Денис Тито

Од Википедија — слободната енциклопедија
Денис Тито
Вселенски турист
НационалностСАД
Роден8 август 1940
Квинс, Њујорк, САД
Друго занимање
Претприемач
Поминато време во вселената
7 д 22 ч 04 м
МисииМеѓународна вселенска станица (Сојуз ТМ-32 / Сојуз ТМ-31)
Обележја на мисиите

Денис Тито (8 август 1940) — американски инженер и мултимилионер, најпознат по тоа што бил првиот турист во вселената.

Четириесет години откако Јуриј Гагарин станал првиот човек што престојувал во вселената, Тито во 2001 г. направил нова пресвртица во проучувањето на вселената, станувајќи прв вселенски турист во светот. Тој платил 20 милиони долари за да може како дел од програмата на руската вселенска станица да помине шест дена во Меѓународната вселенска станица.