Гелбензанде

Координати: 54°11′N 12°18′E / 54.183° СГШ; 12.300° ИГД / 54.183; 12.300
Од Википедија — слободната енциклопедија
Гелбензанде
Грб на Гелбензанде
Гелбензанде во рамките на Германија
Гелбензанде
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Росток
Градоначалник Луц Копенхеле
Основни податоци
Површина 34,05 км2
Надм. височина 8 м
Население 1.788 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 53 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LRO
Пошт. бр. 18182
Повик. бр. 038201
Портал www.amt-rostocker-heide.de
Местоположба на Гелбензанде во рамките на округот Росток
Карта
Карта
Координати 54°11′N 12°18′E / 54.183° СГШ; 12.300° ИГД / 54.183; 12.300

Гелбензанде (германски: Gelbensande) — општина во округот Росток, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Општината претставува административно седиште на општинската заедница Ростокер Хајде.

Ловечка куќа[уреди | уреди извор]

Ловечката куќа Гелбензанде

Ловечката куќа Гелбензанде била изградена помеѓу 1880 и 1885 како летна резиденција на големиот војвода Фридрих Франц III на Мекленбург-Шверин. По 1887 била користена како куќа за ловење во околните шуми. Бидејќи една од внуките на рускиот цар била мажена за војводата, забележливи се мекленбуршко-руските врски во внатрешноста на замокот. Куќата останала во посед на големиот војвода до 1944. Потоа била користена како воена болница, санаториум за туберкулоза, јавна библиотека, ветерански клуб и хостел. Од повторното обединување на Германија во 1989/1990, поседувана е од општината Гелбензанде и отворена за јавноста како музеј.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]