Дејвид Хартли

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дејвид Хартли (англиски: David Hartley) (1704-1757) - англиски филозоф и психолог, основач на англиската асоцијативна психологија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Дејвид Хартли

Творештво[уреди | уреди извор]

Потписот на Хартли

Најважното дело на Хартли е „Забелешки за човекот, неговата рамка, неговата должност и неговите очекувања“ (Observations on man, his frame, his duty and his expectations), објавено во 1749 година. Основна одлика на неговото учење е тоа што настојувал сите сложени психички појави да ги изведе од механичките асоцијации на наједноставните елементи на психата - осетите и од нив непосредно изведените осетни идеи. Според него, паралелно со овие психички процеси на асоцирање на идеите, течат и одредени физиолошки процеси. На секој психички акт му одговараат и одредени вибрации на мозочната и нервната супстанција. Но, тоа не значи дека душевните процеси може да се изведат од физичките или обратно, туку меѓу овие два процеса постои паралелизам. Така, Хартли инсистирал на издвојување на духовното од материјалното, што можеби било последица на фактот дека тој бил многу религиозен човек. Оттука, тој сметал дека физиолошките процеси се одвиваат според своја внатрешна логика, според принципите на механичката каузалност, а од друга страна, душевните процеси се одвиваат паралелно со физиолошките.[1]

Насловната страница на делото „Забелешки за човекот“

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „John Toland“ во: Gajo Petrović, Engleska empiristicka filozofija: Odabrani tekstovi filozofa. Zagreb: Matica Hrvatska, 1955, стр. 102.