Григориј Распутин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Григориј Распутин
Григо́рий Распу́тин
Григориј Распутин
РоденГригориј Ефтимович Новик
21 јануари 1869
Покровско, Сибир, Руска Империја
Починал30 декември 1916
Санкт Петербург, Руска Империја
Причина за смртУбиство
НационалностРусин
Други имињаЛудиот монах
ЗвањеТатко Григориј
Вероисповедруска Православна црква
ДецаДмитриј (1897 — 1937)
Марија (1898 — 1977)
Варвара (1900)
едно незаконско дете

Григориј Ефимович Распутин (руски: Григорий Ефимович Распутин; 21 јануари 186930 декември 1916) — руски монах.

Григориј Распутин е роден на 9 јануари 1869 година (стар стил) во селото Покровско, Тоболска губернија, Сибир. Тој е познат како “лудиот монах“. Влијанието на Распутин во Руската Империја најмногу до одраз дошло како резултат на болеста на престолонаследникот Алексеј Николајевич Романов, кој страдал од хемофилија (болест од која се ослепува). Откако докторите не можеле да му помогнат на принцот, една од пријателките на царицата им раскажала за свештеникот на кралското семејство. Распутин како по чудо успеал да му помогне на принцот Алексеј.

При секоја криза во здравјето на престолонаследникот, монахот успевал истата да ја уништи. По ова, тој станал многу влијателен во кралското семејство. Кралицата Александра дури верувала дека Бог зборувал со неа преку Распутин. Аристократијата во Санкт Петербург, сепак, не се согласувало со неговото брзо влијание. Помеѓу населението во престолнината се шириле и гласините дека царицата всушност е шпион кој работи за Германија токму преку Распутин. Во текот на својот живот во престолнината, тој станал една од најголемите контроверзни личности во поновата историја на Русија. Честопати бил гледан со проститутки, се опивал, бил многу нечист, ретко се бањал и некултурно се однесувал на јавните места. Царската гувернанта Марија Ивановна Вишњакова тврдела дека Распутин ја силувал, пролетта 1910. Вишњакова тврдела дека царицата не ѝ поверувала и дека говорела како Распутин прави само свети дела.[1] Големата кнегиња Олга Александровна рекла дека тврдењата на Вишњакова веднаш биле испитувани, но наместо Распутин, Вишњакова е фатена во кревет со еден Козак од царската гарда. Вишњакова повеќе не го видела Распутин, а во 1913 г. била отпуштена.[2] Сепак, подоцна се ширеле трачеви како Распутин не само што ја завел царицата, туку и нејзините четири ќерки.[3] Тој трач добил на тежина кога Распутин дозволил околу да кружи писмото до него од царицата и нејзините ќерки. Анастасија напишала "Мој драг, ценет. единствен пријателу. Колку долго сакам повторно да те видам. Денес ми се појави во сонот. Секогаш ја прашувам мама кога ќе дојдеш... Секогаш мислам на тебе, мој драг, бидејќи ти си толку добар спрема мене."[4]

На почетокот од војната тој рекол дека Русија ќе биде успешна само доколку императорот сам ја предводи својата армија кон походите. Кога царот Николај II заминал на фронтот, влијанието на Распутин над царицата Александра станало уште поголемо. Тој станал нејзин довереник и советник. Печатот започнал сè повеќе да испраќа критики против силното влијание на Распутин. Тој сепак заминал за родното Покровско кога ја добил весѕа дека има покренато обвиненија против него. На 16 декември 1916 година (стар стил) Распутин отишол во "Моника Палас" каде му било дадено поголемо колилчество на црвено вино со калиум-цијанид. Кога го испил виното и кога тој паднал на земјата, во неговото тело биле испукани пет куршуми за да се увиде дека тој навистина е мртов.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Moss, Vladimir (2005). "The Mystery of Redemption". St. Michael's Press. Посетено на 21 февруари 2007
  2. Radzinsky (2000), стр. 129-130
  3. Mager, Hugo. "Elizabeth: Grand Duchess of Russia," Carroll and Graf Publishers, Inc., 1998
  4. Sams, Ed. "Victoria's Dark Secrets". alexanderpalace.org. Архивирано од изворникот на 2007-01-07. Посетено на 31 декември 2006.