Од Википедија — слободната енциклопедија
Демин (германски: Demmin) — поранешен округ во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Округот бил основан во 1994 со спојување на поранешните окрузи Демин, Алтентрептов и Малхин. На 4 септември 2011, поголемиот дел од округот бил припоен кон новиот округ Мекленбуршка Езерска Област, додека североисточните општински заедници Пенетал/Лец и Јармен-Тутов станале дел од округот Западна Померанија-Грајфсвалд. Се граничел со (од југ надесно) окрузите Мириц, Гистров, Северна Западна Померанија, Источна Западна Померанија и Мекленбург-Штрелиц.
|
Грбот прикажува:
- Бикот е хералдичко животно на Мекленбург
- Сребрениот грифон заедно со шаховницата биле грб на Померанија
- Сребрениот замок на десно е од грбот на градот Демин
|
53°45′N 13°00′E / 53.75° СГШ; 13.0° ИГД / 53.75; 13.0