Давид Албахари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Давид Албахари
David Albahari
Албахари во 2011
Роден/а15 март 1948(1948-03-15)(76 г.)
Пеќ, Србија, СФРЈ
Починат/а30 јули 2023(2023-07-30) (возр. 75)
Белград, Србија
Занимањеписател
Националностсрпска, канадска
Апсолвент наУниверзитетот во Белград Факултет за филологија

Давид Албахари (Пеќ, 15 март 1948 - Белград, 30 јули 2023) — српски писател од еврејско потекло, кој пишува романи и кратки раскази. Исто така, тој се занимава и со преведување од англиски јазик.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Давид Албахари е роден во Пеќ, во 1948 година. Студирал англиска литература и јазик во Загреб. Во 1991 година станал претседател на Федерацијата на еврејски заедници на Југославија, при што учествувал во евакуацијата на еврејското население од Сараево. Во 1994 година се преселил во Калгари, Канада.[2] Во периодот меѓу 1973 и 1994 година работел во редакциите на повеќе списанија и издавачки куќи во Белград и во Нови Сад.[3] Од 2 ноември 2006 година, Албахари е член на Српската академија на науките и уметностите, надвор од работниот состав.[4]

Творештво[уреди | уреди извор]

Албахари е плоден писател со 18 збирки раскази, 16 романи и пет книги со есеи. Првата збирка кратки раскази „Семејно време“ (српски: Породично време) ја објавил во 1973 година, а поголема популарност стекнал со четвртата книга „Опис на смртта“ (српски: Опис смрти) од 1982 година, за која ја добил „Андриќевата награда“. Во 1993 година ја објавил збирката „Пелерина“ за која ги освоил наградите „Станислав Винавер“ и „Бранко Ќопиќ“. Во 1996 година го објавил романот „Мамец“ (српски: Мамац) кој ги освоил НИН-овата награда, наградата „Балканика“, наградата „Мост Берлин“ и наградата на Народната библиотека на Србија за најчитана книга. За романот „Пијавици“ (српски: Пијавице) од 2006 година бил награден со Наградата на градот Белград; со романот „Животинско царство“ (српски: Животињско царство) ги освоил наградите „Исидора Секулиќ“ (2014) и „Душан Васиљев“ (2015); а во 2015 година ја добил Наградата за модерен уметнички сензибилитет „Тодор Манојловиќ“. Неговите книги се преведени на 18 јазици, како: англиски, хебрејски, француски, шпански, италијански, унгарски, албански, словачки, грчки, германски, дански, полски и есперанто. Истовремено, Албахари се бави со преведување на проза, поезија и есеистика од англиски, американски, австралиски и канадски автори.[2][3]

Давид Албахари е писател на затворен, на момент и на херметички израз, автор кој бара не само голем читателски напор, туку и потполна соработка од страна на читателот во градењето на значењето на неговите дела. Но, наспроти таквиот пристап, тој не само што ја стекнал поддршката од книжевната критика, туку ужива голема популарност и кај публиката. Притоа, читателите имаат различни ставови кон неговото творештво: од една страна се обожавателите на неговата проза за кои тој претставува култен писател, а од друга страна се оние на кои им пречи изразената сложеност и нагласениот артизам на неговиот израз.[5]

Библиографија[уреди | уреди извор]

Албахари ги објавил следниве дела:[2][3]

  • Збирки раскази:
  • „Семејно време“ (Породично време), 1973
  • „Обични приказни“ (Обичне приче), 1978
  • Опис на смртта“ (Опис смрти), 1982
  • „Фрас во шупата“ (Фрас у шупи), 1984
  • „Едноставност“ (Једноставност), 1988
  • Пелерина“, 1993
  • „Избрани раскази“ (Изабране приче), 1994
  • „Необични приказни“ (Необичне приче), 1999
  • „Вториот јазик“ (Други језик), 2003
  • Романи:
  • „Судијата Димитриевиќ“ (Судија Димитријевић), 1978
  • Цинк“, 1988
  • „Кратка книга“ (Кратка књига), 1993
  • „Снешко“ (Снежни човек), 1995
  • Мамец“ (Мамац), 1996
  • „Мрак“, 1997
  • „Гец и Маер“ (Гец и Мајер), 1998
  • „Светскиот патник“ (Светски путник), 2001
  • „Пијавици“ (Пијавице), 2006
  • „Животинско царство“ (Животињско царство), 2014
  • Есеи:
  • „Препишување на светот“ (Преписивање света), 1997
  • „Товар“ (Терет), 2004

Во 1996 и 1997 година, издавачката куќа „Народна книга“ (српски: Народна књига) ги објавила неговите избрани дела, во десет книги.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Потекло на зборот - Антологија на српскиот расказ I, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2016, стр. 13.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Белешка о писцу“, во: Давид Албахари, Опис смрти. Београд: Српска књижевна задруга, 2004, стр. 155.
  3. 3,0 3,1 3,2 David Albahari, Mamac. Beograd, Čarobna knjiga, 2020.
  4. „Библиографија Давида Албахарија“. САНУ. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 24 јануари 2018.
  5. „„Бег у стварност: интервју са Давидом Албахаријем". Време. Архивирано од изворникот на 2018-01-24. Посетено на 24 јануари 2018.