Густаф Дален

Од Википедија — слободната енциклопедија
Густаф Дален
Роден(а)30 ноември 1869(1869-11-30)
Фолкерк, Вастерготланд, Шведска
Починал(а)9 декември 1937(1937-12-09) (возр. 68)
Лидинго, Стокхолм, Шведска
НационалностШведска Швеѓанец
ПолињаФизика, машинско инженерство
УстановиAGA
ОбразованиеТехнички универзитет Чалмерс, Цирих
Познат поСончев вентил и други уреди за регулирање на светилници
Поважни наградиНобелова награда за физика (1912)

Нилс Густаф Дален (шведски: Gustaf Dalén 30 ноември 18699 декември 1937) — шведски нобеловец и индустријалец, основач на AGA компанијата и пронаоѓач на AGA шпоретот и даленовата светлина. Во 1912 бил награден со Нобелова награда за физика „за изумот на автоматските вентили, дизајнирани за употреба во комбинација со акумулатори на гас во светилници и пловки“.

Рани години[уреди | уреди извор]

Густаф Дален како млад инженер со неговиот велосипед во фото студио, 1895.

Дален е роден во Фолкерк, мало село во Општина Фолкерк, Вестра Јеталанд. Тој управувал со семејната фарма, во која имало и пазарна градина, трговци со семе и млеко и млечни производи. Во 1892 измислил тестер за млечна маст за да го проверува квалитетот на млекото кое било доставувано и отпатувал во Стокхолм за да го покаже својот нов изум за Густаф де Лавал. Густаф де Лавал бил импресиониран од самоукиот Дален и неговиот изум и го охрабрил да стекне основно техничко образование. Го примиле во Техничкиот универзитет Чалмерс каде што се стекнал со магистерска диплома и докторат при заминување во 1896. Дален бил многу сличен пронаоѓач како и Густаф де Лавал, не плашејќи се од тестирање на „невозможни“ идеи, но Дален бил многу повнимателен со економијата на компанијата. Производите требале да бидат конкурентни на маркетот пред да воведе нов производ.

Кариера со AGA[уреди | уреди извор]

Во 1906 Дален станал главен инженер во компанијата за акумулирање на гас (производител и дистрибутер на ацетилен) и во 1909 кога била основана AGA, бил назначен за менаџер директор на компанијата. За време на неговиот живот, AGA била една од најиновативните компании во Шведска и произведувала голем број видови на производи кој растел секоја година. Конечно во раните 1970-ти AGA била приморана да го намали бројот на маркети во кои била вклучена и да се концентрира на производството на гасови за индустриска употреба.

Во 1909 се вознел на позицијата на генерален директор. AGA создавала светилници со помош на даленовите производи. Во 1910 компанијата откупила голем недвижен имот во Лидинго и изгдарила фабрика за производство која била завршена окулу 1912, кога се преместиле од објектите во Стокхолм.

Даленова светлина[уреди | уреди извор]

AGA светилникот „Блокхусуден“ близу Стокхолм, првпат поставен во 1912. Кога светилникот бил електрифизиран во 1980 било откриено дека сончевиот вентил постојано работел од 1912 без потреба од поправки.

Најпрво дален работел со ацетилен, исклучително експлозивен јаглеводороден гас. Дален го измислил агамасан-от, слој кој го апсорбира гасот со што дозволува безбедно складирање, а оттогаш и во комерцијална употреба.

Ацетиленот произведува супер-светла бела светлина и веднаш заменет запалениот течен гас петролеум како избрано гориво за осветлување на светилниците.

Дален го извезувал новото гориво, развивајќи ја даленовата светлина која вклучувала уште еден изум, „сончев вентил“. Овој уред дозволил светлината да оперира само ноќно време, заштедувајќи гориво, и зголемувајќи го нивниот рок на траење на повеќе од една година.

Даленовиот флешер бил уред кој, со исклучок на мала пилотна светилка, користел гас само за време на флеш-стазата. Ова ја намалило потрошувачката на гас за повеќе од 90%. AGA опремата за светилници работела без никаков вид на електрично снабдување и ова било доста поволно.

За непривидна крајбрежна област како Скандинавија, неговите масовно произведувани, пловаци со минимални поправки биле значаен благодат за безбедноста и животот. AGA светилниците го осветлувале целиот Панамски Канал.

AGA шпорет[уреди | уреди извор]

Во 1922 тој го патентирал неговиот изум за AGA шпоретот. Најголемиот дел од тестирањето бил изведен во неговата приватна кујна во неговата вила која била изградена кога AGA се преместила во Лидинго во 1912, но никогаш немал шанса да ја види со свои очи. Неговото семејство му помогнало со работата окулу развитокот, проверка на температурата, воздушната циркулација и др.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Неговите родители биле Андерс и Ловиса Дален. Тој се оженил со Елма Персон во 1901. Заедно имале четири деца, две ќерки и два сина:

  • Маја, се омажила со Силверстолп (1904–1995)
  • Гунар (1905–1970)
  • Андерс (1907–1994)
  • Инга-Лиса, се омажила со Кин (1910–2006)

Инцидентот во 1912[уреди | уреди извор]

На почетокот од 1912, Дален бил ослепен во ацетиленска експлозија за време на тестирање на максимален притисок за акумулаторите. Подоцна бил награден со Нобелова награда за физика. Премногу болен за да присуствува на доделувањето, наместо Дален присуствувал неговиот брат Албин, професор во Каролинскиот институт.

Говорот при доделувањето на наградата бил посветен на жртвувањето на личната безбедност при научните експерименти, комплимент кој Дален го издига на исто рамниште со Алфред Нобел. Покрај неговото слепило, Дален ја контролирал AGA сè до неговата смрт во 1937. Тој примил повеќе од 100 патенти за време на неговиот живот.

Почести и награди[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Clark, R.N. "Nils Gustaf Dalén (1869-1937): Пронаоѓач, експериментатор, инженер, и нобеловец." IEEE control systems magazine (2003). v. 23 (4), pp. 68–70. doi:10.1109/MCS.2003.1213605

Надворешни врски[уреди | уреди извор]