Вини Колајута (англиски: Vinnie Colaiuta) е тапанар со американско потекло. Со музика почнал да се занимава од 14 годишна возраст, кога неговите родители му го купиле првиот сет тапани. Познат е по неговата уникатна техника на удирање и по тоа што соработувал со музичари од најразлични жанрови и правци.[1]
Претежно снимал студиски сесии за албуми на познатите Френк Запа, Стинг и Мегадет. Неговата кратка кариера со Мегадет започнала во 2004 г. по покана од Дејв Мастејн за снимање на албумот The System Has Failed. По неколкунеделниот работен ангажман со бендот, Колајута продолжил со соло настапите. Денес сѐ уште активно се занимава со музика, но главно на повик од други музичари.[2]