Вим Вендерс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вим Вендерс
Вим Вендерс (2008)
Роден(а)Ернст Вилхем Вендерс
14 август 1945(1945-08-14)(78 г.)
Диселдорф, Рајнска област, Сојузничка окупирана Германија
ЗанимањеФилмски режисер
СопружникЕда Кул (1968–74)
Лиза Кројцер (1974–78)
Рони Блекли (1979–81)
Изабел Вајнгартен (1981–82)
Доната Вендерс (1993–)
НаградиЗлатен лав
за Како Стојат Работите (1982)
Златна Палма
for Парис Тексас (1984)
Кански филмски фестивал
Гранд Џури Прајс
за Далеку, Толку Блиску! (1993)
Сребрена Мечка
for Хотел од милион долари (филм) (2000)
Страница
www.wim-wenders.com

Ернст Вилхем „Вим“ Вендерс (изговор на германски: [vɪm vɛndəɐs]; роден на 14 август 1945) — германски филмски режисер, драмски писател, автор, фотограф и филмски продуцент. Од 1996, Вендерс е претседател на Европската Филмска Академија во Берлин.

Животопис[уреди | уреди извор]

Вендерс е роден во Диселдорф во традиционално католичко семјество. Неговиот татко Хајнрих Вендерс бил хирург. Употребата на холандското име „Вим“ (кратенка од неговото крстено име „Вилхем/Вилем“) укажува на холандското потекло на неговата мајка, но надлежните во матичното одделение ја одбиле холандската верзија во 1945, затоа што била „негерманска“. Тој завршил средно училиште во Оберхаузен во областа Рур. Подоцна студира медицина (1963-64) и филозофија (1964-65) во Фрајбург и Диселдорф. Меѓутоа тој ги напушта студиите и се сели во Париз во октомври 1966 за да стане сликар. Виндерс не го положува приемниот тест на француската филмска школа (сега, Ла Феми), и како последица на тоа работи како резбар во студиото на американскиот уметник, Џони Фрајдлендер, во Монпарнас. Во текот на тој период Вендерс се фасцинира од филмот и гледа по пет филмови дневно во локалното кино.

Вендерс се враќа во Германија во 1967 и работи во канцеларијата на во Диселдорф, решен да ја претвори својата опсесија во професија. Таа есен тој е примен на "Hochschule für Fernsehen und Film München" (Филмски и Телевизиски Универзитет Минхен). Помеѓу 1967 и 1979 додека студира на "HFF", Вендерс истовремено работи како филмски критичар за Филмкритик, а потоа за дневниот весник Süddeutsche Zeitung, списанието Twen и Der Spiegel.

Вендерс завршува неколку краткометражни филмови, пред да дипломира од Hochschule со долгомтражниот 16мм црно-бел филм, Лето во Градот (Summer In The City).

Кариера[уреди | уреди извор]

Вендерс ја започнува својата кариера за време на ерата на новиот германски филм во доцните 1960-ти, со неговиот дебитантски игран филм „Лето во градот“ (1970). Карактеристичната кинематографија во неговите филмови се должи на високо продуктивната соработка со холандскиот кинематограф Роби Милер, а некои од неговите поуспешни филмови, како на пример, „Париз, Тексас“ и „Небото над Берлин“ се резултат на плодната соработка со сценаристи Петер Хандке и Сем Шепард. Исто така, вториот филм на Вендерс претставува екранизација на романот на Хандке, „Стравот на голманот од пенал“. Хандке ги напишал и сценаријата за „Небото над Берлин“ и „До крајот на светот“, заедно со Солвеиг Домартин.

Вендерс режирал неколку високорангирани документарни филмови, и тоа: „Буена Виста Соушал Клаб“ (1999), за кубанските музичари и „Душата на човекот“ (2003), за американскиот блуз. Тој има, исто така, режирано голем број на музички видеа за групите: „U2“ и „Токинг Хедс“, меѓу кои „Stay Faraway, So Close!“ и „Sax and Violins“. Најпосле, тој работел и на телевизиски реклами, меѓу кои и за канадското пиво „Карлинг“.

