Вистинитосна вредност

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во логиката и математиката, вистинитосна вредност или логичка вредност е вредност која укажува на тоа колку еден исказ е вистинит (точен).[1][2]

Во класичната логика, единствените можни вистинитосни вредности се вистина (т) и невистина (⊥). Меѓутоа во поинаквите логики се можни и други вредности: неопределената (фази) логика и другите облици на повеќевредносна логика користат повеќе вистинитосни вредности од само вистина (точно) и невистина (неточно).

Алгебарски, множеството {точно, неточно} образуваат двоелементна Булова алгебра. Во некласичните логики, како множества на вистинитосни вредности можат да се користат и други алгебри: на пример, интуиционистичката логика користи Хејтингови алгебри.

Во теоријата на топосите, подобјкетниот класификатор на еден топос го заменува множеството на вистинитосни вредности.

  • Вистинитосната вредност на еден исказ може да се претстави со 0 (нули) и 1 (единици) или пак со знаците т (наречен: „те“) и (наречен: „нете“)
Точно = 1 или т
Неточно = 0 или ⊥

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]