Вилијам Галас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вилијам Галас
Галас (лево) играјќи за Тотенхем во 2010
Лични податоци
Полно име Вилијам Ерик Галас[1]
Роден на 17 август 1977(1977-08-17)(46 г.)[2]
Роден во Ањер на Сена, Франција
Висина 1.83 м (6 ст 0 ин)[3]
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Тотенхем Хотспар
Број 13
Младинска кариера
1987–1992 АВГ
1992–1993 ФК Париз
1992–1994 INF Clairefontaine
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1995–1997 ФК Кан 34 (0)
1997–2001 ФК Олимпик Марсеј 85 (2)
2001–2006 ФК Челзи 147 (12)
2006–2010 ФК Арсенал 101 (12)
2010–2013 ФК Тотенхем Хотспар 61 (1)
2013–2014 ФК Перт Глори 15 (1)
Репрезентација
1997 Франција U20 3 (0)
1997–1998 Франција U21 11 (0)
2002–2011 Предлошка:Nft 94 (12)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 25 јули 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17:00, 19 јуни 2011 (UTC)

Вилијам Галас (роден на 17 август 1977 во Ањер на Сена) — пензиониран француски меѓународен фудбалер со гваделупско потекло кој настапуваал како одбранбен играч во француската, англиската Премиер Лига и австралиската лига.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Вилијам Галас има дипломирано на Француската Фудбалска Академија во Клерфонтен. Својата професионална кариера ја започнал во второлигашот СМ Кан, помагајќи им да освојат титула и промоција во 1996. По овој успех, за него интерес покажа Олимпик Марсеј. Галас доби трансфер во Марсеј во 1997. Таму помина четири сезони, играјќи заедно со Робер Пирес. Своето деби во Лигата на Шампиони го имаше со Марсеј. Во ова натпреварување имаше и настап противa Челзи во 2000.

Челзи[уреди | уреди извор]

Поранешниот менаџер на Челзи Клаудио Раниери го купи Галасод Марсеј во мај 2001 за 6,2 милиони фути. Галас го одбра бројот 13, бидејќи тој бил неговиот поштенски број во времето кога живеел во Марсеј. Марсеј се наоѓа во департманот Буш ду Рон каде што сите адреси започнуваат со 13. Под водството на Раниери, Галас разви цврсто одбранбено партнерство со Марсел Десаи а потоа и со Џон Тери; од неговото партнерство со Тери произлезе и серија од 16 натпревари без примен гол. Во Челзи по потреба играше и како десен бек. Додека беше во Челзи и под раководство на Раниери, Галас првпат беше повикан во националниот состав на Франција.

Тој беше член на составот кој освои две последователни титули во Премиер Лигата и еден Карлинг Куп под водството на наследникот на Раниери, Жозе Мурињо. Но поради сериозната повреда на левиот бек, Вејн Бриџ, сезоната 2004-05 Галас беше приморан да игра на неговото место. И покрај купувањето на Асиер дел Орно од Атлетик Билбао за 8 милиони фунти во 2005, Галас и понатаму играше на лево, ваквата ситуација беше многу фрустрирачка за него. Сепак, тој постигна неколку многу важни голови во одбраната на титулата во сезоната 2005-06, против Тотенхем, Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Галас по натпреварот со Тотенхем, за Челзи ТВ изјави дека неговиот гол, за победа од 25 метри во судиското продолжение, за него е „најубавиот“.[се бара извор]

Неговиот договор со Челзи истекуваше во мај 2007. Но тој одби да потпише нов договор со Челзи откако изјави дека клубот не му понудил доволно пари, и изјави дека имал желба да игра во Серија А; Јувентус и Милан имаа покажано интерес.[се бара извор] Но Челзи не се согласи со трансфер во мај 2006, со изговор дека го сметаат Галас за важен дел од тимот.

По Светското Првенство 2006, Галас одби да се појави за американската турнеја на клубот[4] поради замор од турнирот. При доделувањето на броевите тринаесетката беше доделена на новодојдениот Михаел Балак како казна за Галас, со што беше навестено дека неговата иднина на Стемфорд Бриџ е неизвесна. На Отворениот ден за навивачи на Челзи, Галас беше различно прифатен од неколку групи на навивачи, некои го поддржуваа, некои го исвиркуваа а некои воопшто не реагираа на него.

И покрај шпекулациите за трансфер во неколку европски клубови, преселба надвор од Англија беше неверојатна. Скандалот со местените натпревари во Серија А во 2006 го прекина интересот на Јувентус и Милан, и единствениот преостанат клуб кој покажа интерес беше Арсенал. Челзи дополнително ги засили одбранбените редевои со купувањето на холандскиот дефанзивец Калид Буларуж.

