Гастон Леру

Од Википедија — слободната енциклопедија
Gaston Leroux
Леру во 1907
Роден/аГастон Луј Алфред Леру
6 мај 1868(1868-05-06)
Париз, Франција
Починат/а15 април 1927(1927-04-15) (возр. 58)
Ница, Франција
ЗанимањеНовинар, писател
НационалностФранцузин
Значајни делаФантомот на операта
Мистеријата на жолтата соба

Гастон Луј Алфред Леру (француски: Gaston Louis Alfred Leroux) (6 мај 1868[1] – 15 април 1927) е француски новинар и писател на детективска проза. Најпознат е по романите: Фантомот на операта и Мистеријата на жолтата соба. Првиот роман е предмет на многубројни театарски и филмски адаптации.

Леру е роден и школуван во Париз, каде студирал право. Како наследник на огромно богатство, Леру ги поминува годините живеејќи луд живот низ Франција додека не банкротира. Долго време работи како репортер и новинар, а лично ја покрива и руската револуција од 1905. Леру, како репортер, покрива и познат случај во париската опера, во чии подруми биле најдени заложници, настан кој делумно ќе го инспирира познатиот роман. Основа и филмска компанија со намера да пишува романи, кои компанијата подоцна ќе ги адаптира во филмови.

Леру честопати се нарекува францускиот еквивалент на англискиот Артур Конан Дојл или американскиот Едгар Алан По кога станува збор за пишување на оригинална детективска проза. Ликот на Жозеф Рултаби е создаден во традицијата на Шерлок Холмс. Леру е светски познат по усовршување и популаризирање на еден вид детективски приказни, т.н. мистерии во затворен простор.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Gaston Leroux - Biography and Works. Search Texts, Read Online. Discuss“. www.online-literature.com. Посетено на 2016-09-18.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]