Долина на Оаза

Координати: 49°3′43″N 2°5′10″E / 49.06194° СГШ; 2.08611° ИГД / 49.06194; 2.08611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долина на Оаза
Val-d'Oise
Департман
Оаза во близина на Жанси
Оаза во близина на Жанси
Грб на Долина на Оаза
Местоположба на Долината на Оаза во Франција
Местоположба на Долината на Оаза во Франција
ДржаваФранција
РегионИл де Франс
ПрефектураСержи
ПотпрефектуририАржантеј
Сарсел
Управа
 • Претседател на Советот на департманотАрно Базен
Површина1
 • Вкупна1.246 км2 (481 ми2)
Население (2016)
 • Вкупно1.221.923
 • Ранг17-ти
 • Густина980/км2 (2,500/ми2)
Часовен појасЦЕВ (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)ЦЕЛВ (UTC+2)
Број на департманот95
Окрузи3
Кантони21
Општини184
^1 Податоци од Францускиот катастар на земјишта, кои ги исклучуваат естуарите, езерата, вештачките езера и ледниците поголеми од 1 км2

Долина на Оаза (француски: Val-d'Oiseфранцуски департман, формиран во 1968 година по поделбата на департманот Сена и Оаза кој се наоѓа во регионот Ил де Франс. Името го носи според реката Оаза, голема притока на Сена, кој минува низ регионот, а почнува од Белгија и протекува низ североисточна Франција. Аеродромот Шарл де Гол, францускиот главен меѓународен аеродром делумно се наоѓа во Роаси-ан-Франс, општина во Долината на Оаза.

Историја[уреди | уреди извор]

Првите департмани на Франција биле воспоставени во 1790 година кога Француското национално собрание ја поделило земјата на 83 департмани со приближно иста површина и население. Биле оформени како група општини, а кога биле расположливи карти, биле направени одредени ревизии.

После поразот од Прусите во 1871 година, одредени територии ним им биле препуштени и биле направени одредени измени. Во 1955 и 1957 година, некои департмани ги смениле имињата. Во 1964 година, било решено да се поделат департманите Сена и Сена и Оаза. Еден од новоформираните департмани бил Долината на Оаза кој бил формиран целосно од претходниот департман Сена и Оаза.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Долината на Оаза е департмана во северна централна Франција и е дел од регионот Ил де Франс. На југ на департманот се наоѓа департманот Сенски Висови, на југозапад се наоѓа Ивлин, на запад Ер, на север се наоѓа Оаза, на исток се наоѓа Сена и Марна и на југоисток се наоѓа Сена-Сен Дени.[2] Официјалната префектура (административен центар) на департманто е општината Понтоаз, сместена во предградието на Париз некои 28 км северозападно од центарот на градот, но зградата на префектурата како и административните канцеларии се во соседната општина Сержи. Реката Оаза е десна притока на реката Сена, и тече низ провинцијата од североисток кон југозапад.[2]

Источниот дел од департманот е дел од Паризис, област на плодна рамница која традиционално се користи за земјоделство (особено житарици и шеќерна репа) што се заснова на нејзината фина почва. Овој дел постепено се намалува кко што Париз се шири. Дел од аеродромот Шарл де Гол припаѓа на источниот регион, додека другите делови се во департманите Сена и Марна и Сена-Сен Дени. Најјужниот регион на департманот е дел од долината на Сена и ја зафаќа целата мала долина Монморанси. Овие делови се јако урбанизирани, но стариот римски пат, Шосе Јулиј Цезар, кој ги поврзува Париз и Руан минува низ последниов. Централните и југозападните делови на департманот се исто така многу урбанизирани и се дел од пошироката околина на Париз. Западниот дел на департманот образува дел од историскиот округ Вексен, живописно главно земјоделско плато. Негов административен центар бил Понтоаз на крајниот исток на округот. Оваа општина сега се меша со соседната општина Cergy и образуваат нов град Сержи-Понтоаз. Подрачјето на Вексен останува чисто рурално, и една петтина од целиот департман е под дрвја.[2]

Поголеми градови[уреди | уреди извор]

Најнаселени општини во Долината на Оаза[3]
Ранг Општина Кантон Округ Население
1 Аржантеј Аржантеј-1
Аржантеј-2
Аржантеј-3
Аржантеј 106.817
2 Сержи Сержи-1
Сержи-2
Понтоаз 61.708
3 Сарсел Сарсел Сарсел 57.533
4 Гарж ле Гонес Гарж ле Гонес Сарсел 41.782
5 Франконвил Франконвил Понтоаз 33.375
6 Гусенвил Гусенвил Сарсел 31.212
7 Понтоаз Понтоаз Понтоаз 29.826
8 Ермон Ермон Понтоаз 28.021
8 Безон Аржантеј-3 Аржантеј 27.855
9 Ербле Ербле Аржантеј 27.378
10 Вилје ле Бел Вилје ле Бел Сарсел 27.312
11 Саноа Аржантеј-1 Аржантеј 26.557
12 Гонес Вилје ле Бел Сарсел 26.075
13 Теверни Тавери Понтоаз 25.998
14 Обон Ермон Понтоаз 24.606
15 Сент Уан л’Омон Сент Уан л’Омон Понтоаз 23.702