Вим Вендерс во Кан (2002)

Вендерсовата книга „Емоционални слики“ (Emotion Pictures) претставува колекција на есеи од неговиот дневник, напишана додека бил филмски судент, која е адаптирана и емитувана како низа драми на Би-Би-Си Радио 3. Ликот на Вендерс го игра Питер Капалди, а останатите улоги ги толкуваат: Џина Меки, Саскија Ривс, Денис Хупер, Хари Дин Стантон и Рики Томлинсон, а драматург е Нил Карџил. Вендерс соработува со Мелинда Камбер Портер уметница, новинарка и долгогодишна негова пријатека, на документарен филм за неговата техника на на работење „Вим Вендерс - Визии за Филм“, но Портер починала, така што филмот останал незавршен.

Вендерс е член на советодавниот одбор на Светската Филмска Фондација, проект основан од Мартин Скорсезе со цел да открива и реконструира светски филмови кои биле запоставени долго време. Исто така, Вендерс е член на жири-комисијата на дигиталното студио „Филмака“ - платформа на неоткриени режисери.

Во 2011 Фестивалот Бајројт (Bayreuth Festival) го назначува Вендерс да постави на сцена 2013 циклуси на Вагнеровиот „Прстен на Нибелунзите“. Тоа е доказ за неговата имагинација во оддавање чест на големите уметнички дела. Проектот го доживеа својот неуспех кога Вендерс инсистираше на снимање во 3-D, што за фамилијата Вагнер беше прескапо и подривачки.

На промоцијата на неговиот 3D танцувачки филм, Пина, Вендерс изјавува на блогот на Документари Ченл во декември 2011 дека почнал да работи на нов 3D документарец за архитектура. Тој исто така тврди дека одсега ќе работи исклучиво во 3D формат. Вендерс и се восхитува на кореографката Пина Бауш од 1985, но еднинствено во изумувањето на дигиталната 3D кинематографија, тој препознава можност да го долови нејзиното дело на екран.

Одбрани изложби[уреди | уреди извор]

2012

Вим Вендерс: Фотографии од Површината на Земјата, Музеј на Мултимедиска Уметност, Москва.

2006

Вим Вендерс: Immagini dal pianeta terra, Scuderie del Quirinale, Рим, Италија; Патување до Ономиши-Фотографии од Вим и Доната Вендерс, Омотсано Хилс, Токио, Јапонија; Фотографии од Површинат на Земјата, фотографии од патувачка изложва, Салон во Музејот на Современа Уметност, Белград, Србија; Темни Места, куратор Џошуа Дектер, Музеј на Уметност Санта Моника, Санта Моника, Калифорнија.

2005

Шумата: Политика, Поетика и Пракса, Музеј за Уметност Нашер на Универзитетот Дјук, Дурам, Северна Каролина; Преку Леќата, групна изложба, Галерија К.Грималдис,Балтимор, Мериленд .

2004-5

Фотографии од Површината на Земјата АРоС, Музеј на уметноста во Орхус, Орхус Ц, Данска.

2004

Фотографии од Површината на Земјата, Австралија и Јапонија, Галерија Џејмс Коан, Њујорк; Меѓу Редовите, групна изложба, Галерија Џејмс Коан, Њујорк Фотографии на Време и Место: Современи Погледи на Пејзажот, групна изложба, Уметничка Галерија Леман Колеџ, Бронкс, Њујорк; Вим Вендерс,Галерија Марабини, Болоња, Италија; Преку Леќата: Осум Фотографи, групна изложба, К.Грималдис,Балтимор, Мериленд.

2003

Вим Вендерс, Галерија Џејмс Коан, Њујорк; Вим Вендерс, Галерија Жидин Бело, Цирих, Швајцарија.

2000-2004

Фотографии од Површината на Земјата, патувачка изложба:Хамбургер Бахнхоф, Берлин (2001); Музеј Гугнјам, Билбао (2002); Хонч оф Венисон, Лондон (2003); Музеј на Современа Уметност, Сиднеј(2003); Сити Арт Галери, Велингтон, Нов Зеланд; Музеј на Милениумска Уметност, Пекинг, Кина; Музеј на Уметноста Шангај, Шангај, Кина; Музеј на Уметноста Гуандонг, Гуангжу, Кина (2004).

2000

Буена Виста Соушал Клаб, Роуз Галерија, Станица Бергамот, Санта Моника, Калифорнија.

