Вурцен

Координати: 51°22′N 12°43′E / 51.367° СГШ; 12.717° ИГД / 51.367; 12.717
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вурцен
Градското собрание на Вурцен
Градското собрание на Вурцен
Градското собрание на Вурцен
Грб на Вурцен
Вурцен во рамките на Германија
Вурцен
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Лајпциг
Градски единици 5
Градоначалник Јирген Шмит (ДХС)
Основни податоци
Површина 68,54 км2
Надм. височина 124 м
Население 16.211 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 237 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. L
Пошт. бр. 04808
Повик. бр. 03425, 034261
Портал www.wurzen.de
Местоположба на градот Вурцен во рамките на округот Лајпциг
Карта
Карта
Координати 51°22′N 12°43′E / 51.367° СГШ; 12.717° ИГД / 51.367; 12.717

Вурцен (германски: Wurzen) — град во округот Лајпциг, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Мулде, 25 километри источно од Лајпциг. Има катедрала, која потекнува од XII век, замок, некогашна резиденција на бискупите од Мајсен и подоцна користен како суд, неколку школи, земјоделска школа и како полициска станица со затвор.

Основан по 600 година од Словените, Вурцен за првпат е споменат во документ за дарување од Отон I во 961 како „Burgward“ civitas vurcine. Станал град во раниот XII век, кога бискупот од Мајсен ја основал соборната црква тука. Во 1581 година преминал во Изборното кнежевство Саксонија. Во текот на Триесетгодишната војна (1637) бил опколен од шведската армија и за малку целосно запален.

Во 1768, Гете патувал од Лајпциг до Дрезден и назад низ Вурцен. Долгото чекање за фериботот го инспирирало за преминот во неговото прво издание на Faust.

На 31 јули 1838 година Вурцен бил поврзан со првата железница на долги одредишта (Лајпциг-Дрезден, отворена 7 април 1839). Така, првиот железнички мост во Германија бил изградена над реката Мулде.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Вурцен е збратимен со следниве градови:

Главни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Соборна црква Св. Богородица (катедрала, осветена 1114)
  • Лутеранска црква Св. Венцеслав (XVI/XVII век)
  • Католичка црква Исусово Срце (осветена 1902)
  • Замок Вурцен (од 1497 до 1581 повремено резиденција на бискупот на Дрезден-Мајсен, пример за доцна готска архитектура)
  • Куќа Лосов (историско-културен музеј)
  • Родната куќа на баснописецот Магнус Готфрид Лихтвер на плоштадот Катедрла (XVII век)
  • Поранешна пошта од Електоратот Саксонија со амблем на портата (1734)
  • Класично градско собрание (по пожарот 1803). Денес библиотека и галерија на градот.

Познати жители[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  •  Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). „Wurzen“ . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]