Витинген

Координати: 52°43′0″N 10°44′0″E / 52.71667° СГШ; 10.73333° ИГД / 52.71667; 10.73333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Витинген
Плоштадот во Витинген
Плоштадот во Витинген
Плоштадот во Витинген
Грб на Витинген
Витинген во рамките на Германија
Витинген
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Гифхорн
Градски единици 26
Градоначалник Карл Ридер (ДХС)
Основни податоци
Површина 225,08 км2
Надм. височина 79 м
Население 11.357 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 50 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GF
Пошт. бр. 29378, 29379
Повик. бр. 05831
Портал www.wittingen.de
Местоположба на градот Витинген во рамките на округот Гифхорн
Карта
Карта
Координати 52°43′0″N 10°44′0″E / 52.71667° СГШ; 10.73333° ИГД / 52.71667; 10.73333

Витинген (германски: Wittingen) — град во округот Гифхорн, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 30 километри североисточно од Гифхорн и 30 километри југоисточно од Илцен.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Витинген се наоѓа во североисточниот дел на округот Гифхорн на сојузната граница со Саксонија-Анхалт. Градот се наоѓа помеѓу Линебуршкото Поле и Алтмарк. Подрачјето на градот и селата кои припаѓаат на него се протегаат на површина од 225,09 км2, од кои 7,8% се станбени и сообраќајни површини.[2] Блиски градови се Гифхорн (25 км), Волфсбург (30 км), Илцен (30 км), Целе (50 км) и Залцведел (35 км). Низ градот поминува реката Оре; местото Ордорф е наречено по нејзе.[3]

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градот Витинген се состои од 26 места:

  • Бојценхаген
  • Даригсдорф
  • Ерпензен
  • Ојцен
  • Ганервинкел
  • Глизинген
  • Хаген
  • Какербек
  • Кнезебек
  • Кишторф
  • Либен
  • [Манбург
  • Ордорф
  • Пластау
  • Раде
  • Раденбек
  • Шнефлинген
  • Штекен
  • Зудервитинген
  • Тешендорф
  • Трансвал
  • Форхоп
  • Витинген
  • Волершторф
  • Вундербител
  • Цазенбек

Историја[уреди | уреди извор]

Најрано документирано спомнување на Витинген е во документ од 781 година, кој ги одредувал територијалните граници на Хилдесхајмската епископија. Друг документирано спомнување е од 803 година во текот на владеењето на Карло Велики, кога се одредувале границите на новосоздадената Халберштатска епископија. Меѓутоа, во ниту еден од документите не е даден датумот на основањето на градот.

Во текот на средновековниот период, Витинген не бил на самата граница, туку сообраќајна станица до и од Алтмарк. Градот бил трговска точка и ноќевалиште за бројни трговски патници. Неговото значење се зголемило во деветтиот век кога Халберштатската епископија ја изградила црквата „Св. Стефан“. Со почетокот на XIII век, Витинген ги добил градските права и бил делумен сопственик на Линебуршката ковачница. Во XIV век имало политичка нестабилност, а во 1340 година сопственоста на Витинген била пренесена на велфската династија од Целе. Подоцна, со избивањето на борбата со Хилдесхајмската епископија, градот бил целосно уништен во 1519 година. Кратко потоа, започнала изградбата на градските бедеми.

Политика[уреди | уреди извор]

Градоначалници[уреди | уреди извор]

  • 1974-1985: Роберт Лајпелт
  • 1985-1989: Паул Дегенхарт
  • 1990-1991: Вилфрид Волтер
  • 1991-1996: Лотар Шос
  • 1996-2001: Гинтер Шулце
  • 2001-2002: Ханс-Јирген Шиндлер

Градоначалник на Витинген од 2002 година е Карл Ридер, кој бил повторно избран во 2011 година.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Витинген е збратимен со следниве градови:

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Здравствена[уреди | уреди извор]

Витинген има една болница, четири аптеки и шест стоматолози.

Сообраќајна[уреди | уреди извор]

Витинген се наоѓа на железничката линија Брауншвајг-Илцен, на која има редовни возови до Брауншвајг.

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. „Regionalbericht 2006“ (PDF). IHK Braunschweig. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-07-10. Посетено на 7 март 2018..
  3. Rudi Fischer: 800 Jahre Calvörde – Eine Chronik bis 1991. o. O. 1996.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]