1996

Вим Вендерс: Пејзаж и меморија, Галерија на Современата фотографија, Санта Моника Вим Вендерс: Слики, во врска со објавувањето, Вим Вендерс: Фотографии, Минхен Гете-институт (1996), Гете институти во светот.

1995

Вим Вендерс: Пејзаж и меморија, Галерија на Современата Фотографија, Санта Моника, Калифорнија 1993-1995 Вим Вендерс Изложба на фотографии, во врска со објавувањето, Минхен, Еднаш: Ширмер/Мозел (2001), Патувачката изложба: Палацо деле Еспозициони, Рим (1993); Вила Деле Росе, Болоња (1994); ФНАЦ, Париз (1994); Парк,Токио (1994); ФНАЦ, Берлин (1995); Вила Руфоло, Равело (1995).

1989-1994

Вим Вендерс Фотографии, патувачка изложба: Галерија Ф. Ц. Гундлах, Хамбург (1989); Галери Мари-Луиз Вирт, Цирих (1990); Средно Училиште за Телевизија и Филм, Минхен (1991); Галерија Фоли / Клајн, Лос Анџелес (1991) ; Шибуа Себиу Департмент Стор, Токио (1992); Кјомицу.

1989-1994

Храм, Кјото (1992); музејот на Елисе, Лозана (1992); Америка Куќа, Берлин (1992); Венециското биенале (1993); Музејот на модерна уметност Луизијана, Хумлабек (1993); Сала Парпало Палау Дел Скала, Валенсија (1994), Музеј Сан Телмо, Сан Себастијан (1994).

1986-1992

Напишано во Западот, во врска со објавувањето, Напишано во Западот, Минхен: Ширмер/Мозел (1987), патувачка изложба: Центарот Жорж Помпиду, Париз (1986); Енконтрос де Фотографија, Коимбра (1987); Палацо дела Триенале ди Милано (1988); Филмско Друштво на Мајами (1988); Гете институтот, Стокхолм (1988), Гете институтот, Копенхаген (1988); Сен Ирие-Ла-Перш (1990); Städtische Galerie Schwarzes Kloster, Фрајбург (Брајсгау) ( 1992).

Наследство и почести[уреди | уреди извор]

Вендерс веќе има добиено повеќе филмски награди, како:

Покрај тоа, во 2012 година, неговиот танцувачки филм „Пина“ бил номиниран на 84. доделување на наградите „Оскар“, во категоријата за најдобар документарен филм.

Најпосле, Вендерс е носител на почесен докторат на два универзитета: „Сорбона“ во Париз (1989) и Католичкиот универзитет во Лувен (2005).

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Германски наслов Кратка Содржина
1970 Лето Во Градот Прв игран филм (Посветен на Д’Кинкс)
1972 Стравот на голманот од пенал Die Angst des Tormanns beim Elfmeter Адаптација на романот од Петер Хандке
1973 Скерлетната буква Der Scharlachrote Buchstabe Адаптиран од романот на Натаниел Хоторн
1974 Алиса во градовите Alice in den Städten Прв дел од триологијата „Road Movie“
1975 Погрешен потег Falsche Bewegung Втор дел од триологијата „Road Movie“, со Настасија Кински
1976 Кралеви на патот Im Lauf der Zeit Трет дел од триологијата „Road Movie“
1977 Американскиот пријател Der Amerikanische Freund Адаптација на романот на Патриша ХајсмитРиплиевата игра
1980 Грмотевица над вода Документарен филм за последните денови на Николас Реј
1982 Хамет Измислена приказна за Дашиел Хамет, американски писател, врз основа на романот на Џо Горс
1982 Соба 666 Chambre 666 Кратки документарни интервјуа на режисерите: Стивен Спилберг, Жан-Лик Годар, и Рајнер Вернер Фасбиндер за иднината на филмот. Филмот е снимен во Кан.
1982 Обратен агол Краток филм за Вендерсовите спорови со Копола при снимањето на Хамет
1982 Како Стојат Работите Stand der Dinge
1984 Париз, Тексас
1985 Токио-Га Документарен филм за јапонскиот режисер Јасујиро Оѕу
1987 Небото над Берлин Der Himmel über Berlin Напишан со Петер Хандке. Еден ангел-чувар е во искушение да копнее по човековите искуства над бесмртноста на отпадникот.
1989 Тетратка за градови и облека Aufzeichnungen zu Kleidern und Städten Документарен филм за јапонскиот моден творец Јоши Јамамото..
1990 Red Hot + Blue Музички спот за „Ноќ и ден“, во изведба на U2
1991 До крајот на светот Bis ans Ende der Welt
1992 Ариша, мечката и камениот прстен Arisha, der Bär und der steinerne Ring
1993 Далеку, толку блиску! In weiter Ferne, so nah! Продолжение на Небото над Берлин
1994 Лисабонска приказна Продолжение на Како стојат работите]
1995 Над облаците Jenseits der Wolken (со Микеланџело Антониони)
1995 Браќата Складановски Die Gebrüder Skladanowsky
1997 Крај на насилството
1998 Вили Нелсон во Театаро
1999 Буена Виста Соушал Клаб Документарен филм за кубанските музичари, со Рaј Кудер
2000 Хотел од милион долари
2001 Souljacker Прв Дел Музичко видео за „Souljacker Прв Дел“ од Илс
2002 Ода за Келн: Рокенрол филм Viel passiert - Der BAP-Film Документарен филм за келнската група БАП
2002 Десет минути постара Сегмент „Дванаесет милји до Трона“
2003 Душата на човекот Документарен филм за блуз музичари
2004 Земја на изобилство
2005 Кога минатото ќе затропа
2008 Пукање во Палермо
2011 Пина Премиера на Берлинскиот филмски фестивал. (Надвор од конкуренција)

