Волос

Координати: 39°22′N 22°56′E / 39.367° СГШ; 22.933° ИГД / 39.367; 22.933
Од Википедија — слободната енциклопедија
Волос
Βόλος
Ноќен поглед на Волос
Ноќен поглед на Волос
Волос is located in Грција
Волос
Волос
Местоположба во областа
2011 Dimos Volou.png
Координати: 39°22′N 22°56′E / 39.367° СГШ; 22.933° ИГД / 39.367; 22.933
ЗемјаГрција
ОбластТесалија
ОкругМагнезија
Населби18
Управа
 • ГрадоначалникАхилеас Беос (од 2014)
Површина
 • Општина387,1 км2 (1,495 ми2)
 • Општ. един.27,678 км2 (10,687 ми2)
Најг. вис.&100000000000000050000005 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2011)[1]
 • Општ.144.449
 • Општ. густина37/км2 (97/ми2)
 • Општ. един.118.707
 • Општ. един. густина4,3/км2 (11/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.38x xx
Повик. бр.24210
Рег. таб.ΒΟx
Мреж. местоvolos-city.gr

Волос (грчки: Βόλος) — главен град на округот Магнезија од областа Тесалија, што е вториот град по големина и значење, веднаш по седиштето — Лариса.

Име[уреди | уреди извор]

Според пишувањата на византиски историчар во 14 век градот го носи словенското име Голош во смисла на „голо“ или „пусто“ место.

Природни услови[уреди | уреди извор]

Волос се наоѓа во централниот дел на Грција, покрај најважниот национален пат Атина - Солун (од кој е одвоен 10 км). Од градот Атина е 326 км, и 215 км од Солун. Градот е во центарот на округот. Се наоѓа во истоимената мала рамнина на врвот на Пагасетичкиот Залив. Над градот се издигаат планините Пилио и Мавровуни. Климата во Волос е средоземна, со карактеристични жешки лета и благи зими со редок снег.

Историја[уреди | уреди извор]

Најстарите археолошки наоди од подрачјето на Волос покажуваат дека оваа област била населена во праисториско време, со што подрачјето на градот е многу важно. Западно од градот се остатоците од најстариот Акропол во Грција, Сескло, подигнат 6000 година п.н.е., со што праисториската неолитска култура на територијата на Грција се нарекува Сескло и Димини.

Црквата Свети Константин и Елена на кејот.

На 6 век п.н.е. оваа област е вклучена во цивилизациските текови. Во 344 година областа потпадна под власта на Античка Македонија, а во 196 година беше под староримско владеење.

Во средниот век, градот беше најдолго под Византија, накратко под Бугарија и Србија, а во 15 век, градот потпаднал под османлиска власт. Под Турците Волос останува следните четири века. Во 1881 градот припаѓа на модерна Грција, месното муслиманско население масовно се иселува, а последните иселувања биле после турско-грчката војна 1897-1898 година. По грчко-турската војна, многу грчки бегалци од Мала Азија се населиле во и околу градот. Во 1955 година градот бил погоден од земјотрес, за потоа да биде изграден на модерен начин.

Население[уреди | уреди извор]

Општина Волос има 82.439 жители, и е меѓу 10-те најголеми градови на Грција. Населението се главно етнички Грци.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Градот Волос отсекогаш имал голема улога во финансиските, економските, комерцијалните и административните работи во регионот Тесалија и Централна Грција, поради стратешката позиција на пристаништето, единствено помеѓу Атина и Солун.

Конзулати[уреди | уреди извор]

Неколку европски држави имаат отворено конзулат во Волос како:

  • Италија Италија
  • Франција Франција
  • Белгија Белгија
  • Германија Германија
  • Данска Данска
  • Холандија Холандија

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Batumi - Twin Towns & Sister Cities“. Batumi City Hall. Архивирано од изворникот 2012-05-04. Посетено на 2013-08-10.
  3. „Twinnings“ (PDF). Central Union of Municipalities & Communities of Greece. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-06-30. Посетено на 2013-08-25.