Драгутин Шурбек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драгутин Шурбек
Dragutin Šurbek
Лични податоци
Роден(а)8 август 1946(1946-08-08)
Загреб, СР Хрватска, Југославија
Починал(а)15 јули 2018(2018-07-15) (возр. 71)
Загреб, Хрватска,

Драгутин Шурбек (хрватски: Dragutin Šurbek), (Загреб, 8 август 1946Загреб, 15 јули 2018) –југословенски репрезентативец во пинг-понг и хрватски пингпонгар и тренер, заслужен спортист на Југославија во 1983 година. По занимање бил ПТТ техничар.[1]

Почнал да игра пинг-понг во Загреб како десетгодишник во СТК Поштар, а од 1965 година бил член на ГСТК Весник од Загреб. За репрезентацијата на Југославија играл од 1966 година и на Светските првенства освоил 12 медали – 2 златни, 2 сребрени и 8 бронзени.[2]

Уште подобри резултати остварил на Европските првенства каде освоил 19 медали од кои 5 златни, 4 сребрени и 10 бронзени. Учествувал на 13 натпревари на Европски топ 12, каде освоил 2 први, 2 втори и 3 трети места.

На Светското првенство во 1975 година во Калкута бил награден со трофеј за фер-плеј Ричард Бергман. На Европското првенство во 1976 година во Прага настапувајќи за репрезентацијат ана Југославија која го освоила првото место, побели во сите партии.

Од 1977 година играл за ТТЦ Калв од Западна Германија.

Од средината на 1960-тите, па до средината на 1980-тите, со својот партнер од репрезентацијата Антун Стипанчиќ, но и со други играчи и играчици доминирал во европскиот и светскиот пинг-понг. Бил успешен и на клупски план каде исто така бил повеќекратен европски првак.

Бил претседател на Хрватскиот пингпонгарски сојуз.[3]

Починал на 15 јули 2018 година во 72. година од животот.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-12-04.
  2. Dragutin Šurbek
  3. „HOO“. Архивирано од изворникот на 2014-02-06. Посетено на 2018-07-16.
  4. Почина легендарниот југословенски пингпонгар Драгутин Шурбек[мртва врска] на семрежното место на Нова Македонија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]