Грасилијано Рамос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грасилијано Рамос (португалски: Graciliano Ramos) 1892 - 1953

Грасилијано Рамос (португалски: Graciliano Ramos) (27 октомври 1892, Квебрангуло, Бразил - 20 март 1953, Рио де Жанеиро, Бразил) - бразилски писател.

Животопис[уреди | уреди извор]

Рамос работел како новинар, така што бил во тек со општествено-политичките промени во Бразил. Поради несогласувањата со власта, во 1936 година бил уапсен при што поминал една година в затвор, под обвинение дека е комунист. Во 1945 година, тој навистина станал член на Комунистичката партија на Бразил.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Грасилијано Рамос е класик на бразилската книжевност, иако неговот дело е скромно според обемот и се состои од: четири романи, неколку збирки раскази, спомени од затворот и патеписни белешки од Чехословачка и од СССР. Од неговите романи, особено се истакнува „Суви животи“ (1938), којшто настанал врз основа на расказот „Балеја“ кој ги воодушевил неговите пријатели и тие го поттикнале да го прошири во роман. Во него, Рамос ги опишува страдањата на бразилскиот човек од севеористочниот дел на земјата, кој постојано е на ударот на сушите и на поплавите. Според романот „Суви животи“ бил снимен и филм. Други негови попознати дела се: романот „Каетес“ (1933), романот „Сан Бернардо“ (1934), романот „Достага“ (1936), збирката раскази „Несоница“ (1945), „Спомени од затворот“ (1954) и „Патување по Чехословачка и СССР“ (1954).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 287-288.