Економија[уреди | уреди извор]

Економијата на Долината на Оаза има две основи. Северниот, источниот и западниот дел се плодни подрачја на земјоделско земјиште каде се произведуваат големи количини пченка, шеќерна репа и други култури. Урбаните делови на југ се живеалишта (ноќевалишта) на луѓето кои работат во метрополското подрачје на Париз. Заради аеродромот Шарл де Гол постои станица на TGV (Те-Же-Ве) која обезбедува добри железнички врски со сите делови на Франција. Департманот има девет деловни зони за високотехнолошка индустрија.[4]

Демографија[уреди | уреди извор]

Движење на населението од 1876 година:

Население во минатото
ГодинаНас.±% год.
1876129,655—    
1881134,859+0.79%
1891143,387+0.62%
1901164,962+1.41%
1911196,599+1.77%
1921227,22+1.46%
1926283,256+4.51%
1931353,374+4.52%
1936350,487−0.16%
1946344,744−0.17%
1954412,658+2.27%
1962548,429+3.62%
1968693,269+3.98%
1975840,885+2.80%
1982920,598+1.30%
19901,049,598—    
19991,105,464—    
20061,157,054—    
20111,180,365—    
20161,221,923—    
source:[5]

Туризам[уреди | уреди извор]

Департманото има богато археолошко и историско наследство, но не го посетуваат многу туристи, веројатно е засенет од францускиот главен град. Интересни места се;[6] Ла Рош Гијон со замок на врвот од карпест рид и дворец од дванаесеттиот век; Л'Ил Адам, историски мал град на брегот на регката Оаза; Овер на Оаза, кој е меѓународно прочуен по своите пејзажи и импресионистичките сликари како Шарл-Франсоа Добињи, Пол Сезан, Жан-Батист-Камиј Коро, Камиј Писаро и Винсент ван Гот кои го овековечиле; Анген ле Бен, бањски центар со жежок сулфурен извор, на местото каде порано било Ангенското Езеро; Екуан со убав дворец во кој е сместен Музеј на ренесансата; Сержи-Понтоаз, новиот административен центар кој бил создаден од тринаесет општини и кој четирикратно го зголемил своето население од 1960-тите. Во градот постои одделение од Версајската академија која обезбедува терцијарно образование.; Темерикур, каде покрај убавиот дворец постои историска црква Нотр Дам, како и Кроа де л’Ормето-Мари од дванаесеттиот или тринаесеттиот век.[7] Во департманот постојат два национални парка, Регионален парк на природата Вексен и Парк на природата Оаза (Паризис).[6]

Аржантеј е потпрефектура и е второ место по населеност во париското предградие. Неговата сценска местоположба крај реката Сена вдахновила многу сликари Клод Моне, Ежен Делакроа, Пјер-Огист Реноар, Гистав Кајбот, Алфред Сисли и Жорж Брак. Има повеќе историски градби и локален музеј.[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gwillim Law (1999). Administrative Subdivisions of Countries: A Comprehensive World Reference, 1900 through 1998. McFarland. стр. 132–133. ISBN 978-1-4766-0447-3.
  2. 2,0 2,1 2,2 Philips' Modern School Atlas. George Philip and Son, Ltd. 1973. стр. 42–43. ISBN 0-540-05278-7.
  3. „Insee - Populations légales 2013“. Insee. Посетено на August 25, 2016.
  4. „Val d'Oise“ (француски). Comité d'Expansion Economique du Val d'Oise. Посетено на 2 November 2015.
  5. Site sur la Population et les Limites Administratives de la France
  6. 6,0 6,1 „Val d'Oise: Must see places“. Visit Paris. Agence de Développement et de Réservation Touristiques du Val d’Oise. Посетено на 3 October 2015.
  7. Vasseur, Roland. la croix de l'Ormeteau-Marie à Théméricourt. Richesse du patrimoine (француски). Mémoires de la Société historique et archéologique de Pontoise, du Val d'Oise et du Vexin. ISSN 1148-8077.
  8. Dominique Auzias; Jean-Paul Labourdette (2012). Val-d'Oise 2012. Petit Futé. стр. 22–. ISBN 2-7469-6136-9.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]