На 31 август 2006, Галас се префрли во Арсенал како замена за Ешли Кол кој отиде во Челзи[5] а Арсенал доби и доплата од 5 милиони Фунти. По трансферот, новинарите изјавуваа дека Жозе Мурињо бил бесен што му било дозволено на Галас да се пресели во сопернички клуб, и дека размената Кол-Галас била договорена од Питер Кењон, еден од директорите на Челзи. По трансферот, Челзи излегоа со изјава дека дефанзивецот се заканил дека намерно ќе постигнува авто голови доколку не му било дозволено да си замине.[6] Галас ги отфрли обвинувањата на Челзи и донесе заклучок дека клубот од западен Лондон нема класа и „се крие зад лажни обвинувања“.[7] Клаудио Раниери, поранешниот менаџер на Челзи кој го доведе Галас од Марсеј изјави: „Не верувам во овие приказни. Навистина е неверојатно. Јас го потпишав Галас, и тој секогаш бил голем професионалец на теренот. Се разбира, не знам што се случувало во последните две години.“ Оваа изјава на челзи најверојатно произлегла од изјавите на Галас во неделите пред неговиот трансфер, во кои тој го искажуваше своето незадоволство со раководството и со фактот што беше приморан да игра на за него неприродна позиција, во една изјава тој дури и се заколна дека никогаш повторно нема да игра за Челзи, без разлика на околностите. Меѓу навивачите на Челзи, ненадејното заминување на Галас го претвори од култен херој, во објект на омраза.

Арсенал[уреди | уреди извор]

Галас им аплаудира на навивачите.

Сезона 2006-07[уреди | уреди извор]

Галас потпиша четиригодишен договор со Арсенал, и му беше даден бројот 10, кој беше слободен по пензионирањето на Денис Беркамп. Во интервју за изданието на Официјалниот Магазин на Арсенал за октомври 2006, менаџерот Арсен Венгер ја објасни невообичаеното доделување на бројот 10 (традиционално број за напаѓачи):

Галас не се чувствуваше пријатно со бројот 3, а сите други броеви веќе беа доделени. Затоа одлучив да му го дадам бројот 10 на дефанзивец, бидејќи доколку го дадев на напаѓач, тој ќе беше под константен притисок поради споредби со Денис. На почетокот не сакав да го дадам бројот на Денис никому, особено не на дефанзивец, но мислам дека ова е најдоброто решение.

Дебито на Галас за Арсенал беше на позиција лев бек на натпреварот кој заврши 1:1 против Мидлзборо на 9 септември 2006 а првиот гол го постигна против Шефилд Јунајтед на 23 септември 2006.

Сезона 2007-08[уреди | уреди извор]

Галас беше назначен за капитен на Арсенал на 9 август 2007, а Коло Туре беше назначен за негов заменик. Ова беше неочекувано, бидејќи сите мислеа дека капитенската лента ќе му биде доделена на Џилберто Силва. Неговиот прв натпревар како капитен беше на 12 август 2007 против Фулам ФК кој заврши 2:1 за Арсенал.[8] Галас заработи повреда на препоните на натпреварот против Блекбурн на 19 август, но се врати за победата на Арсенал од 2:0 против Болтон Вандерерс на 20 октомври. Во традиционалното дерби меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед на Емирати на 3 ноември, постигна гол во судиското продолжение, за конечен резултат 2:2.

На 24 ноември 2007 Галас повторно постигна гол против Виган. По нафрлувањето на Бакари Сања Галас ја сврте топката меѓу рацете на голманот мжна Виган, Полит, со што го отвори резултатот.

На 16 декември 2007 Галас постигна го против својот стар клуб Челзи, што беше единствениот гол на натпреварот, и му донесе три бода на Арсенал. Галас подоцна за овој гол изјави: „Кога Цеск нафрли од корнер знамето, видов дека Петар Чех тргна кон топката, и искрено јас мислев дека ќе ја фати. Па затоа сум изненаден што не ја фати, а мојата реакција беше чист рефлекс. Едноставно бев таму во вистинското време.“[9][да се провери]

Галас беше критикуван поради неговото однесување по нерешениот резултат против Бирмингем Сити на 23 февруари 2008—натпревар на кој неговиот соиграч Едуардо да Силва заработи скршеница на подколеницата по ѕверскиот старт на Мартин Тејлор. Кога беше досуден пенал по непостоечкиот старт на Гаел Клиши во судиското продолжение, Галас отиде во половината на Бирмингем во знак на протест. Стоеше таму додека напаѓачот Џејмс Мекфејден го претвори пеналот во гол. Потоа беа потребни двајца стјуарди да го спречат, кога тргна кон соблекувалната пред крајот на натпреварот. По последната свирка, Галас седна на тревата и цели две минути додека другите го напуштаа теренот плачеше, пред да дојде менаџерот Арсене Венгер за да го утеши.

