Вилијам Саројан

Од Википедија — слободната енциклопедија

Вилијам Саројан (англиски: William Saroyan; 31 август 1908 - 18 мај 1981) — американски писател од ерменско потекло.

Животопис[уреди | уреди извор]

Творештво[уреди | уреди извор]

Саројан е автор на повеќе кратки раскази, романи и драми. Негови најпознати дела се: „Се викам Арам“, „Пет зрели круши“, „Човечка комедија“ и други. Во своите дела, Саројан најчесто го опишува животот на ерменските и другите доселеници во САД, со особени симпатии кон обичните „млади луѓе“. За него светот е „полн добри престрашени деца“. Неговите раскази се исполнети со оптимизам и поетски однос кон животот и светот. Се одликува со интересен и оригинален начин на раскажување, постигајќи уметничко дејство со едноставни средства за изразување. Тој бил добитник на Пулицеровата награда.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Белешка за писателот“, во: Вилијам Саројан, Се викам Арам, Македонска книга, Скопје, 1970, стр. 147.