Stay The Distance“. musicOMH.com. Архивирано од изворникот на 13 May 2007. Посетено на 17 May 2007.
  31. „Duran Duran“. The Covers Project. Архивирано од изворникот на 10 May 2007. Посетено на 17 May 2007.
  32. Denisoff 1986, стр. 365: "Duran Duran станаа мултимедијални ѕвезди поради MTV, да го парафразирам басистот Џон Тејлор, не можеш да најдеш видеа за 'Stairway to Heaven'".
  33. Odell, Michael (June–July 2003). „Fame Had Its Way With Us!“. Blender. Dennis Publishing. Архивирано од изворникот на 26 June 2007. Посетено на 1 May 2007.
  34. Burns, Gary. „Music Television“. The Museum of Broadcast Communications. Архивирано од изворникот на 31 May 2007. Посетено на 17 May 2007.
  35. Denisoff 1986, стр. 364.
  36. „50 things you may not know about Duran Duran“. Birmingham Mail. 13 September 2016. Архивирано од изворникот на 20 September 2016. Посетено на 13 September 2016.
  37. „Official bio“. duranduran.com. October 2006. Архивирано од изворникот на 20 June 2007. Посетено на 14 May 2007.

Наведени извори[уреди | уреди извор]


Надворешни врски[уреди | уреди извор]