Галас постигна гол и на гостувањето кај Болтон, во натпревар кој заврши 2:3 за Арсенал на 29 март 2008, со што го започна пресвртот кој Арсенал со десет играчи го заврши.

Како одговор на шпекулациите дека на Галас ќе му биде одземена капитенската лента по неговото однесување по натпреварот со Бирмингем, Венгер изјави дека ќе размисли за тоа по крајот на сезоната.[10]

Сезона 2008-09[уреди | уреди извор]

Во август 2008, беше објавено дека Галас ќе остане капитен и во сезоната 2008-09.[11] Галас одлично ја започна сезоната во Лигата на Шампионите. Во шест натпревари има постигнато 3 голови, 2 против ФК Твенте и еден за израмнување против Динамо Киев. Во среда 29 октомври 2008, го постигна својот прв гол во новата сезона, против Тотенхем на Емирати, вториот на натпреварот за Арсенал.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Галас беше дел од Француската репрезентација која го освои Европското Првенство за играчи до 18 години. Исто така играше и на Светското Првенство за играчи до 20 години во 1997 заедно со Вили Сањол и Тјери Анри.

Галас сега е редовен член на Франција. Прв настап за сениорската репрезентација на Франција беше во победата од 5:0 против Словенија на квалификациите за Европското Првенство 2004 на 12 октомври 2002, а беше во составот кој отиде на првенството. Беше член и на составот кој го освои Купот на Конфедерации во 2003, како и на составот кој стигна до финалето на Светското Првенство 2006. По светското 2006, ја критикуваше португалската репрезентација за глумење, велејќи дека кога французите играле против нив во полуфиналето, морале да бидат внимателни поради нивната нефер игра[12].

Педесеттиот настап за Франција му беше во победата од 3:1 против Италија на 6 септември 2006 на Стад де Франс во квалификациски натпревар за Европското Првенство 2008.

Галас сè уште може да го претставува и Гваделуп, бидејќи тие не се поврзани со ФИФА. Неговиот братучед, Лудовик Квистин, веќе има настапено за Гваделуп.[13]

Почести[уреди | уреди извор]

Кан[уреди | уреди извор]

  • Француска втора лига: 1995-96

Челзи[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. „List of Players“ (PDF). FIFA. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-05-17. Посетено на 8 November 2010.
  2. Hugman, Barry J. (2005). The PFA Premier & Football League Players' Records 1946–2005. Queen Anne Press. стр. 226. ISBN 1852916656.
  3. „William Gallas“. William Gallas. 31 May 2010. Архивирано од изворникот на 2012-03-22. Посетено на 31 May 2010.
  4. „William Gallas statement“. Chelsea F.C. 2006-08-01. Посетено на 2006-09-05.
  5. „Cole moved after deadline“. The Daily Telegraph. 2006-09-02. Посетено на 2006-09-05.
  6. „Gallas 'issued own-goal threat'. BBC Sport. 2006-09-05. Посетено на 2006-09-05.
  7. „Gallas denies Chelsea claims“. Sky Sports. 2006-09-05. Архивирано од изворникот на 2007-03-26. Посетено на 2006-09-05.
  8. „Gallas named captain as Wenger looks to older heads“. Arsenal.com. 2007-08-09. Посетено на 2007-08-09.
  9. Arsenal matchday programme before Tottenham Hotspur game, December 2007
  10. „Wenger to consider Gallas captaincy“. BBC Sport. 2008-04-19. Посетено на 2008-04-19.
  11. „Wenger - Why [[William Galls]] will be captain“. 2008-08-08. Посетено на 2008-08-10. URL–wikilink conflict (help)
  12. „William Gallas warns France to watch out for Portugal“. 2006-07-05. Архивирано од изворникот на 2007-10-13. Посетено на 2006-09-07.
  13. International call-up for Seagull signing[мртва врска], This is Somerset 2008-09-11. Посетено на 2008-10-30

Надворешни врски[уреди | уреди извор]