Одбранa библиографиja[уреди | уреди извор]

  • Вендерс, Вим (1984), Париз, Тексас, Нордлиген: Грено, ISBN 978-3-921568-11-8
  • Вендерс, Вим (1986), ), Емоционални слики: Одрази на филмот, 1968-1984, Франкфурт: Верлаг Дер Ауторен, ISBN 978-3-88661-078-5
  • Вендерс, Вим (1989), Емоционални слики: Одрази на филмот, Лондон: Фабер и Фабер, ISBN 978-0-571-15271-1
  • Шепард, Сем; Вендерс, Вим (1991), Париз, Тексас: Screnplay, Њујорк: Еко Прес, ISBN 978-0-88001-266-9
  • Вендерс, Вим; Хофман, Мајкл (1992), Логиката на сликите: есеи и разговори, Лондон: Фабер и Фабер, ISBN 978-0-571-16517-9
  • Вендерс, Вим; Хандке, Питер (1998), Небо над Берлин: Филмска книга на Вим Вендерс и Питер Хандке (германски), Berlin: Суркамп Верлаг, ISBN 978-3-518-02406-5
  • Вендерс, Вим; Вндерс, Доната (2000), Срцето е Заспана Убавица: Хотелот од Милион Долари - книга за филмот, Њујорк: teNeues, ISBN 978-3-8238-5468-5
  • Вендерс, Вим; Хофман, Мајкл (2000), Моето време со Антониони: Дневникот на едно невообичаено доживување, Лондон: Фабер и Фабер, ISBN 978-0-571-20076-4
  • Вендерс, Вим (2001), Напишано во Запад, Њујорк: teNeues, ISBN 978-3-8238-5469-2
  • Вендерс, Вим (2001), Еднаш: слики и приказни, Њујорк: Шример/Мосел, ISBN 978-1-891024-25-2
  • Вендерс, Вим; Хофман, Мајкл (2001), За време на филм: есеи и разговори, Лондон: Фабер и Фабер, ISBN 978-0-571-20718-3
  • Линдберг, Питер; Вендерс, Вим (2002), Питер Линдберг: приказни, Санта Фе: Арена Едишнс, ISBN 978-1-892041-64-7
  • {{Citation|first= Бертхолд |last= Штајнхилбер |first2= Вим |last2= Вендерс |title= Градови-Духови во американскиот запад |year= 2003 |location= Њујорк |publisher= Хари Н. Абрамс
  • Вендерс, Вим; Тавада, Јоко (2007), ) Каде што Европа започнува, Њујорк: Њу Дирекшнс Паблишерс, ISBN 978-0-8112-1702-6

Цитати[уреди | уреди извор]

  • "Сексот и насилството никогаш не беше во мој стил; јас секогаш бев повеќе по саксофонот, и виолините."
  • "Го сметам Одзу за мој најголем гениј на сите времиња."
  • "Сакам да правам лични филмови, а не приватни филмови."

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]