Доктор Џон Вотсон — измислен лик, пријател, соработник и биографер на Шерлок Холмс, измислениот славен детектив создаден од Сер Артур Конан Дојл. Според разните приказни поврзани за него и Шерлок Холмс, Д-р Џон Вотсон е роден на 7 август1852 со целосно име како Џон Хемиш Вотсон. Во приказните, Вотсон живее со Шерлок Холмс на 221Б Бејкер Стрит и по професија бил лекар.
Џон Вотсон е прераскажувачот на приказните за Шерлок Холмс, поточно во четири романи и 52 од 56 приказни. Две од останатите четири се прераскажани од самиот Шерлок Холмс а две од трето лице.