Дејвид Николс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дејвид Николс (англиски: David Nicholls) (30 ноември 1966

Дејвид Николс (англиски: David Nicholls) (30 ноември 1966, Хемпшир, Обединето Кралство) - англиски писател и сценарист.

Животопис[уреди | уреди извор]

Дејвид Николс е роден на 30 ноември 1966 година. Завршил англиска книжевност и драма на Универзитетот во Бристол, а потоа посетувал обука за глумец на Американската музичка и драмска академија во Њујорк. На почетокот работел како глумец при што имал некои помали улоги, а истовремено започнал да чита сценарија на радио и телевизија. Исто така, тој бил уредник на сценарија во неколку телевизиски и продукциски куќи. Николс живее во Лондон со партнерката Хана со која има две деца.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

На почетокот од кариерата Николс направил неколку адаптации на англиски класици за потребите на „Би-би-си“. Во 2003 година го објавил првиот романПрашање за десет бода“, две години подоцна го објавил романот „Дублер“, а во 2009 година и третиот роман „Еден ден“. Исто така, тој е автор на сценаријата снимени според неговите книги.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Дејвид Николс, Еден ден. Скопје: Три, 2012.