Герингсвалде

Од Википедија — слободната енциклопедија
Герингсвалде
Плоштадот во Герингсвалде
Плоштадот во Герингсвалде
Плоштадот во Герингсвалде
Грб на Герингсвалде
Герингсвалде во рамките на Германија
Герингсвалде
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Средна Саксонија
Градоначалник Томас Арнолд (независен)
Основни податоци
Површина 29,93 км2
Надм. височина 268 м
Население 4.212 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 141 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. FG (порано MW)
Пошт. бр. 09326
Повик. бр. 037382
Портал www.geringswalde.de
Местоположба на градот Герингсвалде во рамките на округот Средна Саксонија
Карта
Карта
Координати 51°4′35″N 12°54′15″E / 51.07639° СГШ; 12.90417° ИГД / 51.07639; 12.90417Координати: 51°4′35″N 12°54′15″E / 51.07639° СГШ; 12.90417° ИГД / 51.07639; 12.90417

Герингсвалде (германски: Geringswalde) — град во округот Средна Саксонија, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа 12 километри северозападно од Митвајда и 27 километри северно од Кемниц.

Историја[уреди | уреди извор]

Градот бил првпат споменат во 1233 година во документ, кој го потврдува постоењето на бенектанскиот манастер. По протестантската реформација, манастирот бил распуштен и претворен во дворец. Градот никогаш не бил опколен со ѕидини. Краткотрајното лутеранско училиште било затворено во 1568 година, бидејќи ректорот бил обвинет за гезио-лутеранство.

До 19. век, економијата била главно заснована на земјоделство и ткаење. По индустријализацијата, Герингсвалде бил познат по производството на мебел (главно столови и фотелји). Дворецот бил напуштен по Втората светска војна и повеќето од објектите уништени. Герингсвалде бил дел од округот Рохлиц од 1945 до 1994, на округот Митвајда од 1994 до 2008 година, сега припаѓа на округот Средна Саксонија.

Од 1893 до 1997 година, градот бил опслужуван преку стандардната железничка линија Валдхајм-Рохлиц.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Неоготската црква Мартин Лутер од 1890 година ја заменила поранешната романска црква. Необарокната градска куќа била отворена во 1905 година, додека училиштето во неоренесансен стил во 1894 година. Кулата за набљудување именувана по Фридрих Август Трети на Саксонија, која се наоѓа северно од градот, била отворена во 1907 година.

Копија на милјоказот од 1727 година се наоѓа близу центарот на градот. Оригиналот се чува во музеј во Рохлиц.

Замокот во блиската шума бил уништен уште во средниот век, моментално се останати само одредени руини.

Во селската црква во Алтгерингсвалде се наоѓа дрвениот насликан олтар, кој бил направен околу 1510 и обновен во 1994 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Тековно население по општини во 2020 г.“. Статистичка служба на Саксонија. јуни 2020. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]