Гамал Абдел Насер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гамал Абдел Насер
جمال عبد الناصر
Роден 15 јануари 1918.
Александрија, Египет
Починал 28 септември 1970.
Каиро, Египет
Националност Египќанец
Познат Претседател на Египет (1956 - 1970)
Занимање офицер
Сопружник Тахија Казем

Гамал Абдел Насер (арапски: جمال عبد الناصر I 15.1.1918 - 28.9.1970) бил вториот претседател на Египет од 1956 до својата смрт во 1970. Заедно со Мухамед Нагиб ја предводел египетската револуција (1952) со која бил соборен кралот Фарук II и започнал нов период на индустријализација на Египет, едновремено со јакнење на арапскиот национализам.

Насер ги инспирирал анти-колонијалистичките движења и арапските револуции во повеќе земји: Алжир, Либија, Ирак и Јемен, а играл и значајна улога во формирањето на Палестинската ослободителна организација во 1964, како и во основањето на Движењето на неврзаните.

Насер се смета за еден од најважните политичари во современата арапска историја и во земјите во развој во 20. век.

Наводи[уреди | уреди извор]