Диего Симеоне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Диего Симеоне
Симеоне на конференција за печатот на Атлетико Мадрид во септември 2013 година
Лични податоци
Полно име Диего Пабло Симеоне Гонсалес [1]
Роден на 28 април 1970(1970-04-28)(53 г.)
Роден во Буенос Аирес, Аргентина
Висина &100000000000001810000001,81 м
Позиција играч од средниот ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Атлетико Мадрид (менаџер)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1987–1990 Велес Сарсфилд 76 (14)
1990–1992 Пиза 55 (6)
1992–1994 Севиља 64 (12)
1994–1997 Атлетико Мадрид 98 (21)
1997–1999 Интер 57 (11)
1999–2003 Лацио 90 (15)
2003–2005 Атлетико Мадрид 36 (2)
2005–2006 Расинг 37 (3)
Вкупно 513 (84)
Репрезентација
1989 Аргентина Аргентина П20 4 (1)
1996 Аргентина Аргентина П23 6 (1)
1988–2002 Аргентина Аргентина 106 (11)
Тренер на екипи
2006 Расинг
2006–2007 Естудијантес
2008 Ривер Плејт
2009–2010 Сан Лоренцо
2011 Катанија
2011 Расинг
2011– Атлетико Мадрид
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Диего Пабло Симеоне (шпански: Diego Pablo Simeone) - е аргентински фудбалски тренер и поранешен фудбалер, кој во моментов ја води екипата на Атлетико Мадрид.

Тој е татко на Џовани Симеоне, фудбалерот на Фјорентина.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Диего Симеоне ја започнува својата клупска кариера во 1987 година во Велес Сарсфилд. Во 1990 година е привлечен од Мирча Луческу во италијанската Пиза. Следува краток престој во Севиља за потоа да направи трансфер во Атлетико Мадрид. Со „душекчиите“ Симеоне ги постигнува своите први успеси кога во сезоната 1995-96 ја освојува „дуплата круна“ во Шпанија. Во тоа време тренер е Србинот Радомир Антиќ, а капитен на тимот е Љубослав Пенев. Го освојуваат првенството на категоричен начин, првенството го завршуваат со предност од 7 бода пред Барселона и со цели 17 пред другиот „гранд“ Реал Мадрид. Во финалето на турнирот за Купот на кралот ја победуваат Барселона на Јохан Кројф со златен гол во 102. минута. Во 1997 година Симеоне преминува во Серија А и потпишува со Интер воден од Лујџи Симони. Две сезони е капитен на тимот, а во 1997/98 година го освојува Купот на УЕФА со победа во финалето со 3-0 над својот иден клуб Лацио, воден од Свен-Горан Ериксон. Во 1999 година преминува во Лацио каде игра рамо до рамо со своите сонародници и соиграчи од репрезентацијата на Аргентина - Ернан Креспо, Матијас Алмеида, Клаудио Лопес, Нестор Сенсини и Хуан Себастијан Верон. Уште во својата прва сезона со екипата на „орлите“ Диего Симеоне ги освојува трите титули на Италија, како и Суперкупот на УЕФА, победувајќи го во Битката за трофеј Манчестер јунајтед со 1-0. Во борбата за скудетото Лацио и Јувентус се израмнети до последното коло во кое „бјанконерите“ губат од Перуџа, а Симеоне и неговите соиграчи ја победуваат Реџина и стануваат шампиони на Италија. Во финалето на Купот на Италија Лацио триумфира над Интер по 0-0 на Џузепе Меаца и победа со 2-1 на Стадион Олимпико, а победничкиот гол за „римските орли“ го постигнува Диего Симеоне. Во натпреварот за Суперкупот на Италија одново го победуваат Интер на Марчело Липи со 4-3. Во Рим Симеоне игра уште три сезона пред да се врати во Атлетико Мадрид во 2003 година и по нови две сезони за „душекџиите“ ја завршува кариерата во аргентинскиот Расинг.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

За Аргентина дебитира во 1988 година и настапува на 106 натпревари, и според тој показател го зазема третото место во историјата на националниот тим после Хавиер Санети (145) и Роберто Ајала (115). Со екипата на „гаучосите“ Симеоне го освојува турнирот Копа Америка во 1991 и 1993 година, по победите со по 2-1 над Колумбија и Мексико, кога во финалната средба со Колумбијците го постигнува вториот, победоносниот, гол. Игра и на три светски првенства, 1994, 1998 и 2002 година. Носител е на сребрен медал од Летните олимписки игри во 1996 година, го освојува и Купот на конфедерациите во 1992 година со победата во финалето со 3-1 над Саудиска Арабија.

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Диего Симеоне го одиграл својот последен меч за Расинг на 17 февруари 2006 година, ја прекинува својата играчка кариера и станува тренер на клубот. На 18 мај истата година станува тренер на Естудијантес и ги води до нивната прва титула по 23 години, на 13 декември 2006 година во решавачкиот последен меч ја победува Бока јуниорс со 2-1. Во октомври истата година во својата анкета мрежното место Clarín.com го прогласува за „Тренер на годината“ во Аргентина.[2] На 15 декември 2007 година Симеоне е претставен како новиот тренер на Ривер Плејт, заземајќи го местото на Даниел Пасарела кој поднел оставка. Го води клубот до шампионската титула на клаусура за 2008 година. Лошиот старт во првенството довел до 11 порази и го заковал тимот на дното на аргентинската примера дивисион, како и раното отпаѓање во Копа Судамерикана од мексиканскиот Чивас Гуадалахара, го принудуваат Симеоне да даде оставка на 7 ноември 2008 година. Следуваат кратки престои во Сан Лоренцо, италијанскиот Катанија и повторно во Расинг. На 23 декември 2011 Симеоне е претставен како новиот тренер на Атлетико Мадрид. На 9 мај 2012 година, ја освојува Лига Европа победувајќи го во финалето Атлетик Билбао со 3-0, а на 31 август и Суперкупот на УЕФА по победата над европскиот шампион Челси со 4-1.

Успеси[уреди | уреди извор]

Како фудбалер:

 Шпанија Атлетико Мадрид
 Италија Интер
 Италија Лацио
 Аргентина Аргентина

Како тренер:

 Аргентина Естудијантес
 Аргентина Ривер Плејт
 Шпанија Атлетико Мадрид

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]