Гордана Ристеска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Гордана Ристеска (р. 14 октомври 1944 во Прилеп) — македонска новинарка.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршила Филолошки факултет во Скопје. Од 1975 г. во „Нова Македонија": соработник и уредник на Културната рубрика и на Саботниот прилог, внатрешно и надворешно-политички коментатор, постојан дописник од Москва (1989-1993), прв македонски акредитиран дописник од Албанија (1996-1999). Уредник во весникот „Македонија денес" и во неделникот „Денес"(2001-2003).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Македонска енциклопедија“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 1274. Text "series " ignored (help)